by admin | Јул 24, 2018 | Обуки
ОБУКА ЗА ЕФЕКТИВНА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМУНИКАЦИЈА
Истражувањата велат дека луѓето кои се успешни во која било сфера од животот, тоа го постигнале во голем дел и со ЕФЕКТИВНА комуникација.
Со обуката за ефективна професионална комуникација:
- Научете и извежбајте ги главните фактори во напредната, влијателна и харизматична комуникација (еден-на-еден, групна динамика, други прилики, како продажба или односи со клиенти, менаџирање, мотивирање или комуникација во тимот).;
- Проектирајте самоуверен личен и професионален имиџ;
- Научете како вашите идеи да бидат полесно прифаќани, вашата комуникација да има влијание и да предизвика дејство;
- Дознајте и затворете ги „слабите точки“ во вашата комуникација, испраќајте попрецизни и појасни пораки;
- Научете да ги „читате“ луѓето. Распознајте ги различните типови и состојби на личностите и како да комуницирате со секој од нив;
- Ослободете се од стресот што го произведуваат некои „тешки“ ситуации;
- Овозможете си повеќе задоволство во работата и поголемо чувство на реализираност на секое поле.
Инспирит Коучинг организира уникатната, применлива и моќна обука за ефективна комуникација, во којашто, со врвни и искусни тренери и коучеви, имате можност да го добиете следното:
По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат способни:
А) да го разбираат целиот процес на комуникација (еден-на-еден, групно)
Б) да ги препознаваат своите внатрешни состојби, шеми/програми на размислување, вредносниот систем што ги мотивира, како и вредностите и програмите на размислување на соговорникот
В) да ги применуваат зборовите и говорот на телото на најсоодветен начин за ефективна комуникација
Г) да ги препознаваат нијансите во реакциите на соговорникот и соодветно на тоа да ја модифицираат својата комуникација, со цел постигнување на своjaта намера и почитување на другата страна
Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци.
Секој учесник добива:
- работни материјали,
- сертификат за учество,
- меѓународен личен профил по Personal Strengths, со упатства (вредност 20 ЕУР).
Тридневна обука за ефективна комуникација.
Групата е ограничена на 10 учесници.
Пријавување на: contact@inspirit.mk,
078/ 262 279 и (02) 6 092 630
Контактирајте не и за понуда креирана според видот и потребите на вашата компанија!
За тренерите:
Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths), мастер тренер за комуникација и квалитет на услуга од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн, сертифициран коуч за раст на бизнис и други методологии. Таа е магистер по деловна економија со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, рекламирање, комуникации, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, ја фокусира нејзината работа со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси во насока кон раст на бизнисот и на поединецот.
Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој е инженер по Електроника и Телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија.
by admin | Јул 4, 2018 | Обуки
ОБУКА ЗА ЈАВЕН НАСТАП
Можноста да се зборува пред публика, независно дали пред тројца или пред триста луѓе, претставува шанса да ја пренесете вашата идеја, вашата порака, да го продадете вашиот бизнис, услуга или производ на таа публика. Сепак, една од најголемите препреки со кои се соочуваат луѓето, е стравот од ЈАВЕН НАСТАП.
Со бројни интервјуа за работа, групни состаноци, презентации, работилници и јавни настани, сè повеќе и повеќе луѓе ја разбираат важноста на развивањето добри комуникациски вештини во нивната компанија. Сепак, поголемиот дел од извршните директори и вработените продолжуваат да ја занемаруваат и не ја забележуваат користа на јавното говорење, оставајќи го напредокот и подобрите можности во кариерата на оние кои прават проактивни чекори да ја совладаат оваа вештина.
Може да ги имате најдобрите производи или услуги, години искуство или брилијантна бизнис идеја, ако сето ова не го пренесете на целната публика, ја ограничувате вашата ефективност и успешност. Многу често, најдобрите инспиративни приказни во организациите и компаниите остануваат некажани, поради колебливоста или стравот на тие луѓе да ја заземат сцената.
Независно дали вашата цел е подобрување на професионалниот развој, подигање на бизнисот на повисоко ниво, поттикнување и мотивирање на луѓето да ве следат, ќе треба да ги усовршите вештини за да ги пренесете вашите идеи пред група луѓе, а тоа да биде јасно, структурирано и харизматично.
Уметноста на јавното говорење има многу предности кои одат подлабоко од само презентирање на проект или одржување успешен состанок.
Затоа, ја подготвивме за вас оваа обука за Јавен настап за да добиете усовршување на самодовербата и процесот, за трајни позитивни ефекти и харизматични настапи. Дознајте зошто беа задоволни од оваа обука за Јавен настап веќе стотина учесници, од разни професии, компании, приватни, јавни и меѓународни институции.
Со примена на невро-биологија и лингвистика, НЛП модели и техники, како и основни правила од односите со јавноста (PR), преку упатства, насоки и практични вежби, по оваа обука за Јавен настап, учесниците се способни:
- да се подготват за јавен настап (public speaking) со поголема леснотија, јасна намера и структура;
- да ги препознаваат своите внатрешни пречки и да ги отстранат, за да ја намалат тремата и нелагодноста;
- полесно да настапат и на медиуми, како и да дадат кратка изјава ако им биде побарана без подготовка.
Контакт:
contact@inspirit.mk,
078/ 262 279 и (02) 6 092 630
За тренерите
Ирена Јакимова магистер по деловна економија (MBA на Универзитетот на Шефилд), со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, комуникации, односи со јавноста, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното работно искуство од преку 20 години, работела во и со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Била директор на McCann-Erickson, организатор на London School of Public Relations, одговорна во сектор за комуникации на ООН во кабинетот на Постојаниот претставник и др. Еден од основачите на Македонската Асоцијација на Маркетинг Агенции, еден од директорите во бордот на директори при AmCham и др.
Последните 8 години, таа работи со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети. Стотици компании и илјадници поединци поминале низ обуки (тренинг), тимски коучинг или тим билдинг, индивидуален (еден-на-еден) коучинг и тренинг, а сето е со цел растење и зголемување на нивните можности и остварување подобри резултати. Основач е на Инспирит Коучинг.
Квалификации:
– лиценциран обучувач за возрасни, според пропишаните барања и програма на Министерството за образование и наука и според ЕУ директивите;
– сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner,
– сертифициранa за Points-of-You методологија,
– сертифициранa за примена на SDI (Personal Strengths) методологија,
– сертфицирана за примена на PlayingBig методологија за женско лидерство,
– сертифициранa за Team Coaching & Deep Coaching (Marylin Atkinson, Erickson International),
– сертифициран Executive Leadership Coach – John Mattone Online University
– сертифициран мастер тренер за услуга и комуникација во угостителство (Swiss Hotel Management Academy Lucern),
– EBRD Change Management Consultant.
Коста Карпузовски е сертифициранNLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој е инженер по Електроника и телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија. Особено искуство има во областа на подготовка на поединци за водење и настапи на состаноци, преговори и презентации.
by admin | Јул 4, 2018 | Програми
ТИМ БИЛДИНГ
• WORKING BETTER TOGETHER •
Дали се согласувате дека ефикасните тимови носат високи резултати?
Ако се согласувате дека ефикасноста на тимовите се зголемува со подобро меѓусебно познавање и почитување, со давање поддршка и одење во иста насока, ако веќе размислувате до каде сте со остварување на целите за 2018та година.
Сега е вистинското време да направат мала пауза, преглед на состојбите, односите, динамиката и да се фокусирате на она што е добро и на она што може да се подобри/усоврши во тимот (тимовите) за во иднина.
Нашата уникатна работилница ќе Ви помогне успешно да креирате позитивна и мотивирачка атмосфера за Вашиот тим, и да се соочите со новите предизвици и цели. Претходните успешни работилници и ефектите од нив ни потврдија дека менаџерите на компаниите се задоволни од придобивките од нашата работа.
Низ овие наши работилници, Вашиот тим се запознава подобро, се зближува на еден лесен и креативен начин и така креира нова синергија. Ќе добиете одговори за предизвиците со кои се соочувате и ќе ги осознаете вредностите и визијата на тимот, а тоа води кон создавање нови стратегии за напредување и постигнување на зацртаните цели.
Ако сакате со Вашата наредна работилница да креирате забавно, трајно и силно искуство за коешто вработените ќе зборуваат со денови, побарајте понуда за полудневна работилница (тимски coaching) или, пак, за продолжени верзии. На тој начин, долгорочно инвестирате во Вашиот тим.
Во ИНСПИРИТ Коучинг секогаш можеме дополнително да разговараме за потребите на вашиот тим, да договараме заеднички насоки, програми, цели и методи.
Методологија: Points-Of-You®
www.points-of-you.com
ТРИ главни причини зошто оваа метода функционира најдобро:
- Сликите остануваат подолго со нас. Истражувањата покажуваат дека по период од три дена, во нас останува 60 % од она што сме го виделе и 10 % од она што сме го слушнале. Подолгото задржување на одлуките и „А-ХА“ моментите во мислите се клучни за постигнување реални промени во однесувањето.
- Одговорот на фотографиите е физиолошки. Оваа алатката се применува и се прифаќа без оглед на возраста, јазикот или културата. Во работни средини со различен состав на вработените, ова е од особена важност.
- Кога луѓето се поврзуваат едни со други, тие помалку ги штитат своите мислења и помалку ги осудуваат мислењата и идеите на другите. Со други зборови, фотографиите го надминуваат нивото на застапувањето на личните идеи и водат кон проширување на видиците и отворање за идеите на другите во тимот.
Користење на фотографиите и зборовите
во тимскиот коучинг со Вашиот тим,
има моќ да ја трансформира комуникацијата,
врските, соработката и перформансите.
Контакт:
contact@inspirit.mk
078/ 262 279 и (02) 6 092 630
ДОКОЛКУ СТЕ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР,
ДОЗНАЈТЕ КАКО МОЖЕМЕ ДА ВЕ
ПОДДРЖИМЕ СО EXECUTIVE
COACHING ПРОГРАМАТА.
by admin | Фев 20, 2018 | Колумни
Се ближи крајот на уште една календарска година и веќе почнуваме да ги одредуваме целите и да ги правиме плановите за тоа што сакаме да го постигнеме и да го достигнеме во новата година.
Автор: Ирена Јакимова, irena.jakimova@inspirit.mk
Доаѓа 2018 година. Правиме анализи, планови, резиме на сето тоа што се случувало… Редиме желби и цели. Некои ги запишуваме, некои ги чуваме во себе. И додека тоа го правиме, додека сумираме какви биле нашите успеси и постигнувања, до каде сме стигнале, што ново сме научиле, што сме се обиделе поинаку и слично, една тема од областа на комуникацијата си го бара своето место.
Дали сме се запрашале и искрено сме одговориле на следново:
- Кој е нашиот најголем деловен партнер?
- Кој е нашиот најдобар пријател?
- Кој е нашиот најверен животен сопатник?
Имаме можност да размислуваме и да набројуваме, но ако успееме бргу да се сетиме дека тоа сме ние самите, се отвора нов пат до еден голем личен успех. Тоа нè води кон следното прашање: Како комуницираме со себе?
Дали сме го забележале внатрешниот глас, кој постојано и неуморно работи? Каков е тој глас? Каков му е тонот, брзината, висината? Дали е строг, отсечен и груб или мек, топол и охрабрувачки? Дали нèсече како остар нож или турпија или, пак, е како топла мека наметка, блага рака спуштена на рамото, која истовремено ни нуди чаша ароматично вино или шолја топол чај?
Дали сме го забележале внатрешниот глас, кој постојано и неуморно работи? Каков е тој глас? Каков му е тонот, брзината, висината? Дали е строг, отсечен и груб или мек, топол и охрабрувачки?
Додека ги читате овие редови, ги замислувате и ги чувствувате тие две различни состојби, добивате различни мотивации. Така е и со вашиот глас, тој со кој се обраќате себеси.
Сите имаме некој внатрешен глас, можеби и повеќе. Со него ги анализираме надворешните настани и случувања, а со него комуницираме и со себеси. Си зборуваме, прераскажуваме, коментираме, носиме заклучоци… Тој глас е еден вид навигатор за нашите одлуки, за емоциите, чувствата, па и за нашето однесување. Честопати, тој глас ни кажува што следно (треба) да направиме. Што да мислиме, како да се чувствуваме. Зборовите што си ги кажуваме влијаат на тоа какви чувства си предизвикуваме, а чувствата влијаат на нашата целосна состојба. А, од неа, погодете што? Од состојбата зависат нашите постапки, а од нив, пак, нашиот успех. Дури и тоа што го подразбираме како успех.
