Коучингот стана неизбежен дел од денешниот свет на бизнисот. На состаноците на раководителите, претприемачите, обучувачите и состаноците за човечки ресурси, терминот „коучинг“ често е поврзан со „профит“, „цифри“  или „подобрување на продуктивноста“. Луѓето имале коуч уште на почетокот на нашата ера, кога Исус ги подучувал рибарите, занаетчиите и други специјалисти да го следат, и ги подучувал да станат ученици.

Поблиску дома, на почетокот на 19-иот век, терминот „коуч“ произлегол од Кокс, мало село во североисточна унгарија, во кое се прозведувало запрежни коли и замки. Студентите почнале да го употребуваат зборот „кокс“ да го изкажат ентузијазмот со кој нивните професори се фокусирале на постигнувањата на студентите, водејќи ги низ испитот. Зборот „коуч“ сè уште опфаќа нешто од вистинското партнерство и взаемната одговорност.

Сепак, коучингот е повеќе од едноставно ставање старо вино во нови шишиња; од една страна, коучингот е техничка алатка која рефлектира техничко и финансиско знаење. Од друга страна, тоа е емпатиски инструмент, во кој тимското знаење и комуникација играат главна улога.

Коучингот е компонента на менаџментот која често се користи во организации,  и која прави максимално да се искористат квалитетите и талентите на тој начин што знаењето и вештините се развиваат и прошируваат. Добриот коучинг е уметност. Неговата цел е да им даде на луѓето подлабок увид во работите кои ги зборуваат и прават. Секогаш постои врска меѓу коучингот и практичните бизнис процеси кои го охрабруваат поединецот или тимот на учи.

По трката Видбред, Брунел Синерџи на располагање имаше пловен поларен систем, кој ги означува карактеристиките на едрото и ветрот, времето и условите на водата, со што им овозможуваше на морнарите да го користат вистинското едро ви вистинското време. Имаше забележливо отсуство на „човечкиот поларен систем“.

Речиси никакво внимание не се посветуваше на способностите на екипажот, а камо ли да се искористат. Важна состојка за успех е ефикасна соработка меѓу луѓето. Сепак, поважно е тие во вистинското време да се рапоредат според способностите. Коучот треба да биде свесен за важноста на распоредувањето на вистинските луѓе, на вистинското место, во вистинската ситуација и во вистинското време.

Затоа, целта на коучингот е подобрување на ефикасноста на вашите луѓе, и, со методолошки и структурен пристап, ефикасно искористување на дадените способности.

Ова е многу важно: коучингот вклучува многу повеќе од секојдневниот „неформален разговор“ со вработените и што може да се подобри. Коучингот се фокусира на идните можности, не на грежките кои се направени во минатото. Да повториме: не се само менаџерите коучеви. Многу тимови се карактеризираат со т.н. „ментор систем“, каде искусните вработени им помагаат на нововработените да ги достигнат потребните знаења и да ги режат проблемите.

Зошто толку се зголемува интересот за коучингот? Еден од најголемите предизвици со кој се соочуваат денешните менаџери е доброто работење на нивните вработени и постигнувањето корпоративни планови и цели. Ова се однесува и на генералните менаџери кои водат мулти дисциплинарни тимови, менаџери кои водат тим на професионалци, како и проект менаџери. Зголемениот интерес за коучинг е стимулиран од приливот на промени кои се случуваат внатре и надвор од организациите. За да се задоволат новите потреби на околината, многу организации се имаат реструктуирано од субјекти како производ во субјекти ориентирани кон производот во субјекти ориентирани кон пазарот.

Децентрализацијата на органите и обврските играат голема улога, заедно со тимската работа. Класичниот менаџерски стил на повеќе начини прераснува во коучинг. Од кажувањето на вработените што треба да прават, прерасна во тоа сега тие самите да откриваат што треба да прават. За многу менаџери, класичниот стил на менаџирање е прв пример за ефикасно лидерство, контрола и мотивација, употребувајќи ги клучните зборови „диригирање“, „управување“, „кажување“ и „еднонасочен правец“. Коучингот, од друга страна, повеќе се фокусира на усвојување менаџерски стил преку водење и поддршка. Сепак тоа не е толку меко и индиректно.Добриот коуч слуша, акцентира, сака да ја разбере другата личност, поттикнува решенија, се соочува и стимулира, дејствува како резонатор, дава комплименти и инструкции каде е потребно. На тој начин, главна цел е превземањето одговорност и поттикнување на другата личност да постигне резултати.

 

 

 

 

Лидерство преку коучинг
Класичен менаџмент

·         Кажување

·         Дали ме разбираш

·         Обезбедување решенија

·         Еднонасочен правец

·         Контролирање

·         Мотивирање

·         Игнорирање

Менаџмент преку коучинг

·         Слушање

·         Разбирање на другата личност

·         Предизвик за пронаоѓање сопствени решенија

·         Дискусија

·         Помош и давање насоки

·         Соочување и стимулирање

·         Давање комплименти и корегирање

 

Суштински иновации, освестување и фокус на трошоците како оружје во војната на цените, мора прво да доаѓа од вашите вработени во организацијата. Овие случувања се главен поттик за воведување лидерство преку коучинг во вашата организација. Децентрализираните организации главно се карактеризираат со тоа што менаџерите создаваат услови за работа за вработените. Менаџерите треба да се променат: од менаџери во лидери. Најпосле, за да се обезбеди долгорочна доверба и добри вработени, потребна е непрекината мотивација и стимулација. Еден од начините ова да се постигне е да бидете коуч на своите вработени и да им дадете поголема независност на работното место. Со ова, им давате поголема одговорност да ги менаџираат сопствените активности, како и да учат градејќи искуство.