Ги будиме заспаните делови во луѓето: Интервју со Ирена Јакимова, тренер за личен развој

Најчесто го саботираме оној дел од нас што нè заплашува, што го загрозува нашиот комфор, секојдневие. Го саботираме она што би нè направило поголеми и поуспешни. Честопати се саботираме за да не ги загрозиме другите, поради стравот од осуда, поради стравот за да не останеме сами, вели Јакимова

* Вие сте основач на „Инспирит Коучинг“ компанијата. Зошто се нарековте така и по што Вашите методи се разликуваат од другите коучинг практики?

– Инспирит (ang.to inspirit) е англиски глагол и значи – да се внесе живот, енергија, дух, храброст. Таков е и нашиот пристап: будиме заспани делови од луѓето, ги водиме кон нови резултати. Применуваме комбинација од врвните светски методологии и трендови во стимулирање на личниот и професионален развој.

* Многумина на „коучингот“ гледаат како на инстант алатка за решавање на проблемите на растргнатиот човек на денешницата. Што вели Вашето искуство?

– Многу луѓе сè уште не знаат што е коучинг. Тоа е методологија на иднината. Тоа е пристап за развој на човечкиот потенцијал, поразличен од класичен тренинг, од советување или менторство. Развиена е во последните децении од минатиот век и се базира на неколку психолошки пристапи.
Моите искуства со примена на коучинг методологијата покажуваат чудесни резултати. Како се манифестира тоа? Го гледам по изразот на лицето кај клиентите, по нивните невербални и вербални реакции – се озаруваат кога ќе почувствуваат, кога ќе дојдат до мисла, идеја, заклучок, чекор, на кои порано не се сетиле, не ги знаеле, не ги пробале, не си дозволиле. Потоа, дознавам за нивните резултати: успеваат да си ја олеснат работата, да си ја подобрат комуникацијата, добиваат нови клиенти, го зголемуваат својот приход, чувствуваат поголема смиреност, имаат појасна цел, визија, чувство за себе, наоѓаат повеќе време за себе, или, пак, започнуваат одамна сонувано хоби, започнуваат нова работа, фаќаат нова насока во професијата… некои си наоѓаат партнер или основаат семејство.

* Работите и со алатката „Поинтс оф ју“ (Points of You).  Станува збор за метода која ги мобилизира и логичката и интуитивната страна од нашиот ум. Кажете ни која е тајната на успехот на оваа алатка која го освои светот?

 – Станува збор за чудесни картички, книги и цел еден прибор кои говорат на јазикот на основните човечки потреби и беспрекорно функционираат низ целиот свет, од корпорации до училишта. Светските компании го применуваат бидејќи алатките се универзални, креативни и лесни, а длабоки и моќни. Тие со леснотија отвораат врати и фиоки во нашиот ум, ги будат и емотивните и аналитичките делови од нашиот мозок, го разигруваат срцето и детето во нас. Оваа техника ни позајмува слики и зборови, ако самите не можеме да ги пронајдеме. Алатката  ја користам веќе неколку години, со голем успех, разновидна примена и лична воодушевеност. Во ноември ја обучивме првата група сертифицирани корисници, и тие веќе пријавуваат успешна примена.

* Во морето коучинг методологии, како луѓето да го направат соодветниот избор за себе? Како да ги препознаат квалитетните тренери за личен развој?

– Покрај сето забрзување и превирања што се случуваат, покрај „борбата“ со технологијата  и навидум загубените вредности, расте потребата за враќање кон себе, за осознавање на себе. Расте потребата за алатки за управување со својот живот, расте свесноста дека за нашиот живот сме ние самите одговорни и дека има алатки, пристапи и професионалци кои тоа можат да нè водат и поддржуваат до местото каде што сакаме да стигнеме. Тоа место може да е локација, работна позиција, може да е некаква способност, може да се видливи резултати или невидливо патување во себе. Најчесто, „невидливите“ резултати, внатре во нас, даваат видливи резултати во светот што го гледаме. Вашиот коуч е вашиот тренер кој прв верува во вас, ве води, менува, вежба и навива за вас, за да победите прво на вашите внатрешни полиња, а потоа да ги видите, осетите резултатите во надворешниот свет. Предлагам коучот да се избира според квалификациите, искуството, некои препораки и, пред и над сè, според хемијата, компатибилноста меѓу вас.

* Што мислите, кои се најголемите препреки од кои луѓето се сопнуваат на патот во остварување  на својот полн потенцијал?

– Најголемите препреки во нашиот ум се зголемени со лупа. Тоа се недоволната самодоверба, самопочит, стравот од туѓото мислење, потребата да бидеме прифатени. Но, што ако сме прифатени како некој којшто не сме? Најважната придобивка во животот е да бидеме прифатени какви што сме. Или, уште подобро, какви што имаме потенцијал да бидеме! Неистрајноста и непосветеноста се, исто така, големи препреки. Нема успех преку ноќ, ниту, пак, без развој на личноста.

* Миатиов викенд организиравте  обука наречена „Кажи да!“, наменета исклучиво за жени со цел да научат да го препознаат и искористат својот полн потенцијал.  Кој дел од себе жените најчесто го саботираат? 

– Не знам точно кој дел, ама на овој семинар, ги обработуваме и надминуваме методите на саботирање за кои честопати, не сме свесни. Најчесто го саботираме оној дел од нас што нè застрашува, што го загрозува нашиот комфор, секојдневие, колотечина, го саботираме она што би нè направило поголеми и поуспешни. Честопати се саботираме за да не ги загрозиме другите, поради стравот од осуда, поради стравот за да не останеме сами.

* Кој беше вашиот најголем сон кога бевте малечка?

– Знам дека еден сон ми беше да бидам ова што сум. Тогаш, тоа беше најблиску до поимот – учителка. Сега не сум учителка, но сум едновремено и тренер, и советник, и ментор и подучувач.. Сега сум канал низ кој се спроведуваат сознанија, вештини и умеења за подобрување на животите на луѓето, во која и да е област.

* Дали го остваривте својот сон?

– Сум остварила огромен број мои соништа. Речиси сѐ што ќе замислам, јас го остварувам. За нешто треба повеќе работа и време, а некои работи излегуваат поинакви отколку што сум ги замислила. Сите ние сме дојдени на овој свет за да направиме некоја разлика, да придонесеме. Светлината што ја носиме во себе може да е мала или голема. Ако си дозволам себе си да зрачам, така им давам дозвола и на другите да зрачат и да го живеат животот во неговиот полн потенцијал.

* Има ли некоја случка која може да ни ја раскажете која ви го променила животот?

– Можам да сумирам во неколку мини-случки што се одвивале во мојот мозок, кога сум си поставила предизвик да размислам на поинаков начин, да донесам одлука на поинаков начин, да постапам на поинаков начин. Тогаш сум си ја менувала насоката во животот.

* Од кои негативни искуства во животот најмногу научивте?

– Од смртта, од разводи, од неуспеси.

* На што Ве научи бракот и мајчинството?

– Дека тоа се области коишто треба да се учат. Не доаѓа знаењето и умеењето само по себе.

* Имате богато искуства и на работа со колективи. Кои се болките од мои страдаат колективите или тимската работа при постигнувањето на посакуваните резултати?

– Од мое искуство, тоа се непознавањето едни со други, немањето тренинг и вештини за разбирање на другите, за добра комуникација, за одење во иста насока на различен начин. Често целта не е јасно споделена, исто така и мисијата, зошто нешто правиме. Повеќе внимание се обрнува не техничка едукација (знаење на професијата, описот на работното место) отколку на човечките вештини и способности.
Кај нас постои цела една култура на борба, натпревар, а не соработка. За успех потребно е да се има и од двете. Обично се тргнува од позиција на стравот – дека некој ќе ми го земе местото, моето, дека нема за сите.., а не од позиција на љубов и креација. Кога нема да се потхранува култура и менталитетот на просечноста, лицемерието, понизноста, тогаш ќе има поле за подобри меѓучовечки односи.

* Што би им порачале на нашите читателки?

– Да веруваат во себе, ама да не си веруваат на сѐ што мислат за себе.


Извор: zenskimagazin.mk

Патувањето „Кажи ДА!“


Дали би кажале ДА на едно убаво и длабоко патешествие на коешто не сте сами?

Дали би се тргнале на неколку дена од брзото секојдневие, би се повлекле во една комфорна, релаксирана средина за да допрете до себе, до својот потенцијал, до своите вистински способности, лидерски капацитети и соништа? Ќе имате поддршка од тренер, од проверени методологии, од група други жени што сакаат да одат напред во развојот на својот потенцијал, во преубава природа, ќе имате време за себе, за релаксација. Имате поддршка.
Дали ќе кажете ДА?

Жените со векови биле учени да велат ДА!

ДА, на садовите за миење. ДА, на нечистите пелени. ДА, на облеката за перење. ДА, на жртвување. ДА, на мачеништво. ДА, на опсесивна диета. ДА, на намалувањето на сопствената вредност пред другите. ДА, на тоа да бидат потивки и помалку досадни. ДА, на грижата за сите околу нив.

  • Да, се разбира, можам да се справам со тоа.
  • Да, завршена работа.

МОЖЕБИ Е ВРЕМЕ ЗА ЕДНО ПОИНАКВО ДА!

Да, за себе. Да, за своите цели. Да, за својата динамика. Да, за поместување на границите. Да, за успеси и напредок каков што сакате и заслужувате. Да, за креирање среќни, радосни искуства. Да, за да бидете видливи, забележани. Да, за живеење живот со целиот личен потенцијал.

Имате можност да застанете, да се погледнете себеси, своите желби, планови, досегашни чувства, своите дејствија и… да го почувствувате својот потенцијал. Што е она што можете, што сакате, што ве довикува, а вие сте го замолчувале до сега? Што е она што можете?

Тридневна програма за сите што се прашуваат себеси:

  • Која сум јас за да направам разлика?
  • Дали сум способна да го направам тоа?
  • Дали можам да успеам во овој бизнис, во овој проект, во ова хоби, во оваа функција, во оваа улога, овој потфат?
  • Дали смеам?

Оваа програма е за сите вас!

Жени со големи таленти, идеи и визија. Жени што не ја гледаат својата феноменалност! Жени што ги задржуваат за себе своите идеи, наместо да ги споделат!
Жени што ги одложуваат проектите и смислуваат куп изговори за да играат на ситно!

Ова е програма за жените да разберат зошто и како се сокриваат себеси. Програма за жените да научат да дејствуваат со големи и лесни чекори!

Да, можете да дејствувате со големи и лесни чекори!

Можете да научите да се водите од своите цели и мотиви, можете да научите како да се ослободите од влијанието на стравот, како да се спријателите со него и да преземате мали чекори и покрај постоење на стравот, како да се справувате со сомнежот во себе, со стравот од тоа што би кажале другите луѓе за вашите идеи.

Дозволете си да започнете да играте на големо!
Бидете лидер за себе, за својот живот, за луѓето што ви значат, за општеството!

За кого:
За жени од сите возрасти и професии, сопственички на бизнис, менаџерки, уметници, занаетчии, едукатори, вработени во компании, самовработени, невработени, учеснички во јавниот живот…

Жени на коишто им се важни следниве придобивки:

осознавање на личниот потенцијал;
поголема самодоверба во сè што правам;
намалување на чувството дека сум премногу млада, премногу стара или не сум доволно експерт за да го направам она што го сакам;
препознавање на внатрешниот критичар и трансформација во внатрешна менторка;
полесна комуникација и изразување на себеси и сопственото мислење;
намалување на чувството на зависност од одобрување од другите луѓе и полесно соочување со критиките што доаѓаат кога правиме нешто важно или иновативно;
преземање мали, ама похрабри акции;
одржување долгорочни акции за да се стигне до сопствените цели, до она што се сака.
препознавање, прифаќање и одговор на стравот што го ограничува мојот напредокот, играњето на големо (што и да значи тоа за мене);
време за дружење со себеси, полнење батерии 🙂
дружење со група жени со огромна поддршка

ИГРАЊЕ НА ГОЛЕМО И ПОКРАЈ СОМНЕЖИТЕ, СТРАВОТ и ЧУВСТВОТО НА ВИНА!


Низ тродневна програма ќе нурнеме во себе, па храбро и осилени ќе испливаме на површината за да заблескаме пред сите во своето вистинско светло!


Датум:29-ти, 30-ти и 31-ви март
Локација:Хотел и спа „Изгрев“ – Струга

Користиме светски применети методологии што даваат резултати.

  1. Coaching for Excellence
  2. Points-of-You (www.points-of-you.com)
  3. Playing Big – Tara Mohr

Цена на патувањето: 320 ЕУР

Вклучени се сите трошоци (сместување, храна, кафиња, користење базен, сауна, програмата, материјали, сертификат за учество, организиран превоз, платен ДДВ).

За еднокреветна соба: 355 ЕУР

10% попуст за рана пријава до 15-ти март!

За дополнителни информации или пријава контактирајте нѐ на:
contact@inspirit.mk
078/ 261 298
или пишете ни на нашата Facebook страна


Попуст за повеќе учеснички од иста компанија, здружение или група пријателки

Побарајте понуда за ваква обука за вашата компанија!


За тренерот:

Ирена Јакимова магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното работно искуство од преку 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Била директор на McCann-Erickson, организатор на London School of Public Relations, одговорна во сектор за комуникации на ООН во кабинетот на Постојаниот претставник и др. Еден од основачите на Македонската Асоцијација на Маркетинг Агенции, еден од директорите во бордот на директори при AmCham и др.

Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Стотици компании и илјадници поединци поминале низ обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг, а сето е со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.

Квалификации:
– лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука и според ЕУ директивите;
– сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner,
– сертифициран тренер за Points-of-You методологија,
– сертифициранa за примена на SDI (Personal Strengths) методологија,
– сертфицирана за примена на PlayingBig методологија за женско лидерство,
– сертифициранa за Team Coaching & Deep Coaching (Marylin Atkinson, Erickson International),
– сертифициран Executive Leadership Coach – John Mattone Online University
– сертифициран мастер тренер за услуга и комуникација во угостителство (Swiss Hotel Management Academy Lucern),
– EBRD Change Management Consultant.

Лидерот прво мора да се спознае себе, да ги открие слабите точки и местата за развој

Irena Jakimova

Интервју со Ирена Јакимова – основач на Инспирит Коучинг

Самото име Инспирит Коучинг асоцира на поврзаноста со духот, со енергијата на секој човек и секој тим. Инспиративно име за една инспиративна професија. Како дојде до основањето на Инспирит Коучинг?

Фирмата Инспирит Коучинг се роди кога беше подготвена, дури и името сама си го најде… Јас тргнав со друго име што асоцира на инспирација, зашто сметав дека од таму почнува надградбата, развојот, зборот потекнува од латинскиот збор за дишење. Со здивот вдишуваме живот…. Но, во процесот на регистрација на фирмата, дојде до мене овој глагол “to inspirit” којшто значи да внесеш дух, енергија, живот… Тоа е и нашата мисија – го будиме духот (индивидуален или групен) преку отворање нови погледи, нови увиди, нови чувства, нови знаења, вештини и методи за напредување, на личен и на организациски (тимски) план.  И сето ова, како пат кон подобар живот.

Нудите различни коучинг и тренинг програми, како за поединци така и за цели компании. Дали имате клиенти кои бараат конкретна обука или вие сте тие што ги препознавате нивните потреби и им посочувате одредна програма?

Има и такви и такви случаи. Некои клиенти сами се јавуваат за одредена обука (за себе, за еден или за неколку вработени, или, пак бараат понуда за поголема група луѓе – тим или цела компанија). Во некои случаи правиме пакети откако ќе дознаеме кои им се потребите, што им е најважно да постигнат – кои промени, каков напредок и за какви резултати.

Со оглед на тоа дека сме мал пазар, каква е заинтесираноста за ваков тип на бизнис едукација и личен развој?