Сме помислиле ли некогаш како си влијаеме себеси со тоа што си го зборуваме? Дали со тоа што си го зборуваме себеси, си даваме охрабрување, почит или постојана критика? Сме ги забележале ли зборовите со кои се обраќаме себеси? Понекогаш, тоа што ќе си го кажеме во лутина, не би го кажал ниту најголемиот непријател ниту, пак, најголемиот непристојник.
Ако ни станува јасно дека начинот на кој комуницираме со себеси влијае на нашите постапки, чувства и на состојбата во која се наоѓаме, а сето тоа влијае на резултатите, насоката и на успехот во животот, тогаш како би било да размислиме, да почувствуваме и да решиме да почнеме да го менуваме тоа на подобро?
Како вежба за усовршување, може да си поставиме предизвик да се преиспитаме во некои ситуации што ни се важни и клучни во животот. Да осознаеме како комуницираме во тие ситуации со себеси, па да почнеме да вежбаме и нови пристапи.
Како можеме да го направиме тоа?
Најпрвин, важно е да станеме свесни за начинот на кој се обраќаме и комуницираме со себеси. Свесно да го слушаме, набљудуваме и да го почувствуваме тој наш дел. Секој го има тој внатрешен глас, а една од неговите појави е во вид на внатрешен критичар. Тој е „вработен” 24/7 да зборува, мери, споредува и да критикува, најчесто нас самите, за да нè спречи да направиме нешто поинакво од нашите уверувања и да нè чува на „сигурно”. Честопати, тој глас постојано ги критикува другите луѓе, а тоа нè врти во истиот маѓепсан круг, бидејќи нашиот несвесен дел може да го подразбира тоа и како критика на нас самите.
Особено важно е да оцениме како на нас влијае секој различен вид комуникација со себеси. Како се чувствувам, какви се моите состојба, став и постапки ако си речам: Баш си смотана! или Глупава гуско!во споредба со Ха, ова секому може да му се случи. Како најдобро да го средам тоа? Како да внимавам следниот пат? Што можам да направам за да бидам повнимателна? Пробајте го тоа.
Понатаму, ако забележиме дека имаме некое мислење за нешто или за себеси што постојано си го повторуваме, а тоа нè обесхрабрува и нè прави послаби или, пак, нè спречува да преземеме нешто, би можеле да си ги поставиме следниве неколку прашања:
- Дали тоа е вистина?
- Од каде го знам тоа?
- Што би кажала или помислила личност која веќе има успех на тоа поле ако сега е на моето место?
- Кога тоа не би било вистина, што би сторил(а), презел(а), избрал(а) сега?
Може да пронајдеме и некоја личност што некогаш ни давала поддршка или која ја почитуваме (не мора лично да ја познаваме), па да ѝ го „позајмиме” внатрешниот глас, за да ни дава пофалби, насоки и поддршка. Обидете се да се пофалите себеси секогаш кога нешто ќе завршите, добро ќе постапите, ќе донесете добра или храбра одлука, ќе се чувствувате убаво… Обидете се да си кажете: Браво за тоа, одлично го направи! Навистина стануваш мајстор.
Обидете се да си кажете: Браво за тоа, одлично го направи! Навистина стануваш мајстор.
Како вежба за усовршување, може да си поставиме предизвик да се преиспитаме во некои ситуации што ни се важни и клучни во животот. Да осознаеме како комуницираме во тие ситуации со себеси, па да почнеме да вежбаме и нови пристапи. Нови, поинакви реченици и тон, кои охрабруваат, смируваат, уверуваат и даваат нова сила. Нè влечат напред нас самите, нè влечат кон подобар резултат на ситуацијата.
Еве некои ситуации како примери:
- Како си се обраќаме себеси пред да почнеме продажба или преговори?
- Што и како си зборуваме наутро кога одиме на работа?
- Пред настап или презентација?
- Пред да донесеме некоја одлука?
- Како си се обраќаме секое утро? А како секоја вечер?
- Како ги опишуваме светот и животот, генерално? Дали веруваме дека секогаш некој друг е виновен и нешто ни прави? Или си велиме: Јас можам следниот пат да постапам поинаку за да имам поинаква ситуација, друг резултат и други чувства.
