ОБУКА ЗА ЕФЕКТИВНА ПРОФЕСИОНАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Истражувањата велат дека луѓето кои се успешни во која било сфера од животот, тоа го постигнале во голем дел и со ЕФЕКТИВНА комуникација.

Со обуката за ефективна професионална комуникација:

  • Научете и извежбајте ги главните фактори во напредната, влијателна и харизматична комуникација (еден-на-еден, групна динамика, други прилики, како продажба или односи со клиенти, менаџирање, мотивирање или комуникација во тимот).;
  • Проектирајте самоуверен личен и професионален имиџ;
  • Научете како вашите идеи да бидат полесно прифаќани, вашата комуникација да има влијание и да предизвика дејство;
  • Дознајте и затворете ги „слабите точки“ во вашата комуникација,  испраќајте попрецизни и појасни пораки;
  • Научете да ги „читате“ луѓето. Распознајте ги различните типови и состојби на личностите и како да комуницирате со секој од нив;
  • Ослободете се од стресот што го произведуваат некои „тешки“ ситуации;
  • Овозможете си повеќе задоволство во работата и поголемо чувство на реализираност на секое поле.
    Инспирит Коучинг организира уникатната, применлива и моќна обука за ефективна комуникација, во којашто, со врвни и искусни тренери и коучеви, имате можност да го добиете следното:
  • Усовршување на процесот и вештините на комуникација во разни ситуации;
  • Комбинација од пристапи како невро-биологија и лингвистика (https://en.wikipedia.org/wiki/Neuro-linguistic_programming), позитивна применета психологија Personal Strengths (www.personalstrengths.mk)

По завршувањето на обуката, учесниците ќе бидат способни:

А) да го разбираат целиот процес на комуникација (еден-на-еден, групно)

Б) да ги препознаваат своите внатрешни состојби, шеми/програми на размислување, вредносниот систем што ги мотивира, како и вредностите и програмите на размислување на соговорникот

В) да ги применуваат зборовите и говорот на телото на најсоодветен начин за ефективна комуникација

Г) да ги препознаваат нијансите во реакциите на соговорникот и соодветно на тоа да ја модифицираат својата комуникација, со цел постигнување на своjaта намера и почитување на другата страна


Обуката се одвива во пријатен и модерен простор, во комбинација со вежби, кафе-паузи и оброци.

Секој учесник добива:

  • работни материјали,
  • сертификат за учество,
  • меѓународен личен профил по Personal Strengths, со упатства (вредност 20 ЕУР).

Тридневна обука за ефективна комуникација.
Групата е ограничена на 10 учесници.


Пријавување на: contact@inspirit.mk,

078/ 262 279 и (02) 6 092 630

Контактирајте не и за понуда креирана според видот и потребите на вашата компанија!


За тренерите:

Ирена Јакимова е лиценциран обучувач за возрасни, сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master Practitioner, сертифициран тренер за SDI (Personal Strengths), мастер тренер за комуникација и квалитет на услуга од Швајцарската академија за хотелски менаџмент од Луцерн, сертифициран коуч за раст на бизнис и други методологии. Таа е магистер по деловна економија со долгогодишно менаџерско искуство, со специјалност во маркетинг, рекламирање, комуникации, продажба, претприемништво. Во текот на нејзиното искуство од повеќе од 20 години, работела со големи светски и домашни компании, како и со меѓународни и домашни институции. Последните години, преку голем број обуки и коучинг, ја фокусира нејзината работа со тимови и поединци на инспирирање, охрабрување и зајакнување на нивните капацитети преку пренесување нови вештини, знаења и нивно усовршување, како и преку максимално придвижување на нивните внатрешни ресурси во насока кон раст на бизнисот и на поединецот.

Коста Карпузовски е сертифициран NLP Capital Coach и NLP Master practitioner. Главен фокус во неговата работа е креативно идентификување на нови можности и менторска поддршка за персонален и организациски развој со позитивен финансиски ефект. Тој е инженер по Електроника и Телекомуникации и има повеќе од дваесет години искуство во маркетинг, продажба, менаџирање и инженеринг на ИТ решенија и сервиси. Во својата кариера бил сопственик и вработен во неколку ИТ компании како лидер на високо продуктивни тимови, со повеќе од десет години менаџерско искуство. Тој се поврзува со луѓето и го поттикнува процесот на дефинирање на цели и формирање на јасна визија за резултатите. Работи со луѓето да ги активираат своите лидерски квалитети и да инспирираат други луѓе и организации да ја реализираат својата визија.