Дали сакате да се приклучите на едно патување за да стигнете до поголема самодоверба, да се запознаете и зајакнете себеси, да креирате јасна визија каде сакате да одите до крајот на годината?
Дали сакате да допрете до себе, до својот потенцијал, до своите вистински способности, лидерски капацитети и соништа?
Почнуваме со програмата на 10 март 2021 година (среда) од 18.30 часот, преку Zoom!
За кого е корисна оваа програма?
За жени од сите возрасти и професии, сопственички на бизнис, менаџерки, уметници, занаетчии, едукатори, вработени во компании, студентки, самовработени, невработени, учеснички во јавниот живот…
Со оваа обука (програма), ќе добиете:
– работа на себе, нови сознанија и техники за внатрешни промени што водат до нови резултати;
– поддршка од тренер (ментор), со примена на интересни, креативни и проверени водечки светски методологии за личен развој, особено наменети за жени; – професионално и животно искуство од менторката и некои гости; – поддршка од група други жени што сакаат да одат напред во развојот и примената на својот потенцијал.
Како: Онлајн средби според светска програма, изведени преку кратко предавање, вежби, водење лична работна тетратка, Присуство во ексклузивна FB група за размена на искуства, знаења, дополнителна мотивација.
Кога: 18:30-20:30 часот, секоја СРЕДА од 10.03.2021-28.04.2021.
Имате можност да застанете, да се погледнете себеси, своите желби, планови, досегашни чувства, своите дејствија и… да го почувствувате својот потенцијал, својата женска креативна енергија. . Што е она што можете, што сакате, што ве довикува, а вие сте го замолчувале до сега? Што е она што можете?
Ова е програма за жените да разберат зошто и како се сокриваат себеси.
Ако некогаш сте помислиле: „Која сум јас да….?“
Одговорот е: ТИ СИ ТАА.
Ти си таа што можеш да направиш повеќе, да бидеш повеќе, да оствариш барем 1 нов чекор кон твоите соништа. Ти си таа што може да си ја стави себеси најголемата забрана и да си ја даде најголемата дозвола за напредок. Ако ова ти значи, те чекаме во наредната група!
Датуми:
10 март 2021 17 март 2021 24 март 2021 31 март 2021 07 април 2021 14 април 2021 21 април 2021 28 април 2021
Рок за пријавување и уплата: 8 март 2021
Секоја учесничка добива на подарок и производи за нега на пат од врвниот француски бренд URIAGE!
Цена на програмата: 5,900 ден. Или: 3 рати по 2,000 денари.
Во цената е вклучен ДДВ (18%) – нашиот придонес кон државата и домашната економија.
Специјалната цена за рана уплата до 25 февруари е 4,900 денари!
За пријавување и повеќе информации (кои се темите, придобивките, начин на работа) пишете на: sabina@inspirit.mk, 078/ 261 298.
Are you a coach, trainer, human resource professional, talent developer, therapist, counselor, teacher, facilitator, consultant, leader, or just a human being with a curious mind who wants to have tools and processes for self-coaching?
Welcome to the world of Points of You®. Fabulously creative, innovative and applicable tolls & processes!
In this exciting workshop you will get a taste of the dynamic and versatile Points of You® methodology, processes and tools, experience unique forms of self-discovery, communication and storytelling, while adding new skills to your professional tool kit.
POINTS OF YOU® METHOD We use innovative, fun and engaging methods and tools to facilitate meaningful dialogue, reduce conflict, create self-awareness and build bridges between people. The photography creates a quick interaction between the right brain (the intuitive and emotional part of the brain), and the left brain (the part that focuses on logic and critical analysis). This intriguing process occurs when we look at a photograph and a word at the same time. You will have the opportunity to discover and learn how to use our innovative photographs and tools to gain new perspectives on some of your most complex challenges in life and leadership. The Trainer (Expert) will show you how to use these tools into your life and profession to better serve you and those around you.
CERTIFICATION BENEFITS L.1 continued education credits in the form of 6 CCEUs from International Coach Federation (ICF) or 6 PDCs from the Society for Human Resource Management (SHRM). Certificate of attendance, and certification title, Points of You® Explorer
WHAT WILL YOU LEARN?
Points of You® concept The world of Points of You® and the way it works. Points of You® cards Learn how to use an innovative technique of photo observation to gain new points of view for yourself and others. “Zooming In” with The Coaching Game Go on a speed date with your thoughts and insights. Experience a fun and easy-going process that is surprisingly deep and meaningful. “MyStory” with Punctum Re-frame an empowering life story with the brilliance of Punctum. Layout Charts Map your thoughts and feelings with a customizable, tailor-made, one-on-one coaching tool for self-exploration.
LEVEL 1 TRAINING INCLUDES 3 days of online training – 2.5 hours each day
Points of You® Tools The Coaching Game (Retail Value $198) Punctum (Retail Value $92)
L.1 Concept Pack Workshop Booklet Notebook L.1 Exclusive set of cards Canvas Bag
PRICE OF THE TRAINING (WORKSHOP, TOOLS, CONCEPT PACK)
Total price is 490 EUR.
Enrollment and Payment deadline is 20 September 2020. We ship the tools via courier before the training,
Early bird discount 10% until 13 September 2020.
For more details and enrollment, please contact us: contact@inspirit.mk or Messenger.
This is the right time to treat yourself to some magic!
На покана на Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), Ирена Јакимова одржа работилница на првото онлајн HR and Networking Caffe оваа есен.
За прв пат, адаптирајќи се на новите услови, МАЧР целосно онлајн го спроведе своето HR Caffe & Networking за сите членови, HR професионалци и HR ентузијасти.
Темата на настанот: „RESILIENCE (отпорност) во времиња на неизвесност“, беше разработена со примена на револуционерната Points of You® методологија, која ги подобрува креативноста и продуктивноста кај поединците и тимовите.
Методологијата Points of You® ги отвора за дискусија и најинтровертните и аналитичките индивидуи и се користи во различни облици на развојна работа со возрасни, млади и деца, преку индивидуална и/или групна работа.
Ирена Јакимова е сертифициран тренер за обучување на Points of You® методологија и коуч.
Во Македонија, повеќе од 60 луѓе веќе ги имаат земено алатките и ја поминале во Инспирит Коучинг иницијалната едукација. Дванаесет (12) од нив веќе се обучени за напредни вештини и обучување други луѓе. Наскоро ќе објавиме нови термини за обуки со Points of You.
Деновиве, кај нас се актуелни Парламентарните избори. Влијаат на нашето секојдневие, но, и на нашата иднина.
Овде нема да зборуваме за тие аспекти. Овде сакам да ви обрнам внимание на поимот избор во нашиот секојдневен живот. Еве го, го чувствувам под прстите – изборот. Го бирам секој нареден збор, односно која буква ќе ја притиснам на тастатурава… И колку време ќе пишувам, и дали ќе станам да пијам вода, и дали ќе ми одлета вниманието, и во која насока ќе го одведам текстот и, со него, мојата порака до вас.
Ова се случува во секој миг од нашиот живот. Еве, и вие во овој миг правите избор. Сте избрале да го отворите овој текст, да ми доверите неколку минути од вашиот живот, наместо да правите нешто друго. Потоа, пак бирате: Да читам ли до крај? Или да свртам на Фејсбук да видам што има? Или да отворам мејл? Или да си фатам работа? Или да одам по вода? Да гледам низ прозорец?
Целиот наш живот се состои од милиони, милиони мигови кога сме избирале меѓу една, две, три… всушност – избираме меѓу бесконечен број опции и верзии на секвенци од нашиот живот (квантната физика вели, сите постојат одеднаш, наше е која ќе ја избереме).
Мојата намера е осветлување на моќната алатка што ја имаме во свои раце (би рекла уште попрецизно, во мозокот), а тоа е ИЗБОРОТ. И уште попрецизно – нашето усовршување на свесноста и вештината на избирање. Дали сме свесни, кога ги правиме нашите избори, како ги правиме, колкаво е нивното влијание на нашиот натамошен живот?
