Тим Билдинг – Working Better Together

Тим Билдинг – Working Better Together

ТИМ БИЛДИНГ
• WORKING BETTER TOGETHER •

Дали се согласувате дека ефикасните тимови носат високи резултати?

Ако се согласувате дека ефикасноста на тимовите се зголемува со подобро меѓусебно познавање и почитување, со давање поддршка и одење во иста насока, ако веќе размислувате до каде сте со остварување на целите за 2018та година.

Сега е вистинското време да направат мала пауза, преглед на состојбите, односите, динамиката и да се фокусирате на она што е добро и на она што може да се подобри/усоврши во тимот (тимовите) за во иднина.

Нашата уникатна работилница ќе Ви помогне успешно да креирате позитивна и мотивирачка атмосфера за Вашиот тим, и да се соочите со новите предизвици и цели. Претходните успешни работилници и ефектите од нив ни потврдија дека менаџерите на компаниите се задоволни од придобивките од нашата работа.

Низ овие наши работилници, Вашиот тим се запознава подобро, се зближува на еден лесен и креативен начин и така креира нова синергија. Ќе добиете одговори за предизвиците со кои се соочувате и ќе ги осознаете вредностите и визијата на тимот, а тоа води кон создавање нови стратегии за напредување и постигнување на зацртаните цели.

Ако сакате со Вашата наредна работилница да креирате забавно, трајно и силно искуство за коешто вработените ќе зборуваат со денови, побарајте понуда за полудневна работилница (тимски coaching) или, пак, за продолжени верзии. На тој начин, долгорочно инвестирате во Вашиот тим.

 

Во ИНСПИРИТ Коучинг секогаш можеме дополнително да разговараме за потребите на вашиот тим, да договараме заеднички насоки, програми, цели и методи.

 

Методологија: Points-Of-You®

www.points-of-you.com

ТРИ главни причини зошто оваа метода функционира најдобро:

  1. Сликите остануваат подолго со нас. Истражувањата покажуваат дека по период од три дена, во нас останува 60 % од она што сме го виделе и 10 % од она што сме го слушнале. Подолгото задржување на одлуките и „А-ХА“ моментите во мислите се клучни за постигнување реални промени во однесувањето.
  2. Одговорот на фотографиите е физиолошки. Оваа алатката се применува и се прифаќа без оглед на возраста, јазикот или културата. Во работни средини со различен состав на вработените, ова е од особена важност.
  3. Кога луѓето се поврзуваат едни со други, тие помалку ги штитат своите мислења и помалку ги осудуваат мислењата и идеите на другите. Со други зборови, фотографиите го надминуваат нивото на застапувањето на личните идеи и водат кон проширување на видиците и отворање за идеите на другите во тимот.

Користење на фотографиите и зборовите
во тимскиот коучинг со Вашиот тим,
има моќ да ја трансформира комуникацијата,
врските, соработката и перформансите.


Контакт:

contact@inspirit.mk
078/ 262 279 и (02) 6 092 630


ДОКОЛКУ СТЕ ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР,
ДОЗНАЈТЕ КАКО МОЖЕМЕ ДА ВЕ
ПОДДРЖИМЕ СО EXECUTIVE
COACHING ПРОГРАМАТА.