Покрај тоа, со нивните прашања, тие не’ присетија и на нашето богато искуство во маркетинг, комуникации и односи со јавноста, од кога ние двете и се познаваме…а, тоа е одамна
– Како сме поминале од маркетинг во личен и професионален развој на луѓето,
– како градиме и поддржуваме лидер(к)и,
– како ни помагаат знаењата и искуствата од маркетинг,
– што мислиме за денешната состојба на жената и за влијанието на маркетингот врз жената….
Минатата недела, со поглед кон океанот и во друштво на мирисот што го носи ветерот, некаде таму… најдов време и да напишам одговори на прашања од драгата Maja Ravanska од моите драги и ценети Лице в лице. Единствени. Некаде овде.
Може да се стигне сѐ кога е во склад со нашите вредности, желби и чувство на живост…Бидете трпеливи и истрајни, менувајте кога треба нешто, но, не се откажувајте!
Ве канам да прочитате, може ќе ве инспирира и мотивира за некои ваши желби, пасии…
Јакимова во интервјуто говори и за сопствените „станувања“ и „паѓања“, за животната сила, за тешкотиите…„ Животна мотивација ми е некоја внатрешна сила, spirit, која ме крева, ме учи како да гледам на тешкотиите, ме учи како да учам и да постапувам поинаку ако треба, ме учи: „Кога е тешко и уморна си, не откажувај се, одмори се.“- вели Јакимова.
Благодарност до Сојузот на стопански комори и Националната платформа за женско претприемништво за поканата да го снимиме ова интервју за проект што го промовира женското претприемништво.
Видеото го снимивме на крајот на 2023, но, доаѓа во вистинскиот момент, во месецот кога со Inspirit Coaching славиме 8 години постоење и создавање.