Ова Ви е одлично и многу важно прашање. Со оглед на тоа дека сме мал пазар, забележувам голема заинтересираност и зголемена побарувачка и посета. И кај нас, и кај други центри и тренери, веројатно. Сепак, и тоа може да расте, бидејќи има многу потенцијал за развој, пазарот е “гладен“. Се’ уште има компании кои не издвојуваат ресурси (време и пари) за едукација и развој на вработените, како и за создавање компаниска култура, компаниски дух. Денешните модерни времиња бараат од компаниите да се посветат на доизградба на вработените, бидејќи не се учи се’ на факултет, а најмалку се учи како да работиме со луѓе. Исто така, и покрај големата невработеност, компаниите и организациите тешко наоѓаат квалитетни вработени. Токму поради ова, тие треба да градат програми за мотивација, развој и споделување на заедничката визија. Што мислите, ако направиме една голема анкета – колкав процент од вработените ја знаат, делат и чувствуваат мисијата и визијата на својата компанија? Дали знаат зошто се таму, кон што придонесуваат и каде одат? И дали и како оди рака под рака со нивните вредности и визија за животот? Во голем дел, и од ова ни зависи какво општество ќе бидеме.

Points of You

Низ нашиот разговор стекнав впечаток дека работите со многу различни дејности, индустрии, видови организации. Како успевате да ги совладате сите тие знаења за нивното функционирање, природата на дејноста?

Ова е, исто така, едно многу убаво прашање. Зошто? Од две причини: прво мене лично тоа ми претставува задоволство, возбуда, исполнетост, кога гледам успеси што ги остваруваат моите клиенти во разни области (индустрии, дејности, професии). И така јас имам чувство дека се мултиплицирам. Второ, ова е убаво место да нагласиме дека нејчесто нема потреба да ја познаваме дејноста, областа во којашто работат нашите клиенти, нивните детални процеси на работа и содржината, бидејќи коучот не навлегува во содржината. Коучот или обучувачот ги менува внатрешните процеси на размислување, емоционалните состојби и ставови, развива вештини кај клиентот, а потоа клиентот ги применува во својата професија, на своето работно место или во приватниот живот. Во некои случаи, за некои професии имка специфичности, и ние ги почитуваме и земаме предвид во работата.

Дали Инспирит Коучинг ги нуди своите услуги и надвор од Македонија и како се истите прифатени?

Јас лично, за некои наши странски клиенти, сум патувала во странство и таму сум држела обуки и коучинг за менаџерски тимови. Ние имаме врвни методологии и обучени тренери и во Македонија, сосема рамо до рамо со светот. Тоа сум го почувствувала и потврдила кога лично сум учествувала на обуки дома и во странство, а каде што сум сретнала тренери, обучувачи и консултанти од целиот свет. И во регионот веќе разговараме за соработка и наше присуство.

Irena Jakimova

Од неодамна внесовте нова методологија за тренинг и развој – Points of You. За што точно станува збор?

Во нашата работа, за да дадеме врвен придонес, ние комбинираме знаења од применета психологија, личен развој, со бизнис/организациски знаења и вештини…
Points of You е успешна израелска компанија (основана во 2006 година) којашто работи на развивање креативни алатки и методи за поддршка во процесите на личен и организациски развој. Тие го нашле своето место во широкиот спектар развојни методи, како што се индивидуален и тимски коучинг, тренинг (обуки) за лични и бизнис вештини, тераписки процеси, едукација, советување, развивање креативност, иноваторство, стратешко планирање и слично.

Работата со Points of You-алатките им помага на луѓето да се отворат за нови перспективи и да размислуваат надвор од своите вообичаени гледишта. Можат да се користите индивидуално, во парови или во група. Целта на работата со алатките е да го разбудиме разбирањето на одредена ситуација или проблем, да ги согледаме од што повеќе различни перспективи, да стекнеме нов увид, а на крај да се фокусираме и да смислиме соодветен акциски план.

Бидејќи работат на длабоко психолошко и човечко ниво, картичките и приказните се универзални, широки и речиси магични!