Свртете се сега малку кон себе и вашиот досегашен живот. Кои биле вашите големи избори? Од кои избори сте задоволни, а кои сметате дека можеле да бидат поинакви? Дали сте можеле да изберете поинаку. Можеби и не, бидејќи тогаш сте го направиле она што сте сметале дека е најдобро. Сега сте друга личност и можете да имате други гледишта и верувања, па, можеби сега би направиле друг избор. Но, сега околностите се сменети.
Понатаму, присетете се на секојдневните мали избори што ги правите: (кога и како да станам, како да се чувствувам кога ќе станам, како да реагирам на случувањата околу мене, што да облечам (особено тешко за нас жените, бидејќи најчесто немаме што да облечеме), кога и што да јадам, кога и што да читам на социјалните мрежи, со кого да работам, разговарам, живеам… бесконечно голем број избори. Што би добиле ако си зададете предизвик да почнете се набљудувате и да откриете како избирате. Што си кажувате, што гледате, што чувствувате кога избирате. Дали тргнувате од минатото или од иднината? Дали тргнувате од стравот или од вербата? Дали ве води улежаност или иновација, желба за ново и подобро, колку и да е тоа нешто мало? Дали долго време бирате или кратко, брзо? Дали, кога биарте, ја имате големата слика, вашата визија на животот пред вас? Дали верувате дека секогаш имате избор? И за ова прашање имате избор, можете да верувате и можете да не верувате. Тоа ќе влијае на вашиот живот и моќта да го управувате, да го бирате, а не само да ве носи реката.
Како што реков, постојано бираме. Можеме да сме свесни и вешти во тоа, а можеме и да не сме. Целиот наш живот се состои (е управуван) од одлуки и избори.
И кога не бирам, јас бирам. Бирам да не бирам. Можеби, друг да избере за мене? Или да го изберам чувството на немоќ, неодговорност, леснотијата и комоцијата на – жртва?
Оние што сакаат да одвојат време за оваа тема можат вечер да се приклучат на нашиот вебинар, од 20.30 часот. Оние што не можат да се приклучат, ги канам сега да направат кратка вежба со оваа фотографија (во мојата работа со клиенти често користам фототерапија). Разгледајте ја сликата најдолу, таа е од нашата колекција фотографии од методата Points of You. Што ви кажува оваа фотографија за вас? Како бирате? Што ве привлекува во сликата? Што не ви се допаѓа? Кој ја сликал оваа фотографија? Има ли мирис, вкус, звуци? Што би сакале наредно да изберете во вашиот живот или во вашата професија? Каде сакате тоа да ве однесе? Што ќе ви биде пресудно во тој избор, како ќе избирате? И, кога би можеле, дали би помислиле – како избира и што би избрала личноста што сакам да станам?
Вебинар или вежба? Или двете?
Имате избор.
Заедно со Женски Магазин организираме отворен вебинар кој може бесплатно да го проследите на овој линк вечер во 20.30 часот.
Ирена Јакимова, Професионален обучувач за возрасни и тренер (coach), ментор за личен и професионален развој
Што подразбирате под поимот емоционален fitness? Што прво помислувате кога ќе ги спомнеме зборовите „емоции“ и англискиот збор „fitness”?
Како што практикуваме движење и вежбаме за да го одржиме телото во добра форма (на англиски fit), така за вас го плетам и гледањето на областа од одржување на вашата добра форма, подготвеност и во областа на емоциите… Зошто е тоа важно?
Можеби сум споменала и во повеќе претходни прилики – емоциите се нашиот внатрешен термостат, нешто што ни дава сигнали, ни укажува, не’ води кон одредена состојба. Емоциите многу влијаат на нашата општа состојба, а таа влијае на нашите резултати, на квалитетот на нашиот живот.
Тогаш, како да бидеме во добра форма, како да се грижиме за нашиот емоционален fitness, кондиција?
Емоциите и телото се меѓусебно поврзани. Како? Прво, на тој начин што она што го чувствуваме, најчесто го чувствуваме некаде во телото. И телото памети. Тагата, болката, радоста, возбудата, стравот…ги чувствуваме некаде во телото. Стресот го складираме во грбот и рамената, болката во пределот на градите… Така треба и да ги препознаваме емоциите. Првиот чекор во емоционалниот фитнес е – да ги препознаеме, точно која емоција е во прашање, каде ја чувствуваме. Понатаму, нареден чекор е да пробаме да дознаеме од каде доаѓа – дали е наша, изворна, од внатре, од нашите мисли, реакции, спомени… Дали е наметната од надвор? Како се создала? Што ја креирало таа емоција? Која мисла или верување дека нешто е вака или онака, нам ни ја донело таа емоција? Почнете да набљудувате.
Нареден чекор е да провериме дали таа емоција ни служи за наша добра состојба, односно да се чувствуваме добро, да сме способни да создаваме, да носиме добри одлуки, дали влијае позитивно и конструктивно на нашите наредни чекори (на пример: убави емоции коишто ни даваат сила, верба, моќ, нè носат во состојба кога носиме подобри одлуки, кога правиме избори посоодветни за нашиот напредок и развој, кога мислата ни е појасна и во склад со нашата природа и со нашите желби).
Трет чекор е како да ја смениме едната емоцијада помине во друга. Зошто? Затоа што ние можеме во еден момент да чувствуваме само една емоција (пробајте да бидете истовремено лути и среќни!). И затоа што претходно објаснивме дека е важно да сме со добри емоции што нè водат во добра општа состојба. Овде ви поставувам едно прашање, да ви биде како една вежба за бицепс, на пример: дали сте пробале да се чувствувате среќни или задоволни, без одредена причина или, пак, дозвола? Можете ли да пробате? Има ли некаде правилник, пропис или присила за да не се осетите радосно дури и кога сте во нешто што го обележуваме како тешка ситуација? Смееме ли да се осетиме радосни од внатре дури и тогаш? Без посебна причина. Само затоа што сме живи. Пробајте. Бесплатно е и никој нема да знае. Тоа е само ваше право и ваша внатрешна игра.
Четврто е да научиме како со телото да влијаеме на нашите емоции. Постојат голем број истражувања, студии и книги кои ова го потврдуваат. Нашето тело, нашиот нервен систем и сите други системи се меѓусебно поврзани. Нашите емоции и она како се чувствуваме влијае на состојбата на нашето тело (не само вежбањето и движењето), но, и нашето тело може да влијае на нашите емоции и на начинот како се чувствуваме. Пробајте секогаш кога седите да седите со исправен грб, пробајте да се протегнете пред да треба да донесете некоја одлука, пробајте да се исправите, да ги кренете рацете високо нагоре и така да стоите 1-2 минути пред да го започнете денот, важниот состанок, важната задача. Таканаречените „моќни пози“ ја забрзуваат циркулацијата, влијаат да се лачат повеќе хормони на задоволство, а тие праќаат сигнали до мозокот добро да се чувствува. Забележете ја разликата во вашите внатрешни чувства и резултатите.
Петто, тоа би била мојата порака дека имаме и право и моќ да бираме како се чувствуваме и да ги бираме нашите емоции. Тоа нè води кон носење подобри одлуки за нас, кон подобри резултати во животот, кон подобро здравје и внатрешен мир.
Целиот овој „емоционален фитнес“, секако, се учи, но, вреди да се посвети труд и време. Исто како и за редовното вежбање, со личен тренер или сами. Резултатите се магични.
Имате ли вечер 1 час и половина за оваа тема?
Заедно со Женски Магазин организираме отворен вебинар кој може бесплатно да го проследите на овој линк вечер во 20.30 часот.
Ирена Јакимова, Професионален обучувач за возрасни и тренер (coach), ментор за личен и професионален развој
Комуникација, една од моите омилени теми и специјалности. На што прво помислувате кога ќе го чуете/ прочитате „комуникација“?
За ова постојат многу книги, прирачници, презентации, различни видови обуки, дел од нив и јас самата ги водам, или со моите колеги… И, можете на комуникацијата да гледате од различни агли и аспекти. Едно е важно: комуникацијата е наша способност на која треба да гледаме како на вештина, алатка за да изразиме и постигнеме нешто. Многу често, влегуваме во комуникација, без да сме свесни за она што сакаме да го постигнеме. Вечер, од 20:30 часот, на отворена онлајн работилница (вебинар) ќе зборуваме повеќе за ова. Линкот за приклучување ќе го најдете најдолу.
