Покрај тоа, со нивните прашања, тие не’ присетија и на нашето богато искуство во маркетинг, комуникации и односи со јавноста, од кога ние двете и се познаваме…а, тоа е одамна
– Како сме поминале од маркетинг во личен и професионален развој на луѓето,
– како градиме и поддржуваме лидер(к)и,
– како ни помагаат знаењата и искуствата од маркетинг,
– што мислиме за денешната состојба на жената и за влијанието на маркетингот врз жената….
Минатата недела, со поглед кон океанот и во друштво на мирисот што го носи ветерот, некаде таму… најдов време и да напишам одговори на прашања од драгата Maja Ravanska од моите драги и ценети Лице в лице. Единствени. Некаде овде.
Може да се стигне сѐ кога е во склад со нашите вредности, желби и чувство на живост…Бидете трпеливи и истрајни, менувајте кога треба нешто, но, не се откажувајте!
Ве канам да прочитате, може ќе ве инспирира и мотивира за некои ваши желби, пасии…
Јакимова во интервјуто говори и за сопствените „станувања“ и „паѓања“, за животната сила, за тешкотиите…„ Животна мотивација ми е некоја внатрешна сила, spirit, која ме крева, ме учи како да гледам на тешкотиите, ме учи како да учам и да постапувам поинаку ако треба, ме учи: „Кога е тешко и уморна си, не откажувај се, одмори се.“- вели Јакимова.