Points of You

Јас ги користам веќе две години, со голем успех, разновидна примена и лична воодушевеност. Во ноември ја обучивме првата група сертифицирани корисници, и тие веќе пријавуваат успешна примена или нови начини на примена. Веќе половина група е оформена и за декември. Пријавите се во тек. Македонија и професионалците во неа се гладни за иновативни пристапи и развој. Среќна сум ако можеме тоа да го поддржиме.

Каде, според вас, има најмногу простор за работа? На кое поле на личен и професионален развој треба најмногу да се работи и што е најбарано од страна на клиентите?

Се бара самодовербата, дозвола дека можам, дека смеам, дека ме бива. Тоа е како еден чадор над сите други потреби. Понатаму, вештината на добрата комуникација (не многу се знаат тие вештини, распространето е сфаќањето дека ако знаеме да зборуваме, знаеме и да комуницираме). Лидерските вештини, од кои најмногу мотивација и развој на припадници на тимот, делегирање, визија… Кај лидерските вештини би спомнала дека најмногу е потребна работата на себе-спознавање, на откривање на слабите точки и местата за развој. Тука почнува развојот, лидерството…

Што, според вас, е најважно за еден поединец  да ги постигне и да ги одржува потребните вештини за успех во животот?

Ми се чини дека најважно е прво да детектира КОИ се тие вештини и ЗА ШТО се потребни. Кој е тој успех што поединецот сака да го постигне, каде, со кого, во рамките на која дејност (организација), ако веќе зборуваме за професионален успех. ШТО е најважно на поединецот во животот? Без што не може, од што не би се откажал/а, за што се залага? Тоа е она што го нарекуваме вредности. Потоа, каква личност сака да стане, да биде? Од таму ќе може секој да тргне со вештините и ќе знае кои се потребни. Каде што треба помош, насока и поддршка – тука се вклучуваме ние, компаниите и професионалците за едукација и личен тренинг. Затоа постоиме. Да им се најдеме на луѓето да ги активираат своите максимални потенцијали. За да живеат поубав живот.

Извор: makedonija.womeninadria.com

Points of You® Certified Practitioner – Train The Trainer Program

Points of You® Certified Practitioner – Train The Trainer Program

Points of You® Certified Practitioner
Train The Trainer Program

Points of You® Train The Trainer Program е искуствена обука, на која ќе се запознаете со феноменалната Points of You® методологија и ќе научите како да ги користите и интегрирате алатките и процесите (The Coaching Game и Punctum) во секојдневната работа. Плус, ќе добиете 2 незаборавни дена за длабока работа на себе.

Професионалци од различни области ширум светот успешно и со задоволство ги користат Points of You® алатките во различни облици на развојна работа со возрасни, млади и деца, преку индивидуална и групна работа.

Обуката е наменета за:

Професионални корисници

 

 

 

Ако сте коуч, обучувач, тренер, терапевт, психолог, кариерен советник, консултант, наставник или на друг начин се занимавате со развој на луѓе, оваа обука ќе ви користи и ќе ви отвори многу нови можности!
Алатките на програмата Points of You® се погодни за работа еден-на-еден, како и за работа со мали или големи групи. Истражете нови начини со кои е возможно да се остварат увиди и да се влијае на промените, растот и развојот на вашите клиенти.

Организации

Ако сте професионалец за човекови ресурси, HR менаџер, лидер, менаџер, водач на тим и се занимавате со унапредување на процесот на работа и развојот на вработените, ова обука ќе ви користи и ќе ви отвори многу нови можности.
Дознајте како можете да ги користите алатките во работа со вработените со цел да се дојде до индивидуален или групен развој. Тоа може да биде унапредување на тимската соработка, развој на лидерство, поттикнување на мотивација и ангажираност на вработените, носење одлуки, стратешко планирање, креирање визија и мисија, унапредување на комуникацијата, креативноста, како и во многу други развојни активности.

http://www.points-of-you.com/

Points of You® Train The Trainer обуката не е теоретско предавање. Обуката е искуствена, динамична и креативна, што значи дека, поминувајќи низ лично искуство, ќе се запознаете со ефектите кои ќе ги имаат вашите клиенти и корисници. Во рамките на обуката, ќе се запознаете со внимателно осмислени процеси за самостојна работа (лично за себе), индивидуални сесии и разговори (1:1) и групна работа. Во самата работа и дискусиите со другите учесници ќе добиете идеи како новостекнатите знаења да ги вклопите со вашето искуство, знаење и потреби и да креирате свои единствени програми и начини на применување.