Сега сакам да ви свртам внимание на еден вид комуникација, по мене, најважната!
Дали сме се запрашале и искрено одговориле на следново:
Кој е нашиот најдобар пријател?
Кој е нашиот најверен животен сопатник?Кој е нашиот најголем деловен партнер?
Имаме можност да размислуваме и да набројуваме, а, ако успееме брзо да се сетиме дека тоа сме самите ние, се отвора нов пат до еден голем личен успех. Oва не’ води кон следното прашање:
Како комуницираме со себе?
Дали сме го забележале внатрешниот глас којшто постојано и неуморно работи? Каков е тој глас? Каков му е тонот, брзината, висината? Дали е строг, отсечен, груб или е мек, топол и охрабрувачки? Дали ве сече како остар нож или трупија или е како топла мека наметка, блага рака спуштена на нашето рамо додека ни се нуди чаша ароматично вино или шолја топол чај?
И додека ги читате овие редови, ги замислувате и чувствувате овие две различни состојби, добивате различни мотивации. Така е и со вашиот глас, оној со кој што се обраќате на себеси.Со различен глас, со различна комуникација – добивате различна внатрешна мотивација!
Сите имаме некој внатрешен глас, а, можеби и повеќе. Со нив ги анализираме надворешните настани и случувања, а со нив комуницираме и со себе. Си зборуваме, прераскажуваме, коментираме, носиме заклучоци… Тој глас е еден вид навигатор за нашите одлуки, за нашите емоции, чувства, па и за нашето однесување. Тој глас, често пати, ни кажува што следно (треба да) направиме. Што да мислиме, како да се чувствуваме. Зборовите што си ги кажуваме влијаат на тоа какви чувства си предизвикуваме…Чувствата влијаат на нашата целосна состојба. А, од неа, погодете што? Од неа зависат нашите постапки, а од нив зависи нашиот успех. Зависи дури и што ние подразбираме за успех.
Сме помислиле ли некогаш како си влијаеме на себе со она што си го зборуваме? Дали со она што си го зборуваме себеси ние си даваме охрабрување, почит или постојана критика, тага? Сме ги забележале ли зборовите со кои се обраќаме на СЕБЕСИ? Понекогаш, она што ќе си го кажеме себеси во лутина, не би ни го кажал ни најлошиот непријател, ни најголемиот непристојник…
Ако ни станува јасно дека начинот на којшто комуницираме со себе влијае на нашите постапки, на нашите чувства, на состојбата во која се наоѓаме, а сето тоа влијае на нашите резултати, на насоката и на нашиот успех во животот – како би било да размислиме, да осетиме и да решиме да почнеме да го менуваме тоа?
Како можеме тоа да го направиме?
Прво, важно е да го освестиме начинот на којшто се обраќаме и комуницираме со себе. Да го слушаме, набљудуваме, осетиме овој наш дел свесно. Секој од нас го има тој внатрешен глас, а една од неговите појавности е во вид на внатрешен критичар. Тој е „вработен“ 24/7 да зборува, мери, споредува и критикува, најчесто нас самите, за да не’ спречи да направиме нешто поразлично од нашите уверувања и да не’ чува на „сигурно“. Често пати, тој глас постојано ги критикува другите луѓе, а тоа пак не’ врти во истиот круг, бидејќи нашиот несвесен дел тоа може да го подразбира и како критика на нас самите…
Потоа, да оцениме како делува на нас секој различен вид комуникација со себе? Како се чувствувам, какви се моите состојба, мојот став и моите постапки ако си речам: „Баш си смотана!“ или “Гуско глупава!“ во споредба со „Ха, ова секому може да се случи… Како најдобро да го средам ова? Како да внимавам следниот пат? Што можам да направам да бидам
Можеме и да пронајдеме некоја личност која што некогаш ни давала поддршка, или која што ја почитуваме (не мора да се познаваме), па да го „позајмиме“ внатре во себе гласот на таа личност, за да ни дава пофалби кога треба, насоки и поддршка. Пробајте да се пофалите себе секогаш кога нешто ќе завршите, добро ќе постапите, ќе донесете добра и/или храбра одлука, ќе се чувствувате убаво… Пробајте да си кажете: „Браво за ова, одлично го направи. Навистина стануваш мајстор во ова…“
За вежба и усовршување, можеме да си поставиме предизвик да се преиспитаме во некои ситуации кои ни се важни и клучни во животот. Да станеме свесни како комуницираме со себе во тие ситуации, па да вежбаме нови пристапи. Нови, поинакви реченици и тон, оние што охрабруваат, смируваат, уверуваат и даваат нова сила. Влечат напред. Нас не’ влечат напред и кон подобар резултат на ситуацијата.
