“Најчесто го саботираме оној дел од нас што нè заплашува, што го загрозува нашиот комфор, секојдневие. Го саботираме она што би нè направило поголеми и поуспешни. Честопати се саботираме за да не ги загрозиме другите, поради стравот од осуда, поради стравот за да не останеме сами, вели Јакимова“
М-р Ирена Јакимова се приклучи на тимот од професионалци кои ги креира Brainster+ курсевите како инструктор на два особено важни курсa: Емоционална интелигенција или како да управуваме со своите емоции и Интерперсонални вештини или вештини за односи со луѓето.
Честитки до Marili Agencija и Лидија Трипуновска за промоцијата на успешни жени во бизнисот, веќе 28 години!
На жените им е потребна видливост и примери. Голема благодарност за честа, годинава и јас да бидам во ова друштво на наградени жени.
Честитки до сите добитнички! Секоја остава печат на свој начин, а сигурна сум дека ги има уште многу за награда.
Убаво е и без награди, кога задоволството доаѓа однатре и од резултатите на клиентите. Убаво е и со награда, зашто таа дава уште повеќе светлина на она што го работиме и допринесуваме со нашата работа, со многу стручност, посветеност и пасија. Дава некоја дополнителна радост…
Се трудам мојот живот и мојата работа да бидат пример за резилиентност, за личен развој, за одење напред покрај многу тешкотии, а, сепак со насмевка, со креација и со леснотија.
Го живеам она што го подучувам, раскажувам за она што го работам.
Така можам да покажам што се’ е можно и да инспирирам и други…
Благодарност до Сојузот на стопански комори и Националната платформа за женско претприемништво за поканата да го снимиме ова интервју за проект што го промовира женското претприемништво.
Видеото го снимивме на крајот на 2023, но, доаѓа во вистинскиот момент, во месецот кога со Inspirit Coaching славиме 8 години постоење и создавање.
“…Жените од нашиве генерации имаме задача, имаме мисија – да го менуваме ова без да ја изгубиме женственоста и женската креативна енергија. Без да се присилиме да се однесуваме како мажи.“
Целосното интервју може да го прочитате на следниот линк: