Ирена Јакимова магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво.
Во текот на нејзиното работно искуство од преку 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Била директор на McCann-Erickson, организатор на London School of Public Relations, одговорна во сектор за комуникации на ООН во кабинетот на Постојаниот претставник и др.
Еден од основачите на Македонската Асоцијација на Маркетинг Агенции, еден од директорите во бордот на директори при AmCham и др. Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Стотици компании и илјадници поединци поминале низ обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг, а сето е со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.
Квалификации:
– лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука и според ЕУ директивите;
– сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner,
– сертифициранa за Points-of-You методологија,
– сертифициранa за примена на SDI (Personal Strengths) методологија,
– сертфицирана за примена на PlayingBig методологија за женско лидерство,
– сертифициранa за Team Coaching & Deep Coaching (Marylin Atkinson, Erickson International),
– сертифициран Executive Leadership Coach
– John Mattone Online University
– сертифициран мастер тренер за услуга и комуникација во угостителство (Swiss Hotel Management Academy Lucern),
– EBRD Change Management Consultant
.