Points of You® алатките – The Coaching Game и Punctum се креирани како игри.
Ја активираат креативноста и ги поттикнуваат учесниците да согледаат ситуации/теми од различни перспективи, да го дефинираат посакуваниот исход и да преземат акција. 


Обуката ја води: Ирена Јакимова
Единствен сертифициран тренер за Points-of-You® методологија во Македонија.


Со обуката добивате:

  • 2 алатки (The Coaching Game и Punctum) со вредност од 250 ЕУР
  • Прирачник со упатства за готови процеси
  • Сертификат за учество, со 6 ICF акредитирани CCEU’s поени (5.5 Core Competency, 0.5 Resource Development)
  • менторски разговор/средба во натамошната примена

Обуката се организира во мали групи до 12 учесници.

Нова група на:
23-ти и 24-ти март 2019

Своето место на Train The Trainer обуката можете да го резервирате на е-мејл адресатa contact@inspirit.mk или кај Душица Павлеска, на телефонскиот број 078 262 279.

Тука сме за сите потребни информации, разговор, искуствена презентација.

http://points-of-you.com

За тренерот:

Ирена Јакимова магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. 
Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Стотици компании и илјадници поединци поминале низ обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг, а сето е со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.

Квалификации:
– лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука и според ЕУ директивите;
– сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner;
– сертифициран тренер за Points-of-You методологија;
– сертифициранa за примена на SDI (Personal Strengths) методологија;
– сертфицирана за примена на PlayingBig методологија за женско лидерство;
– сертифициранa за Team Coaching & Deep Coaching (Marylin Atkinson, Erickson International);
– сертифициран Executive Leadership Coach – John Mattone Online University;
– сертифициран мастер тренер за услуга и комуникација во угостителство (Swiss Hotel Management Academy Lucern);
– EBRD Change Management Consultant.

Дали сте слушнале за Points of You®?

Дали сте слушнале за Points of You®?

Дали сте слушнале за Points of You®?
Have you heard about Points of You®?
A keni dëgjuar për Points of You ®?

 

Points of You® е уникатна креативна методологија и алатки за инспирирање, мотивирање, учење, водење, личен и професионален развој!

Сè во овој свет има бесконечно многу точки на гледање. Луѓето, предметите, местата, ситуациите, чувствата… гледиштата. Секој од нас има ограничена физичка перспектива. Кога стоиме на едно место, го гледаме само она што е пред нас. Кога нешто не можеме да разбереме или со нешто не се согласуваме, можеби само не ја гледаме целата слика. Кога заглавуваме во некоја ситуација, потребно ни е да се придвижиме и да бараме нови перспективи. Ова движење е нашата гледна точка (point of view). Тоа ги изострува нашите сетила. Оваа методологија ги инспирира луѓето да го прават токму тоа.

Points of You®, низ игра нè инспирира да бараме и да најдеме нови гледни точки.
Поединци, професионалци и компании ги користат овие алатки за да дојдат до одговори на прашања низ еден лесен, разигран, а моќен начин.

Користејќи универзален начин на поврзување – симболи, зборови и прашања, фотографии и изрази на лице во кои можеме самите да се видиме, ја менуваме нашата гледна точка. А кога ја менуваме нашата перспектива, откриваме нови работи, нови увиди, идеи, решенија за акција.

Со Points of You® до изненадувачки резултати!

 

Points of You® – Opening hearts and minds worldwide! ♥

Сега достапни и кај нас!

За повеќе информации –

  • за наши работилници
  • за примена во компании/организации
  • или како да ги набавите и да се обучите за нивна примена,

контактирајте нè на: 078 262 279 и contact@inspirit.mk
For more information contact us at: 078 262 279 and contact@inspirit.mk

www.points-of-you.com