Гостување на Ирена Јакимова во емисијата “Дипломатија и бизнис“

Гостување на Ирена Јакимова во емисијата “Дипломатија и бизнис“

Драги жени,

со вас овде ја споделувам снимката од синоќешната емисија “Дипломатија и бизнис”.

Среќна сум што бев поканета да зборувам за коучинг и за мојата работа, а уште посреќна од фактот како ме нашол водителот – случајно, по интуиција, на интернет, па после истражил повеќе и ме контактираше.

П.С. Огрлицата што ја носам е дело и подарок од нашата дизајнерка Ana Stojanovska

Таа сакаше јас да ја носам, јас сакам уникатни авторски парчиња, особено од домашни авторки и… навистина сме добар спој ✨

Целата емисија може да ја проследите тука.

Жената лидер – жената бизнисмен | Sitel Podcast 064

Жената лидер – жената бизнисмен | Sitel Podcast 064

Овде го споделувам гостувањето во подкастот за личен развој и воедно ве канам како мала вежба, да си размислите и запишете каква ви беше неделава:

  • Која бев неделава?
  • Каква бев за себе?
  • Кои емоции најмногу живееја во мене?
  • Што направив за своите важни делови од животот?
  • Каква бев за својата работа/бизнис/професија?
  • Што научив неделава?
  • Која лекција ми се повтори?
  • Кои ми беа најубавите моменти?
  • Кои успеси/победи ќе си ги прославам?
  • Што ми беше потребно?
  • Дали и како то го добив? Како го побарав/зедов?
  • Што дадов неделава? Каде, како, на кој начин?
Интервју за Лице в лице: „Важна лекција е да побараме помош и водство“

Интервју за Лице в лице: „Важна лекција е да побараме помош и водство“

Минатата недела, со поглед кон океанот и во друштво на мирисот што го носи ветерот, некаде таму… најдов време и да напишам одговори на прашања од драгата Maja Ravanska од моите драги и ценети Лице в лице. Единствени. Некаде овде.

Може да се стигне сѐ кога е во склад со нашите вредности, желби и чувство на живост…Бидете трпеливи и истрајни, менувајте кога треба нешто, но, не се откажувајте!

Ве канам да прочитате, може ќе ве инспирира и мотивира за некои ваши желби, пасии…

👉 Целосното интервју можете да го прочитате тука: https://licevlice.mk/irena-jakimova-vazhna-lekcija-e-da…/

Интервју за Агенција Марили – Жената треба силно да верува дека може, смее и има право да напредува

Интервју за Агенција Марили – Жената треба силно да верува дека може, смее и има право да напредува

Јакимова во интервјуто говори и за сопствените „станувања“ и „паѓања“,  за животната сила, за тешкотиите…„ Животна мотивација ми е некоја внатрешна сила, spirit, која ме крева, ме учи како да гледам на тешкотиите, ме учи како да учам и да постапувам поинаку ако треба, ме учи: „Кога е тешко и уморна си, не откажувај се, одмори се.“- вели Јакимова.

Линк до објавата.

Интервју за Женски магазин – Ги будиме заспаните делови во луѓето

Интервју за Женски магазин – Ги будиме заспаните делови во луѓето

Најчесто го саботираме оној дел од нас што нè заплашува, што го загрозува нашиот комфор, секојдневие. Го саботираме она што би нè направило поголеми и поуспешни. Честопати се саботираме за да не ги загрозиме другите, поради стравот од осуда, поради стравот за да не останеме сами, вели Јакимова

Целосното интервју можете да го прочитате тука:

https://zenskimagazin.mk/budime-zaspani-delovi-od-lugjeto-gi-vodime-kon-novi-rezultati-intervju-so-irena-jakimova-trener-za-lichen-razvoj

Интервју за Brainster: „Работата со луѓе, да го достигнат својот максимален потенцијал – е она што ме мотивира и ми ја полни душата.“

Интервју за Brainster: „Работата со луѓе, да го достигнат својот максимален потенцијал – е она што ме мотивира и ми ја полни душата.“

М-р Ирена Јакимова се приклучи на тимот од професионалци кои ги креира Brainster+ курсевите како инструктор на два особено важни курсa: Емоционална интелигенција или како да управуваме со своите емоции и Интерперсонални вештини или вештини за односи со луѓето.

Прочитајте повеќе во интервјуто на следниот линк: