Интервју за Женски магазин – Ги будиме заспаните делови во луѓето

Интервју за Женски магазин – Ги будиме заспаните делови во луѓето

Најчесто го саботираме оној дел од нас што нè заплашува, што го загрозува нашиот комфор, секојдневие. Го саботираме она што би нè направило поголеми и поуспешни. Честопати се саботираме за да не ги загрозиме другите, поради стравот од осуда, поради стравот за да не останеме сами, вели Јакимова

Целосното интервју можете да го прочитате тука:

https://zenskimagazin.mk/budime-zaspani-delovi-od-lugjeto-gi-vodime-kon-novi-rezultati-intervju-so-irena-jakimova-trener-za-lichen-razvoj

Интервју за Brainster: „Работата со луѓе, да го достигнат својот максимален потенцијал – е она што ме мотивира и ми ја полни душата.“

Интервју за Brainster: „Работата со луѓе, да го достигнат својот максимален потенцијал – е она што ме мотивира и ми ја полни душата.“

М-р Ирена Јакимова се приклучи на тимот од професионалци кои ги креира Brainster+ курсевите како инструктор на два особено важни курсa: Емоционална интелигенција или како да управуваме со своите емоции и Интерперсонални вештини или вештини за односи со луѓето.

Прочитајте повеќе во интервјуто на следниот линк:

WALK YOUR TALK, TALK YOUR WALK.

It is good without awards and good with one, as well…

Честитки до Marili Agencija и Лидија Трипуновска за промоцијата на успешни жени во бизнисот, веќе 28 години!

На жените им е потребна видливост и примери. Голема благодарност за честа, годинава и јас да бидам во ова друштво на наградени жени.

Честитки до сите добитнички! Секоја остава печат на свој начин, а сигурна сум дека ги има уште многу за награда.

Убаво е и без награди, кога задоволството доаѓа однатре и од резултатите на клиентите. Убаво е и со награда, зашто таа дава уште повеќе светлина на она што го работиме и допринесуваме со нашата работа, со многу стручност, посветеност и пасија. Дава некоја дополнителна радост…

Се трудам мојот живот и мојата работа да бидат пример за резилиентност, за личен развој, за одење напред покрај многу тешкотии, а, сепак со насмевка, со креација и со леснотија.

Го живеам она што го подучувам, раскажувам за она што го работам.

Така можам да покажам што се’ е можно и да инспирирам и други…

Интервју – Женско претприемништво

Благодарност до Сојузот на стопански комори и Националната платформа за женско претприемништво за поканата да го снимиме ова интервју за проект што го промовира женското претприемништво.

Видеото го снимивме на крајот на 2023, но, доаѓа во вистинскиот момент, во месецот кога со Inspirit Coaching славиме 8 години постоење и создавање.