Following a Path of Consistency, Belief and Resilience

Following a Path of Consistency, Belief and Resilience

Во интервјуто за Business Woman Today, на годишнината од основањето на Инспирит Коучинг, Ирена Јакимова вели:

 

 

  

 

“Дозволете им на вашите соништа да се појават пред вас. А, за да ги исполните, потребни се храброст и смелост, потребно е време, истрајност, верба и отпорност и издржливост за да се продолжи напред. Ќе има неуспеси и резултати кои не сме ги посакувале, но, можеме да научиме да не гледаме на нив како на лични загуби, туку како на вредни лекции.”
Целото и интервју со кратки, практични совети за градење на еден бизнис и еден бренд, можете да го прочитате ТУКА.

Irena Jakimova: Following a Path of Consistency, Belief and Resilience

You are always enough as you are

You are always enough as you are

With an MBA in General Managment, multi-lingual Irena is founder of INSPIRIT Coaching – a company that has already developed a track record of training hundreds to boost their confidence and self-worth. We don’t just remember our inner child, we also carry her in our hearts, bodies and minds. How is that manifested? Well, we may not be aware that many of the older beliefs and feelings we first developed at a younger age, actually still run our lives today. Even our businesses, too. I have worked a lot and continue to work on healing and embracing my inner child, as well as the ones of my clients, and believe me, the biggest leaps and transformations come from that place. Here are some words of love and reassurance for my younger self:
  • Developing, learning and growing is an endless process. However, you are always enough as you are.
  • You are allowed to make mistakes and discover new ways. You are allowed to make and spend money, you are allowed to serve the world with your work.
  • It is safe to be seen, heard and successful. Your success doesn’t take away from others. It can only contribute.
  • You don’t have to be perfect and don’t compare yourself. You are unique. We all are.
  • Finally, if you ever feel doubt and find yourself asking “Who am I to …?” – remember, you are the one. Your capabilities and desires didn’t come to you by chance.
Excerpt from the article

Inner Child: 8 Leading business women advise their younger selves

If you had the chance to go back in time, what would you tell your younger self?
By  London Business Magazine | March 1, 2022 Read the full article HERE.

Ги будиме заспаните делови во луѓето: Интервју со Ирена Јакимова, тренер за личен развој

Најчесто го саботираме оној дел од нас што нè заплашува, што го загрозува нашиот комфор, секојдневие. Го саботираме она што би нè направило поголеми и поуспешни. Честопати се саботираме за да не ги загрозиме другите, поради стравот од осуда, поради стравот за да не останеме сами, вели Јакимова

* Вие сте основач на „Инспирит Коучинг“ компанијата. Зошто се нарековте така и по што Вашите методи се разликуваат од другите коучинг практики?

– Инспирит (ang.to inspirit) е англиски глагол и значи – да се внесе живот, енергија, дух, храброст. Таков е и нашиот пристап: будиме заспани делови од луѓето, ги водиме кон нови резултати. Применуваме комбинација од врвните светски методологии и трендови во стимулирање на личниот и професионален развој.

* Многумина на „коучингот“ гледаат како на инстант алатка за решавање на проблемите на растргнатиот човек на денешницата. Што вели Вашето искуство?

– Многу луѓе сè уште не знаат што е коучинг. Тоа е методологија на иднината. Тоа е пристап за развој на човечкиот потенцијал, поразличен од класичен тренинг, од советување или менторство. Развиена е во последните децении од минатиот век и се базира на неколку психолошки пристапи.
Моите искуства со примена на коучинг методологијата покажуваат чудесни резултати. Како се манифестира тоа? Го гледам по изразот на лицето кај клиентите, по нивните невербални и вербални реакции – се озаруваат кога ќе почувствуваат, кога ќе дојдат до мисла, идеја, заклучок, чекор, на кои порано не се сетиле, не ги знаеле, не ги пробале, не си дозволиле. Потоа, дознавам за нивните резултати: успеваат да си ја олеснат работата, да си ја подобрат комуникацијата, добиваат нови клиенти, го зголемуваат својот приход, чувствуваат поголема смиреност, имаат појасна цел, визија, чувство за себе, наоѓаат повеќе време за себе, или, пак, започнуваат одамна сонувано хоби, започнуваат нова работа, фаќаат нова насока во професијата… некои си наоѓаат партнер или основаат семејство.