Имате ли вечер 80-тина минути за оваа тема? Заедно со Женски Магазин организираме отворен вебинар кој може бесплатно да го проследите на овој линк вечер во 20.30 часот.
Ирена Јакимова, Професионален обучувач за возрасни и тренер (coach), ментор за личен и професионален развој
Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви обезбедиме најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се: да ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ви најинтересни и корисни.
Неопходни колачиња
неопходните колачиња е потребно да се овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Колачиња од трети страни
Користиме Google Analytics за собирање анонимни информации како што се бројот на посетители на страницата и најпопуларните страници.
Одржувањето на ова колаче вклучено ни помага да ја подобриме нашата страница.
Ве молиме прво овозможете ги строго неопходните колачиња за да може сајтот да функционира непречено!
Останати
Оваа веб-локација ги користи следните дополнителни колачиња:
YSC
.youtube.com
Youtube sets this cookie to track the views of embedded videos on Youtube pages.
session
Advertisement
sbjs_migrations
.inspirit.mk
This cookie is to identify the source of a visit and store user action information about it in a cookies. This is a analytic and behavioural cookie used for improving the visitor experience on the website.
session
Analytics
sbjs_current_add
.inspirit.mk
This cookie is to identify the source of a visit and store user action information about it in a cookies. This is a analytic and behavioural cookie used for improving the visitor experience on the website.
session
Analytics
sbjs_first_add
.inspirit.mk
This cookie is to identify the source of a visit and store user action information about it in a cookies. This is a analytic and behavioural cookie used for improving the visitor experience on the website.
session
Analytics
sbjs_current
.inspirit.mk
This cookie is to identify the source of a visit and store user action information about it in a cookies. This is a analytic and behavioural cookie used for improving the visitor experience on the website.
session
Analytics
sbjs_first
.inspirit.mk
This cookie is to identify the source of a visit and store user action information about it in a cookies. This is a analytic and behavioural cookie used for improving the visitor experience on the website.
session
Analytics
sbjs_udata
.inspirit.mk
This cookie is to identify the source of a visit and store user action information about it in a cookies. This is a analytic and behavioural cookie used for improving the visitor experience on the website.
session
Analytics
sbjs_session
.inspirit.mk
This cookie is to identify the source of a visit and store user action information about it in a cookies. This is a analytic and behavioural cookie used for improving the visitor experience on the website.
1 hour
Analytics
__Secure-YEC
.youtube.com
No description
1 year 1 month
Other
VISITOR_PRIVACY_METADATA
.youtube.com
No description
1 year 1 month
Other
VISITOR_INFO1_LIVE
.youtube.com
YouTube sets this cookie to measure bandwidth, determining whether the user gets the new or old player interface.
past
Advertisement
CONSENT
.youtube.com
YouTube sets this cookie via embedded YouTube videos and registers anonymous statistical data.
2 years
Analytics
yt-remote-device-id
youtube.com
YouTube sets this cookie to store the user's video preferences using embedded YouTube videos.
never
Advertisement
yt.innertube::requests
youtube.com
YouTube sets this cookie to register a unique ID to store data on what videos from YouTube the user has seen.
never
Advertisement
yt-remote-connected-devices
youtube.com
YouTube sets this cookie to store the user's video preferences using embedded YouTube videos.
never
Advertisement
yt.innertube::nextId
youtube.com
YouTube sets this cookie to register a unique ID to store data on what videos from YouTube the user has seen.
never
Advertisement
mailchimp_landing_site
inspirit.mk
MailChimp sets the cookie to record which page the user first visited.
1 month
Functional
Ве молиме прво овозможете ги строго неопходните колачиња за да може сајтот да функционира непречено!