За тренерот:

Ирена Јакимова е магистер по бизнис администрација (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во комуникации, односи со јавноста, маркетинг, продажба, претприемништво, менаџмент и лидерство. Во текот на нејзиното работно искуство од преку 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Била директор на McCann-Erickson, партнер-организатор на London School of Public Relations, одговорна во сектор за комуникации на Обединетите Нации во кабинетот на Постојаниот претставник и др. Еден од основачите на Македонската Асоцијација на Маркетинг Агенции, еден од директорите во бордот на директори при AmCham и др.
Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Стотици компании и илјадници поединци поминале низ обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг, а сето тоа со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.

Квалификации:

  • лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука и според ЕУ директивите;
  • сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner,
  • сертифициран тренер за Points-of-You методологија и за обука на други,
  • сертифициранa за примена на SDI (Personal Strengths) методологија,
  • сертфицирана за примена на PlayingBig методологија за женско лидерство,
  • сертифициранa за Team Coaching & Deep Coaching (Marylin Atkinson, Erickson International),
  • сертифицирана за Executive Leadership Coach – John Mattone Online University, Master Coach UK
  • сертифициран мастер тренер за услуга и комуникација во угостителство (Swiss Hotel Management Academy Lucern),
  • сертифициран коуч за раст на бизнисот (за сопственици на бизнис, специјализација за жени),
  • EBRD Change Management Consultant.