Јакимова во интервјуто говори и за сопствените „станувања“ и „паѓања“, за животната сила, за тешкотиите…„ Животна мотивација ми е некоја внатрешна сила, spirit, која ме крева, ме учи како да гледам на тешкотиите, ме учи како да учам и да постапувам поинаку ако треба, ме учи: „Кога е тешко и уморна си, не откажувај се, одмори се.“- вели Јакимова.
“Најчесто го саботираме оној дел од нас што нè заплашува, што го загрозува нашиот комфор, секојдневие. Го саботираме она што би нè направило поголеми и поуспешни. Честопати се саботираме за да не ги загрозиме другите, поради стравот од осуда, поради стравот за да не останеме сами, вели Јакимова“
М-р Ирена Јакимова се приклучи на тимот од професионалци кои ги креира Brainster+ курсевите како инструктор на два особено важни курсa: Емоционална интелигенција или како да управуваме со своите емоции и Интерперсонални вештини или вештини за односи со луѓето.
Честитки до Marili Agencija и Лидија Трипуновска за промоцијата на успешни жени во бизнисот, веќе 28 години!
На жените им е потребна видливост и примери. Голема благодарност за честа, годинава и јас да бидам во ова друштво на наградени жени.
Честитки до сите добитнички! Секоја остава печат на свој начин, а сигурна сум дека ги има уште многу за награда.
Убаво е и без награди, кога задоволството доаѓа однатре и од резултатите на клиентите. Убаво е и со награда, зашто таа дава уште повеќе светлина на она што го работиме и допринесуваме со нашата работа, со многу стручност, посветеност и пасија. Дава некоја дополнителна радост…
Се трудам мојот живот и мојата работа да бидат пример за резилиентност, за личен развој, за одење напред покрај многу тешкотии, а, сепак со насмевка, со креација и со леснотија.
Го живеам она што го подучувам, раскажувам за она што го работам.
Така можам да покажам што се’ е можно и да инспирирам и други…