За Ирена

Дозволете да ви помогнам да добиете знаења и поддршка што ќе Ве одведат до нови резултати во Вашиот живот, во бизнисот или професијата.

Ви треба поддршка, ви требаат нови знаења и вештини?


Ви треба некој што знае како и што ќе ве поддржува и верува во вас дури и кога вие не верувате во себе, зашто не го гледате пред себе и во себе ОНА ШТО ГО САКАТЕ!

Јас можам да ви помогнам да добиете знаења и поддршка што ќе Ве одведат до нови резултати во Вашиот бизнис, во Вашата професија или во некој дел од привaтниот живот.

Mожете и да научите како да започнете свој бизнис, како својата пасија или хоби да ги претворите во професија, можете да научите како да ги применувате алатките на методата Points of You и да се сертифицирате како да учите други луѓе да ги применуваат.

Инспирит Коучинг


Ја основав Инспирит Коучинг за да имам место каде што ќе ги спојувам најдобрите водечки светски знаења и техники за личен и професионален развој, а сето тоа и како место за собирање на најдобриот тим соработници, партнери и колеги.