Додека го пишувате списокот желби и цели за 2018 година, размислете за начинот на кој комуницирате со себеси – Што можам да сторам за да го сменам тоа во насока на моја поголема поддршка и охрабрување, наместо да бидам својот најгласен критичар?
Извор: InStore
Ирена Јакимова (MBA) e сертифициран обучувач и тренер (коуч) за менаџери, претприемачи и за тимови на компании, во областите комуникација, менаџмент, лидерство, продажба, личен развој и пораст на бизнисот. Има огромно искуство од маркетинг, рекламирање и комуникации за компании и за меѓународни развојни организации. Повеќе од 15 години работела за интернационалните рекламни агенции, како што се „DDB Needham” и „Меккен Ериксон Скопје”, кој го раководеше 6 години. Таа е и еден од основачите на првата Македонска асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ), како и иницијатор за почеток на Лондонската школа за односи со јавноста, во Скопје. Исто така, неколку години работела и во Канцеларијата на ООН и УНДП во Македонија. Основач е на „Инспирит коучинг”
by admin | Фев 20, 2018 | Колумни
Навидум различни, но слични. Сепак, сите со свои специфичности – тоа се трите начини на деловна комуникaција – во живо, преку телефон и на мејл
Автор: Ирена Јакимова, irena.jakimova@inspirit.mk
Во продолжение на овој текст, ќе разгледаме што е различно, а што исто за трите начини на деловна комуникација, што ќе може да ви користи при секојдневните практики.
Комуникација во живо
Најголемата предност на комуникацијата во живо е во тоа што имаме поголем дијапазон на „алатки” и на канали за комуницирање. Тоа ги вклучува:
а) Изразот на лицето (очите, главата);
б) Движењата на рацете (раменици, дланки, тоа што го правиме со рацете);
в) Нозете и ставот;
г) Целото тело;
д) Просторот околу нас;
ѓ) Гласот.
Кога имаме комуникација во живо, може да ја засилиме пораката и комуникацијата со другата страна. Едно истражување на професор Алберт Мехрабиан, укажало на тоа дека пораката се пренесува само 7% преку зборови, 38% со тонот на гласот и со брзината на говорот, додека цели 55%, се заслуга на говорот на телото (и на сигналите што ги испраќа преку несвесните движења). Затоа, кога сме во комуникација во која се присутни двајцата соговорници, тоа може многу да влијае на пренесувањето и на целосната порака што се испраќа и се прима.
Најголемата предност на комуникацијата во живо е во тоа што имаме поголем дијапазон на „алатки” и на канали за комуницирање.
Ако првиот чекор е да бидеме свесни за нашето тело, глас, движења, гестови и мимики, вториот чекор е да ги следиме, контролираме и да ги насочуваме за оптимално пренесување на нашата порака, за да бидеме најдобро разбрани и, конечно, да предизвикаме некаква промена на сознанијата и на емоциите кај другата страна. Третиот чекор подразбира да станеме свесни и со изострени сетила да ја набљудуваме другата страна, да ги следиме нејзините реакции, говорот на телото, тонот на гласот, гестовите и мимиките. Сето тоа ќе ни укаже што се случува во умот на другата страна, какви реакции и чувства се јавуваат, па во согласност со тоа, ќе препознаеме и дали нашата порака е добро пренесена, дали тоа што го зборуваме е јасно, прифатливо или има внатрешен отпор кај соговорникот. Активното следење ќе ни укаже на моментот кога да запреме, да поставиме прашање или да ја смениме темата.
Тоа што можеби е недостаток и отежнувачки фактор на комуникацијата во живо, е што треба да бидеме брзи. Некогаш немаме многу време за размислување и за пронаоѓање на најсоодветниот одговор, реакција, збор…
За среќа, сето тоа се учи.
Нашата состојба, расположение, подготвеност и (не)сигурност се чувствуваат и се пренесуваат дури и кога соговорникот не нè гледа, преку телефонскиот разговор.
Комуникација преку телефон
Во комуникацијата преку телефон, можеби не го гледаме соговорникот, но, верувајте, и овде голема улога има говорот на нашето тело. На прво место е гласот – тонот, висината, брзината и паузите, а секако, и ставот на нашето тело. Не е сеедно и не е ист впечатокот и пораката (енергијата) што се испраќа, ако стоиме, лежиме или седиме. Нашата состојба, расположение, подготвеност и (не)сигурност, се чувствуваат и се пренесуваат дури и кога соговорникот не нè гледа, преку телефонскиот разговор.
Исто така, треба да внимаваме и на состојбата на соговорникот од другата страна, да препознаеме дали тој е во седечка или во стоечка позиција, дали брза или има време, да ги препознаеме паузите, моментите кога размислува, кога го забрзува или забавува темпото… Да дадеме време и миг за размислување, за одговор, да бидеме ислушани.
Особено важен е и првиот момент за почеток на разговорот – да прашаме дали соговорникот има време, а потоа е добро да објасниме зошто се јавуваме.
Комуникацијата преку телефон има ограничување бидејќи треба да е пократка. Некаква мала предност е што би можеле да се послужиме и со читање на некои информации, ако ни се потребни за помош. Но, сепак, и кај овој вид комуникација и кај комуникацијата во живо, клучно е дека треба да ги следиме однесувањето и реакциите на соговорникот, како и да го следиме темпото.
Кај писмената комуникација оставаме впечаток со начинот на кој ги користиме зборовите. Создаваме слики и чувства во умот и во психологијата на нашите „соговорници”.
Писмена комуникација преку мејл
Предноста на писмената комуникација (е-мејл) е во тоа што имаме време убаво да осмислиме што ќе напишеме и, ако е потребно, неколкупати да се навратиме и да го прочитаме напишаното, нешто да додадеме или одземеме, да смениме. Тоа го правиме за да испратиме подобра, појасна и повлијателна порака. Кај писмената комуникација не го гледаме или слушаме соговорникот, но сепак, оставаме впечаток со начинот на кој ги користиме зборовите. Создаваме слики и чувства во умот и во психологијата на нашите читатели.
Јасно средена реченица, мисла со јасна насока, текст што се реди според некаков разбирлив редослед и создава целина, јасно одвоени пасуси, кратки и разбирливи реченици – сето тоа придонесува за подобра порака. Во зависност од типовите мотивациски системи што ги разгледувавме во минатиот број, може да препознаеме дали некој сака кратко, јасно и бргу да стигне до целта или сака да пишува во детали, дали го има на ум целиот тим или грижата за другиот – сето тоа може да го препознаеме во начинот на кој се пишува.
Тоа што е добро и за нас и за другата страна, е што може да го приспособиме стилот на пишување кон стилот на човекот со кој се допишуваме. Така полесно ќе се разбереме. Ако одиме подлабоко и во детали, ќе осознаеме со кое сетило соговорникот ја објаснува реалноста во својот свет (дали користи слушам, звучи, гласи, или пишува гледам, јасно ми е, види вака…). И во тој случај може да се доближиме до нашиот „соговорник” со кој се допишуваме, па да добиеме подобра, потемелна, полесна и повлијателна комуникација. Оти, целта на комуникацијата е да пренесеме некаква порака, информација, но, пред сè, да создадеме емоции.
Да резимираме. Трите начини на комуницирање имаат свои предности и недостатоци, па затоа треба да сме вешти во сите од нив. Треба да бидеме вешти и во тоа да препознаеме дали соговорникот претпочита лична комуникација, преку телефон или на мејл. Во сите случаи, заедничко е што комуникацијата не е само зборови, туку голема улога игра и начинот на кој тие се употребени. Заедно со зборовната порака, нашите потсвесни делови комуницираат меѓу себе на едно многу пошироко и подлабоко поле.
Извор: InStore
Ирена Јакимова (MBA) e сертифициран обучувач и тренер (коуч) за менаџери, претприемачи и за тимови на компании, во областите комуникација, менаџмент, лидерство, продажба, личен развој и пораст на бизнисот. Има огромно искуство од маркетинг, рекламирање и комуникации за компании и за меѓународни развојни организации. Повеќе од 15 години работела за интернационалните рекламни агенции, како што се „DDB Needham” и „Меккен Ериксон Скопје”, кој го раководеше 6 години. Таа е и еден од основачите на првата Македонска асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ), како и иницијатор за почеток на Лондонската школа за односи со јавноста, во Скопје. Исто така, неколку години работела и во Канцеларијата на ООН и УНДП во Македонија. Основач е на „Инспирит коучинг”