* Работите и со алатката „Поинтс оф ју“ (Points of You).  Станува збор за метода која ги мобилизира и логичката и интуитивната страна од нашиот ум. Кажете ни која е тајната на успехот на оваа алатка која го освои светот?

 – Станува збор за чудесни картички, книги и цел еден прибор кои говорат на јазикот на основните човечки потреби и беспрекорно функционираат низ целиот свет, од корпорации до училишта. Светските компании го применуваат бидејќи алатките се универзални, креативни и лесни, а длабоки и моќни. Тие со леснотија отвораат врати и фиоки во нашиот ум, ги будат и емотивните и аналитичките делови од нашиот мозок, го разигруваат срцето и детето во нас. Оваа техника ни позајмува слики и зборови, ако самите не можеме да ги пронајдеме. Алатката  ја користам веќе неколку години, со голем успех, разновидна примена и лична воодушевеност. Во ноември ја обучивме првата група сертифицирани корисници, и тие веќе пријавуваат успешна примена.

* Во морето коучинг методологии, како луѓето да го направат соодветниот избор за себе? Како да ги препознаат квалитетните тренери за личен развој?

– Покрај сето забрзување и превирања што се случуваат, покрај „борбата“ со технологијата  и навидум загубените вредности, расте потребата за враќање кон себе, за осознавање на себе. Расте потребата за алатки за управување со својот живот, расте свесноста дека за нашиот живот сме ние самите одговорни и дека има алатки, пристапи и професионалци кои тоа можат да нè водат и поддржуваат до местото каде што сакаме да стигнеме. Тоа место може да е локација, работна позиција, може да е некаква способност, може да се видливи резултати или невидливо патување во себе. Најчесто, „невидливите“ резултати, внатре во нас, даваат видливи резултати во светот што го гледаме. Вашиот коуч е вашиот тренер кој прв верува во вас, ве води, менува, вежба и навива за вас, за да победите прво на вашите внатрешни полиња, а потоа да ги видите, осетите резултатите во надворешниот свет. Предлагам коучот да се избира според квалификациите, искуството, некои препораки и, пред и над сè, според хемијата, компатибилноста меѓу вас.

* Што мислите, кои се најголемите препреки од кои луѓето се сопнуваат на патот во остварување  на својот полн потенцијал?

– Најголемите препреки во нашиот ум се зголемени со лупа. Тоа се недоволната самодоверба, самопочит, стравот од туѓото мислење, потребата да бидеме прифатени. Но, што ако сме прифатени како некој којшто не сме? Најважната придобивка во животот е да бидеме прифатени какви што сме. Или, уште подобро, какви што имаме потенцијал да бидеме! Неистрајноста и непосветеноста се, исто така, големи препреки. Нема успех преку ноќ, ниту, пак, без развој на личноста.

* Миатиов викенд организиравте  обука наречена „Кажи да!“, наменета исклучиво за жени со цел да научат да го препознаат и искористат својот полн потенцијал.  Кој дел од себе жените најчесто го саботираат? 

– Не знам точно кој дел, ама на овој семинар, ги обработуваме и надминуваме методите на саботирање за кои честопати, не сме свесни. Најчесто го саботираме оној дел од нас што нè застрашува, што го загрозува нашиот комфор, секојдневие, колотечина, го саботираме она што би нè направило поголеми и поуспешни. Честопати се саботираме за да не ги загрозиме другите, поради стравот од осуда, поради стравот за да не останеме сами.

* Кој беше вашиот најголем сон кога бевте малечка?

– Знам дека еден сон ми беше да бидам ова што сум. Тогаш, тоа беше најблиску до поимот – учителка. Сега не сум учителка, но сум едновремено и тренер, и советник, и ментор и подучувач.. Сега сум канал низ кој се спроведуваат сознанија, вештини и умеења за подобрување на животите на луѓето, во која и да е област.

* Дали го остваривте својот сон?

– Сум остварила огромен број мои соништа. Речиси сѐ што ќе замислам, јас го остварувам. За нешто треба повеќе работа и време, а некои работи излегуваат поинакви отколку што сум ги замислила. Сите ние сме дојдени на овој свет за да направиме некоја разлика, да придонесеме. Светлината што ја носиме во себе може да е мала или голема. Ако си дозволам себе си да зрачам, така им давам дозвола и на другите да зрачат и да го живеат животот во неговиот полн потенцијал.

* Има ли некоја случка која може да ни ја раскажете која ви го променила животот?

– Можам да сумирам во неколку мини-случки што се одвивале во мојот мозок, кога сум си поставила предизвик да размислам на поинаков начин, да донесам одлука на поинаков начин, да постапам на поинаков начин. Тогаш сум си ја менувала насоката во животот.

* Од кои негативни искуства во животот најмногу научивте?

– Од смртта, од разводи, од неуспеси.

* На што Ве научи бракот и мајчинството?

– Дека тоа се области коишто треба да се учат. Не доаѓа знаењето и умеењето само по себе.

* Имате богато искуства и на работа со колективи. Кои се болките од мои страдаат колективите или тимската работа при постигнувањето на посакуваните резултати?

– Од мое искуство, тоа се непознавањето едни со други, немањето тренинг и вештини за разбирање на другите, за добра комуникација, за одење во иста насока на различен начин. Често целта не е јасно споделена, исто така и мисијата, зошто нешто правиме. Повеќе внимание се обрнува не техничка едукација (знаење на професијата, описот на работното место) отколку на човечките вештини и способности.
Кај нас постои цела една култура на борба, натпревар, а не соработка. За успех потребно е да се има и од двете. Обично се тргнува од позиција на стравот – дека некој ќе ми го земе местото, моето, дека нема за сите.., а не од позиција на љубов и креација. Кога нема да се потхранува култура и менталитетот на просечноста, лицемерието, понизноста, тогаш ќе има поле за подобри меѓучовечки односи.

* Што би им порачале на нашите читателки?

– Да веруваат во себе, ама да не си веруваат на сѐ што мислат за себе.


Извор: zenskimagazin.mk

Интервју за Женски магазин: Кога се развива сопственикот напредува и бизнисот

„Како го мериме нашиот успех?“ „Што е за секој од нас успешен бизнис?“ Ако е успешен бизнис да работите позитивно, да не зависите од политичка партија, да не должите и да не ви должат, постојано да вложувате и да имате нова понуда, нови соработници или вработени, а цело време да давате вредност на клиентите, да ја видите и осетите во реалност причината за која што постои вашиот бизнис, да давате некому нешто на пазарот што го прави нивниот бизнис или живот подобар – да, мојот бизнис е успешен. И тоа е радост за мене.“

Целото интервју може да го прочитате на овој линк:

https://zenskimagazin.mk/%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B2%D1%98%D1%83-%D1%98%D0%B0%D0%BA%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BF/%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D1%83%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%82%D0%B8-%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%81-%D0%BC%D0%BD%D0%BE%D0%B3%D1%83-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%B2%D0%BC%D0%B5

Интервју Јакимова: Кога се развива сопственикот напредува и бизнисот

Ирена Јакимова е основач и сопственик на компанијата Inspirit Coaching која се занимава со советодавни услуги за поединци кои сакаат да го подобрат својот професионален и деловен капацитет, односно да знаат кон што да се насочат преку конкретна обука, програма или развој на вештина за масксимално искористување на потенцијалите. Во период кога на бизнисот му е потребен „буст“, кога на претприемачите им е потребно охрабрување, решивме да разговараме со Јакимова одInspirit Coaching токму поради нејзината инспиративна приказна, за насочување кон успехот, како и за се поактуелната тема за учество на жените во бизнисот на еднакви и раководни места со мажите со свој придонес и во економијата. 

Советодавните услуги и специфичното водење (coaching) се доста развиени во земјите каде се негува бизнис културата. Кажете ни како беше во Македонија да се започне ваков вид бизнис со Вашата компанија Inspirit Coaching и врз што ги базиравте обуките и понудата на услуги (коучинг, тренинг, едукација)? 

ЈакимоваВо оваа дејност сум веќе 7 години, a компанијата ја отворив пред 2 години. Но, и кога ќе се свртам наназад во својата кариера, кога раководев со компании или проекти, јас и тогаш многу работев на развој на луѓе.  Големо задоволство ми е да сум сведок на напредокот кај луѓето, на остварување на нивните желби, соништа, планови и цели. Понекогаш и не се свесни за своите цели и големи можности. Кога го започнав бизнисот со компанијата Инспирит Коучинг, веќе имав некои клиенти, партнери, но, најмногу ме охрабри и израдува тоа дека на обуките започнаа да доаѓаат или да не’ бараат за обуки и коучинг – лица и компании кои не сум ги познавала до тогаш. Понудата, обуките се базирани на она што мене ми се покажа како најголема потреба за развој на вештини кај луѓето,а користевме различни, најсовремени методологии, на еднакво рамниште со светот. Рецептот се покажа успешен. Поминаа десетици групи, отворени или компаниски, стотици лица низ обуки…Десетици лица на менаџерски коучинг за раст на бизнисот… 

Квалитетен совет даден во вистинско време може да вреди многу повеќе од која било парична помош. Со оглед дека токму Вие се занимавате со таков вид на бизнис во Inspirit Coaching, со советување на други претприемачи, кажете ни кој е најдобриот совет кој досега сте го добиле? 

ЈакимоваРаботиме и со менаџери на големи компании, нивни тимови, други професии, професионалци и од други области, не само со претприемачи, и не само со луѓе од бизнисот. Намерата е да даваме помалку совети, а повеќе со коучингот да ги водиме клиентите да откријат што сакаат, што можат, што ги спречува во нивното размислување и начин на дејствување, кои нови вештини им се потребни, па некои од нив потоа и ги учиме низ обуки… „Еден од најдобрите совети ги добив од Тара Мор , авторка што ја следев и за која имав среќа проектот на ИМЕ програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact да организира тренинг со гостинка-експерт од Загреб. Таа вели дека критиката (или feedback) што ги добиваме треба да ги примиме како нешто што кажува повеќе за оној којшто ја дава отколку за нас, дека треба да се „откачиме“ од зависноста од пофалби и критики, туку да го правиме (или работиме) она во што веруваме и за коешто знаеме дека носи добро за нас и за другите…. Големо задоволство ми прави тоа што организираме натамошни тренинзи за други жени да ги добијат овие алатки и сменет пристап и да остварат уште повеќе успеси, придонес во општеството, лична реализација…  

Колку е значајно да ги Водите вашите клиенти чекор по чекор до посакуваната цел, дали има трпение како кај Вас така и кај нив за да се постигнат посакуваните резултати? 

ЈакимоваНекогаш им оди побрзо, некогаш треба време. Најважно е тие самите да го применуваат она што го научиле, осознале, осетиле и смениле кај себе, она што самите решиле дека им е потребно и важно, она што сме се договориле. Без примена, дејствување, лична посветеност, не може голема магија преку ноќ. Кај мене има многу трпение, бидејќи тоа ми е и работа и задоволство. Понекогаш се смејам и велам дека работам како градинар. Негувам и гледам луѓе како растат, им се воодушевувам… Ако треба, понекогаш сум остра и во нашите разговори ги провоцирам за да предизвикам промена. На крајот, неизмерна ми е радоста од нивниот успех. Било да е личен или компаниски. Често пати, кај претприемачите и сопственици на мал бизнис, овие две одат заедно – кога се менува и се развива сопственикот/сопственичката, тогаш и целиот бизнис се менува, оди напред. 

Што мислите за учеството на жените во македонскиот бизнис, особено во време кога се’ посилно се разговара за суштински промени, еднаков третман и еднакви можности за сите? И, што би им порачале на жените во Македонија кои сакаат да започнат сопствен бизнис и да водат компанија, потребно ли е дополнително охрабрување?

