ЕДНА СЛИКА, 1000 ЗБОРОВИ

ЕДНА СЛИКА, 1000 ЗБОРОВИ

Автор: Ирена Јакимова - професионален обучувач, ментор,
фасилитатор, executive coach, Сертифициран тренер за Points of You™
Извор: Е-весник на МАЧР - „Човечки капитал“ бр.10

Низ моето лично искуство како професинален обучувач, коуч, ментор и фасилитатор, од морето алатки и методологии што ни се на располагање за работа со луѓе, за работа со тимови, за работа со поединци, за работа со себе… во изминатите години правев комбинација од повеќе методи и пристапи… Зошто она што го најдов и го добивам со методологијата и алатките Points of You™, ги надмина сите мои очекувања , а и на професионалците што се обучија да ги користат?

Сум сведочела на позитивни реакции и процеси и кај многу аналитични умови, и кај скептици, и кај средношколци и кај возрасни, сериозни и конзервативни луѓе, и во корпорации, државни институции, невладини организации… Учесниците на работилниците/обуките/ сесиите доаѓале до нови идеи, одлуки и увиди, ја пронаоѓале длабоката смисла, поврзаност и сатисфакција од својата работа, од тимот на којшто му припаѓаат, започнувале да зборуваат за себе, меѓу себе…

Од каде, тогаш, доаѓа магијата во овие картички?      

Еве, како ја објаснува психологијата:

POINTS OF YOU™ се  сетови од картички со фотографии или зборови, комбинирани со музика, книги со приказни (story-telling) и работа со метафори. Секоја од фотографиите е внимателно продуцирана и доловува тема од секојдневниот живот или израз на лице. Таквиот квалитет на сликите овозможува тие да предизвикаат одредени реакции  кои клиентот тешко сам би ги искажал со зборови, со што фотографијата добива магична моќ.

Зошто? Секоја промена започнува токму тогаш кога личноста е подготвена да погледне на можноста и на работите од поинаква перспектива (point of view). Свесноста и целосната присутност на поединецот, овде и сега, се првиот чекор во поместувањето на постоечката перспектива, а со тоа и на ефектот кон личен, професионален и/или организациски развој. 

Клучната основа на Points of You™ методологијата е асоцијативна игра со картичките кои треба да обезбедат интеграција или поврзување на двете хемисфери на мозокот: левата хемисфера (задолжена за анализа) и десна хемисфера на мозокот (задолжена за креативност, интуиција и емоции). Како резултат на симултана стимулација на двете хемисфери и интеграцијата на емоциите и разумот, доаѓа до краток спој-синергија со која накратко се премостуваат одбранбените механизми во нашата свест. Со моментот на несвесна збунетост кај клиентот, со соодветни насоки се исклучуваат внатрешните контролни програми и строги правила на вообичаен начин на размислување („како би требало да биде“), со што клиентот се отвора за истражување нови, поинакви можности и препознавање опции што во секојдневната рутина не би ги земал предвид.

“Со интеграцијата на сликата и зборот истовремено влијаеме на двете страни на  мозокот. Симултаната стимулација создава посебен феномен: Нашите рационални и интуитивни реакции работат заедно, соединувајќи се, создаваат комплетно нови асоцијации.”

(Watraud Kirschke (1999) Secrets of the Peeling)


Одредени одговори за она што се случува во организмот за време на процесот, безбедува и невронауката (Neuroscience), особено за она што ја прави толку важна паузата за стекнувањето нови увиди, а којашто е дел од процесот на работа со Points of You™. Сознанијата до кои дошла Ewa Hartman, PhD (2015), професор и тренер за работа со Points of You™, укажуваат дека, од невро-научна гледна точка, одредени мисловни процеси може да се завршат само кога ние самите сме прибрани, сосредоточени на себе. Човечкиот мозок може да се оптовари од преголем опсег на информации и да не може да ги поврзе елементите во нова целина, односно увид. Токму затоа, во работилниците со Points of You се започнува со (музичка) Пауза.

Музиката придонесува за момент да се исклучиме себеси од морето мисли и идеи, го намалува нивото на стрес хормонот кортизол и му овозможува да умот се организира на поинаков начин. Прочистувањето на умот на овој начин создава простор за нови информации, што доаѓаат заедно со првата картичка. Без да се “расчисти” нашиот ум, вниманието останува расфрлано, и нашиот ум самиот не знае од каде да започне. Зголемените нивоа на кортизол го нарушуваат креативното размислување, што го отежнува иновативното размислување (Thinking out of the box). Без пауза, перцепцијата на она што се случува со картичките може да биде површна и минлива и не е многу задоволителна за учесниците во процесот. Според Hartman (2015) овие елементи се од фундаментално значење кога станува збор за напредните когнитивни процеси (стекнување подлабок увид и нова перспектива за проблемот на кој работиме).

Понатаму, таа вели: „Картичка, слика, збор, прашање…стимулација во контекст на одредена тема. Нашиот ум организира сè, ги подредува елементите на полиците и работи во шема позната само за себе толку долго додека не добие нова, интересна содржина која ги менува аранжманите во својот каталог. Без нови перспективи, постојано се вртиме во круг.  Сакаме различни резултати, но на крајот ги повторуваме истите акции што отсекогаш сме ги преземале.          
Со помош на картичките откриваме нови перспективи, создаваме нови и
нови невролошки патеки. Проширувањето на перспективите буквално го зајакнува нашиот ум и го одложува процесот на стареење. Колку повеќе перспективи, толку повеќе нови нервни патишта (синапси) во мозокот, полесно се забележуваат можностите, подобро се справуваме со промени, подобро комуницираме и ги менуваме убедувањата (beliefs) кои повеќе не ни служат.

Работата со картичките го оптимизира нашето интуитивно размислување. Според невронауката, нашата интуиција е складиште на нашите досегашни искуства, во комбинација со емоции. Интуицијата започнува кога треба да донесеме некаква одлука и веднаш започнуваме да работиме независно од нашата волја. Концентрирањето на картичките не само што ни овозможува да го смириме забрефтаниот ум, туку ни овозможува и да ги видиме и слушнеме сигналите што доаѓаат од нашата интуиција.

Преку слика или збор, ние си обезбедуваме нови стимули што го насочуваат нашето внимание кон различни места. Благодарение на тоа, наместо да го слушаме истото што секогаш го слушаме од нашата интуиција во слични ситуации, можеме да слушнеме нешто ново.

Работата со картичките овозможува полесно да комуницираме. Кога комуницираме преку слики, ги споделуваме информациите на друг начин. Ги заобиколуваме одбранбените механизми на умот кои директно го придружуваат нашиот вербален говор. Дури и најдобриот фидбек може да се земе како напад, примателот сака да се одбрани од потенцијалните непријатности што доаѓаат и се врти кон борба, спротивставување или предавање. Оваа состојба ја ослабува взаемната комуникација, ја нарушува меморијата и го отежнува извлекувањето заклучоци, па тогаш можеме да заборавиме на взаемното разбирање. 

Ако резимираме: низ работата со Points of You™ се зајакнува невропластичноста на човековиот мозок, преку што се обезбедува модерна алатка за себеси и на другите да им овозможиме поголем избор и поддршка во процесот на раст и развој.   

Програма за женско лидерство

Програма за женско лидерство!

Да се охрабрат жените во компаниите и организациите да исчекорат, да креираат и да го искористат својот целосен потенцијал!

Дали барате нови начини да станете видлив лидер во вашата компанија? Дали сакате да разберете зошто и како се сокривате? Дали сакате да научите да дејствувате со поголеми и лесни чекори?
Нашата програма за женско лидерство нуди убава шанса да бидете подобар лидер за себе, за својот живот, за луѓето што ви значат, за компанијата каде што работите, за општеството!

Жените се соочуваат со уникатни предизвици на работното место, во комбинација со сите улоги од животот. Исто така, жените додаваат уникатна вредност и единствена перспектива во компаниите. Тие имаат многубројни идеи, ја подобруваат комуникациската динамика и придонесуваат за поголема конкурентност на компаниите.
Жените носат значителни придобивки во светот на бизнисот!

Ретка можност за менаџерки од иста компанија/организација да се соберат на едно место и да ги разменат своите искуства во една комфорна, релаксирана средина каде ќе допрат до себе, до својот потенцијал, до своите вистински способности, лидерски капацитети и соништа, а преку длабоко запознавање на специфичните процеси на размислување, носење одлуки и дејствување, карактеристични за жените.

Програма за женско лидерство сите жени што се прашуваат себеси:

  • Која сум јас за да направам разлика?
  • Дали сум способна да го направам тоа?
  • Дали можам да успеам во овој бизнис, во овој проект, во ова хоби, во оваа функција, во оваа улога, овој потфат?
  • Дали смеам?

Оваа програма е за сите вас!

Жени со големи таленти, идеи и визија. Жени што не ја гледаат својата извонредност! Жени што ги задржуваат за себе своите идеи, наместо да ги споделат! Жени што ги одложуваат проектите и смислуваат куп изговори за да играат на ситно и на сигурно!

Со поддршка од искусен тренер и проверени светски методологии, оваа програма ќе ви помогне да достигнете ново ниво на самодоверба и поголемо чувство на сопственост над сопствениот лидерски потенцијал. Воедно, со поширока слика и можности за целиот животен баланс и лична среќа.


Придобивки за учесниците:

  • осознавање на личниот потенцијал;
  • поголема самодоверба во сè што правам;
  • намалување на чувството дека сум премногу млада, премногу стара или не сум доволно експерт за да го направам она што го сакам;
  • препознавање на внатрешните процеси на размислување;
  • препознавање, прифаќање и одговор на стравите што го ограничуваат мојот напредок;
  • полесна комуникација и изразување;
  • намалување на чувството на зависност од одобрување од другите луѓе и полесно соочување со критиките што доаѓаат кога правиме нешто важно или иновативно;
  • преземање мали, ама похрабри акции;
  • подобрување на лидерското присуство и влијанието како лидер;
  • одржување долгорочни акции за да се стигне до сопствените цели, до она што се сака;
  • дружење со другите жени, менаџерки и лидерки, размена на искуства и мислења, чувство дека не сте сами и единствени;

ПРАВЕЊЕ ПОГОЛЕМИ ЧЕКОРИ И ПОКРАЈ СОМНЕЖИТЕ, СТРАВОТ И ЧУВСТВОТО НА ВИНА!

Придобивки за организацијата:

  • Учесничките стекнуваат вештини и алатки кои ќе ги направат поефективни;
  • Комбинацијата од обука и коучинг, заедно со применливи техники, им овозможува на учесничките да го осознаат сопствениот потенцијал и ПОБРЗО, ПОХРАБРО, ПОЛЕСНО да го пренесат своето знаење во пракса, а тоа да донесе поврат на инвестицијата;
  • Искористување на моќта од разновидноста во вашата организација. Истражувањата покажуваат дека лидерски тимови составени и од мажи и од жени, се поуспешни.
  • Придобивки од позитивните ефекти преку зголемување на самодовербата и подобрување на лидерските вештини кај жените менаџерки.
  • Задоволство, баланс, припадност.

Користиме светски применети методологии што даваат резултати.

1. Coaching for Excellence
2. Points-of-You (www.points-of-you.com)
3. Playing Big – Tara Mohr

Програмата се состои од повеќе модули, коишто можат различно да се организираат (неделни средби, 3-дневен retreat надвор од градот). Побарајте ја најсоодветната понуда за Вас!

Побарајте повеќе информации или понуда за вашата компанија на:

contact@inspirit.mk или
078/ 262 – 279

A NEW MODEL OF LEADERSHIP, ONE THAT ACKNOWLEDGES AND EMBRACES THE COMPLEX REALITIES OF WOMEN’S LIVES. PLAYING BIG IS THE PERFECT CATALYST FOR ANY WOMAN WHO WANTS TO GO OUTSIDE HER COMFORT ZONE, FIND HER VOICE, AND EMBRACE THE BIGGEST POSSIBILITIES OF HER LIFE.

Kelly McGonigal, PH.D.

ЛИДЕРСКИ КОУЧИНГ ЗА ТОП МЕНАЏЕРИ


Executive Coaching – Improved Results!

Лидерскиот коучинг е индивидуален процес на работа
со професионален личен тренер којшто Ви помага да го постигнете Вашиот потенцијал и да го ослободите потенцијалот на Вашиот тим!

Денес на топ менаџерите им е потребен широк спектар вештини од области на лидерство, менаџмент, финансии, комуникации и преговарање, мотивирање луѓе, намалување на стресот, одржување силна врска со себе и со големата визија на компанијата…

За генералните директори и извршни менаџери, за кои традиционалните организациски обуки веќе не се релевантни, коучингот е начин преку кој што се развиваат и стануваат поефективни. Коучингот е практично и исплатливо решение кое ќе Ви ги даде резултатите што Ви се потребни.

