Добредојдовте,
јас сум Ирена Јакимова


Ве пречекувам со радост и љубопитност, се прашувам како можеме да помогнеме за да одите напред, на следното ниво и да го остварите својот највисок потенцијал.

ЗА ИНСПИРИТ КОУЧИНГ

 

Инспирит Коучинг е компанија која има мисија да биде помошник на поединците и бизнисите да стигнат побрзо до своето наредно ниво, до својата наредна верзија на патот до развојот на целосниот потенцијал. Преку неколку видови помош (коучинг, тренинг, консалтинг) им помагаме на клиентите да си ги најдат потребните насоки – што да пронајдат во себе, што да научат, кои вештини да ги усовршат, како да станат поуспешни и позадоволни.

Без разлика дали сакате:
– подобра комуникација (во односите со тимот, во продажбата, во приватниот живот, во пишувањето)
– зголемена самодоверба, јасен настап (говор и присуство), храброст да бидете видени и да имате влијание
– градење на својот личен идентитет и уникатен бренд
– учење на нови вештини, надминување на внатрешни бариери
– градење лидерски вештини
– зголемена продажба, развој на компанијата, на сопствениот бизнис или, пак, започнување свој бизнис …

…на тој пат ви треба помош!

Ви треба поддршка, ви требаат нови знаења и вештини, ви треба некој што знае како и што ќе ве поддржува и верува во вас дури и кога вие не верувате во себе, зашто не го гледате пред себе и во себе ОНА ШТО ГО САКАТЕ!

Пишете ни за да дознаете што можеме ЗАЕДНО да постигнеме. Подолу можете да прочитате и некои методи КАКО тоа го правиме и кај нас, на начини како што функционира современиот свет. Најголем дел од нашата работа е веќе пренесен онлајн. Дури работиме и обуки за како и вие да држите онлајн обуки и презентации.

Кликнете тука и видете ги импресиите на учесниците на дел од нашите обуки:

МЕТОДОЛОГИИ

 

Во пристапот на работа, тргнуваме од целите што ВИЕ сакате да ги постигнете, од проблемот што ве мачи или од желбата каде сакате да бидете. На тој пат користиме примена на врвни светски методологии и алатки на едукација, личен коучинг и водечки менаџмент практики. Меѓу нив се следниве:

Points of you 

 

NLP

НЕУРО-ЛИНГВИСТИЧКО ПРОГРАМИРАЊЕ

Personal Strenghts

ЛИДЕРСКИ КОУЧИНГ

Feminine power