ТИ СИ ТАА – двомесечна програма за зајакнување и лична реализација на жените
Дали сакате да се приклучите на едно патување за да стигнете до поголема самодоверба, да се запознаете и зајакнете себеси, да креирате јасна визија каде сакате да одите до крајот на годината?
Дали сакате да допрете до себе, до својот потенцијал, до своите вистински способности, лидерски капацитети и соништа?
Почнуваме со програмата на 10 март 2021 година (среда) од 18.30 часот, преку Zoom!
За кого е корисна оваа програма?
За жени од сите возрасти и професии, сопственички на бизнис, менаџерки, уметници, занаетчии, едукатори, вработени во компании, студентки, самовработени, невработени, учеснички во јавниот живот…
Со оваа обука (програма), ќе добиете:
– работа на себе, нови сознанија и техники за внатрешни промени што водат до нови резултати;
– поддршка од тренер (ментор), со примена на интересни, креативни и проверени водечки светски методологии за личен развој, особено наменети за жени;
– професионално и животно искуство од менторката и некои гости;
– поддршка од група други жени што сакаат да одат напред во развојот и примената на својот потенцијал.
Како:
Онлајн средби според светска програма, изведени преку кратко предавање, вежби, водење лична работна тетратка,
Присуство во ексклузивна FB група за размена на искуства, знаења, дополнителна мотивација.
Кога:
18:30-20:30 часот, секоја СРЕДА од 10.03.2021-28.04.2021.
Имате можност да застанете, да се погледнете себеси, своите желби, планови, досегашни чувства, своите дејствија и… да го почувствувате својот потенцијал, својата женска креативна енергија.
.
Што е она што можете, што сакате, што ве довикува, а вие сте го замолчувале до сега? Што е она што можете?
Ова е програма за жените да разберат зошто и како се сокриваат себеси.
Ако некогаш сте помислиле: „Која сум јас да….?“
Одговорот е: ТИ СИ ТАА.
Ти си таа што можеш да направиш повеќе, да бидеш повеќе, да оствариш барем 1 нов чекор кон твоите соништа. Ти си таа што може да си ја стави себеси најголемата забрана и да си ја даде најголемата дозвола за напредок. Ако ова ти значи, те чекаме во наредната група!
Датуми:
10 март 2021
17 март 2021
24 март 2021
31 март 2021
07 април 2021
14 април 2021
21 април 2021
28 април 2021
Рок за пријавување и уплата:
8 март 2021
Секоја учесничка добива на подарок и производи за нега на пат од врвниот француски бренд URIAGE!
Цена на програмата: 5,900 ден.
Или: 3 рати по 2,000 денари.
Во цената е вклучен ДДВ (18%) – нашиот придонес кон државата и домашната економија.
Специјалната цена за рана уплата до 25 февруари е 4,900 денари!
За пријавување и повеќе информации
(кои се темите, придобивките, начин на работа) пишете на: sabina@inspirit.mk, 078/ 261 298.