Лидерскиот коучинг е особено ефективен процес за брзо развивање лидерски и менаџерски вештини и зголемување на придонесот кон сопствената организација.

Во процесот на водење на компанијата и развојот на други лидери и менаџери, не сте сами. Не мора сами да го одите патот. Што мислите за можноста да Ве води и поддржува професионалец кој/а ги има собрано, селектирано знаењата, искуствата, лични и светски, притоа користејќи врвни светски методологии на применета психологија за успешност?

Со лидерски коучинг им помагаме на извршните менаџери да стекнат поголемо влијание при комуникацијата, да станат вешти при водењето луѓе, активности и проекти, успешно да ги решаваат предизвиците, можностите и потешкотиите со кои се соочуваат во компанијата и секојдневното работење.
Преку лидерски коучинг се доаѓа до поголемо самоспознавање на чувствителните страни, развивање на силните страни и подобрување на лидерски способности. Лидерскиот коучинг е особено ефективен процес за брзо развивање лидерски и менаџерски вештини и зголемување на придонесот кон сопствената организација.

НАДМИНЕТЕ ГИ ПРЕДИЗВИЦИТЕ
И РАСТЕТЕ КОН РЕЗУЛТАТИТЕ!


За кого е наменет?

За лидери и топ менаџери кои сакаат:

  • да ги подобрат лидерските вештини;
  • да ја зајакнат самодовербата;
  • да постигнат поголеми резултати;
  • да ги подобрат комуникациските вештини;
  • да ги подобрат способностите за преговарање;
  • да бидат повлијателни;
  • да ги подобрат авторитетот и кредибилитетот;
  • да го намалат стресот;
  • да го зголемат задоволството од работата и животот;
  • да развијат подобра организациска свест;
  • да бидат поефикасни и попродуктивни;
  • да донесуваат поквалитетни одлуки;
  • да напредуваат.

Во текот на овој процес, кој може да биде од неколку месеци, вашиот тренер ќе работи доверливо со вас на спроведување моќни стратегии кои ќе придонесат за зајакнување на вашите лидерски способности додека истовремено ќе ги зајакнуваат и вашите можности за професионален развој – прво се зајакнува „внатрешното јадро“, како основа за зајакнување на „надворешните“ лидерски вештини.


Извршните менаџери кои користеле лидерски коучинг, велат дека им помага за:

  • поефикасно управување со комплексни организациски промени;
  • максимирање на своето влијание во организацијата;
  • зголемување на ефективноста;
  • инспирирање и поттикнување на повисоко ниво на извршување на задачи и активности од другите во организацијата;
  • развивање на стил на лидер со кој можат да се идентификуваат;
  • создавање на моќни и ефективни односи;
  • поголемо задоволство, како професионално така и лично.

Конечно, лидерскиот коучинг може да направи топ менаџерите да бидат повеќе свесни и да имаат поширока перспектива за организацијата и за нивната улога во неа.

Побарајте понуда и разговор за да се уверите дали она што го имаме
е токму она што сега Ви е потребно.

contact@inspirit.mk | 078/ 261 298


Се фокусираме на тоа нашите клиенти
да го максимираат својот потенцијал
и да постигнуваат важни резултати!

Нашата филозофија:

  • Работиме во процес кој вклучува проценка, планирање, имплементација и евалуација;
  • Започнуваме со проценка на силните страни на менаџерите, кои се клучни за нивниот успех и работиме на нивно искористување;
  • Ги идентификуваме факторите за успех на нашите клиенти и подготвуваме планови за остварување на нивната посакувана иднина;
  • Ги истражуваме внатрешните ресурси на менаџерите, и низ моќни прашања, развиваме стратегии за надминување на бариерите за успех.

Да бидете успешен лидер, потребни ви се вештини за брзо адаптирање и напредување во променливи средини. Одличните лидери ги учат и поддржуваат другите да на тоа, исто така.
Ние ги учиме личностите да стекнат знаење, вештини и самодоверба за успех, и како индивидуа и како дел од тимот.

Некои од областите кои се опфаќаат низ процесот на лидерски коучинг (executive coaching):

  • Премин кон лидерство
  • Применето стратешко размислување
  • Квалитети на лидерство
  • Иновации и промени
  • Развивање на тренинг вештини
  • Водење на групи кон решенија
  • Ефективни комуникациски вештини
  • Развивање на аналитички и иновативни капацитети за размислување

За дополнителни информации контактирајте нѐ на: 078/ 261 298
Побарајте понуда на contact@inspirit.mk

POINTS OF YOU®  L.1  HELLO POINTS!

POINTS OF YOU L.1 CERTIFICATION

HELLO  POINTS  WORKSHOP

Дали сте коуч, обучувач, тренер, терапевт, психолог, кариерен советник, консултант, наставник, HR менаџер, лидер, водач на тим или, едноставно, човечко битие со љубопитен ум?

Искусете низ игра и личен и професионален развој како да ги применувате Points of You® алатките.

Hello Points е искуствена обука, на која ќе се запознаете со феноменалната Points of You® методологија и ќе научите како да ги користите и интегрирате алатките и процесите во секојдневната работа. Воедно, ќе добиете незаборавен ден за длабока работа на себе.

Запознајте се со револуционерната методологија во светот на коучингот, тренингот, човечките ресурси, личниот и професионалниот развој, методологија која што ги подобрува креативноста и продуктивноста кај поединците и тимовите, методологија која што ги отвора за дискусија и најинтровертните и аналитични индивидуи…
Професионалци од различни области ширум светот успешно и со задоволство ги користат Points of You® алатките во различни облици на развојна работа со возрасни, млади и деца, преку индивидуална и/или групна работа.

Добредојдовте во светот на Points of You®. 

Со поминувањето на Hello Points работилницата, станувате Points of You® Explorer и можете слободно да започнете со примена на алатките и методологијата во вашата работа. 


ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ? 

Points of You® концептот (www.points-of-you.com)
Светот на Points of You® и како оваа методологија функционира

Points of You® картичките
Ќе научете како да користите ексклузивна техника на набљудување фотографии за да добиете нови гледни точки (points of view), увиди, идеи и можни решенија.

Процес наречен „Zooming In” со примена на приборот (сетот алатки) „The Coaching Game“.
Ќе поминете низ брз состанок со своите мисли и увиди. Ќе го почувствувате забавниот и лесен процес што оди изненадувачки длабоко и носи нови идеи, увиди и можни следни чекори на разни теми.

Процес наречен „My Story“ со примена на приборот „Punctum“
Ќе ја создадете вашата животна приказна преку брилијантиот Punctum.

Процесите со примена на индивидуални шеми за работа.
Ќе ги напишете своите мисли и чувства со наменски тренерски алатки за самоистражување и работа со други лица еден-на-еден (ваши клиенти, вработени, ученици, семејство…)


LEVEL 1 ОБУКАТА ВКЛУЧУВА:

Работилница со практична работа, споделени совети, искуства и насоки
Hello Points
6 часа работа + ручек и кафе-паузи

Points of You алатки (прибори, сетови)
The Coaching Game (со вредност од $198)
Punctum (со вредност од $92)

L.1 Concept Pack
Прирачник
L.1 ексклузивен сет дополнителни картички
Платнена торба


L.1 Сертификат за учество – Points of You® Explorer

6 ICF акредитирани CCEU’s поени (5.5 Core Competency, 0.5 Resource Development)


Обуката ја води: Ирена Јакимова, Сертифициран тренер за обучување на Points-of-You® методологија.


За повеќе информации контактирајте нѐ на:
contact@inspirit.mk или +389 78 261 298


www.points-of-you.com

www.points-of-you.academy/level-1/

Преку развој на вештините до максимално искористување на потенцијалите

Отворено студио 1, 1TV.mk

„Секој од нас се развива како индивидуа, како личност, без разлика која професија ја работи или на која работна позиција, функција е во моментот. Мора внатрешните свои особини како личност, како знаења, како начин на размислувања, како вештини, да ги развива постојано за да има нови успеси и резултати, да може да влијае на другите, да биде лидер, лидерка, пример, да води тимови, да води своја компанија, да води некој проект или што и да е примената.

Личен развој е она кое што ние го работиме кај луѓето во областа на личноста, она што го нарекуваме псиологија или ние какви сме како типови на личност. И нашата работа често оди и во професионалниот развој“

Ирена Јакимова, за Отворено студио 1 на 1TV.mk