 ЈакимоваГолем дел од моите клиенти се жени кои основале своја компанија или кои се мислат, се подготвуваат да отворат своја компанија. Јас ним им се восхитувам, особено ако се помлади од мене, бидејќи јас на нивна возраст не сум сметала дека тоа е изводливо или пожелно. Работев со многу претприема(ч)ки изминативе години, па дури пред две години почувствував дека имам услови да отворам и своја компанија. Можеби сум грешела. Желбата и планот ги имав многу одамна, но ме спречуваа големите обврски околу помалото дете кое имаше потешкотии со говорот и бараше повеќе енергија и внимание. Но, моето верување дека не сум доволно подготвена, дека не можам да се посветам и на своја компанија – беше главната пречка. Не толку реалните околности. Моето погрешно верување дека треба ова и она, и уште ова и уште она, па да можам, да си дозволам да отворам своја компанија,да започнам свој бизнис во оваа област. Денес, работам на вакви програми за жени, а и мажи, но, кај нас жените ова е позачестено верување и треба повеќе на тоа да поработиме. Да ги разбиеме нашите верувања дека не сме доволно подготвени. Жените му се потребни на бизнисот, на економијата. И бизнисот и економијата служат за размена, за креација, за решавање на секојдневните проблеми и потреби на луѓето. Жените имаат голема креативна сила и потенцијал што не е искористен во општеството. И секое општество, па и нашето, ќе има многу корист и прогрес од учеството на жените во бизнисот. Да, потребно е дополнително охрабрување. Најпрво, во вид на поддршка, вербална поддршка и верба од семејството, од најблиските. Да имаат разбирање. Потоа е потребна и физичка помош околу грижата за домаќинството и за децата. Од друга страна, и статистиките велат дека голем број жени се решиле на свој бизнис поради поголемите можности и слободи што ги дава ова решение. Полесно можете да ја балансирате својата енергија и работно време , ако сте сами свој организатор.  Денешното време нуди и се’ повеќе ќе бара флексибилност во работењето – да можете да работите кога сакате и од каде сакате. Или, барем, кога можете. 

Што според вас треба да се подобри во македонската бизнис клима, имате ли предлози како да се подобри претприемништвото, како од почетните чекори во образованието па се до конкретни државни политики? 

ЈакимоваМи се чини дека е потребно да се работи на едукација уште од помала возраст, а потоа, во годините на работење, да сме постојано посветени и на свое усовршување, учење, развој.  Промените се насекаде околу нас, бесцелно е да се опираме и само во нас да не ги правиме. И државата може да помогне на развојот на деловната клима, сигурноста на судскиот систем, даночните политики, мерки за олеснување на микро, мали и средни претпријатија. Јас со многу  такви фирми често се сретнувам во изминативе години и најголем дел од нив бараат исто – да се „оправи“ државата, судскиот систем, корупцијата, сивата економија, деловната етика. 

Во време полно со стресови и општествени предизвици, како е да се води еден успешен бизнис и како се справувате со сите задачи, како на деловен така и на приватен план? И што од тоа може како искуство да им го пренесете на претприемачите или пак деловните луѓе во трката за поголем успех?

ЈакимоваВашево прашање ме замисли…Ете, тоа е моќта на зборовите… Кога прочитав за мојот бизнис дека е успешен бизнис, си помислив колку е тоа вистина… И тука го наоѓам и одговорот: мојот бизнис е млад бизнис, не е некоја огромна операција, но, поважно прашање што ми се наметна е „Како го мериме нашиот успех?“ „Што е за секој од нас успешен бизнис?“ Ако е успешен бизнис да работите позитивно, да не зависите од политичка партија, да не должите и да не ви должат, постојано да вложувате и да имате нова понуда, нови соработници или вработени, а цело време да давате вредност на клиентите, да ја видите и осетите во реалност причината за која што постои вашиот бизнис, да давате некому нешто на пазарот што го прави нивниот бизнис или живот подобар – да, мојот бизнис е успешен. И тоа е радост за мене. Не е лесно, жонглирам, ама, тоа е мојот избор. Имам избор да не работам, да работам нешто друго, да се жалам и плачам, или – да се справувам  и да наоѓам задоволство во тоа. Нашиот живот го управуваат нашите избори. Секогаш сум се водела од тоа дека избирам да наоѓам решенија и да не се жалам. Не е лесно кога е сето ова е комбинирано и со грижа за децата, времето и енергијата се распоредуваат… Ајде да се вратам на почетокот на мојов одговор и тоа би можело да биде и пораката– Како го мериме успехот? Што е за секој од нас успех? Дали се споредуваме со себе пред одредено време или со другите? Кон што стремиме? Што не’ прави среќни? Како нашиот бизнис, нашите услуги и производи придонесуваат за подобар свет? Што сме надминале, пребродиле, создале, оплодиле…повеќе од лани, од пред две, три, пет години? Можеби од овие одговори треба да тргнеме сите за да мериме, но и да се мотивираме. Целиот текст прочитајте го на Фактор.

 

 

 

Извор: zenskimagazin.mk