Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP)
Original price was: 46,441.00ден.42,435.00денCurrent price is: 42,435.00ден. (со вклучен ДДВ)
Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP) е напредна програма за зајакнување на лидерските капацитети. Програмата е наменета за жени коишто имаат мисија да креираат промени во општеството и кои доаѓаат од непрофитните и јавните услужни сектори, како и од академската и бизнис заедницата во Северна Македонија.
Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP) е во вредност од 990 EUR (вклучен ДДВ) со можност за плаќање на рати.
Супер рана уплата до 1ви септември во вредност од 690 Евра (вклучен ДДВ).
Pана уплата до 15ти септември во вредност од 790 Евра (вклучен ДДВ).
Износот вклучува:
- Секој месец по 1 работилница во живо во Скопје + 1 онлајн работилница, Ноември 2026 – Април 2027.
- Група од 20 одлични жени лидерки како тебе
- Бесплатен премиум пристап до интернационалната заедницата Women Lead Community
- Работни материјали, подароци итн…
- Храна и освежување на обуката.
- Бонус: Една менторска индивидуална сесија за секоја учесничка.
- Бонус сесии: AI писменост, финансиска интелигенција, протокол, кариера, друго
- Групен настан за прослава на завршување во април 2027 (датум по договор)
Погледни ја целата агенда ТУКА.
Веруваме дека секоја жена има потенцијал да биде добронамерна, моќна, ефективна лидерка и подготвени сме да те поддржиме да го отклучиш тој потенцијал. Стани моќен агент на промени со оваа програма за развој на лидерство. Научи врвни современи алатки и стратегии што ти се потребни за влијание и добросостојба.
Што ќе добијам со учество во програмата?
- Алатки со лидерски техники и стратегии за фокус, јаснотија, влијание и добросостојба
- Персонализиран фидбек и коучинг за твоите лидерски предизвици
WILP работна тетратка полна со лидерски концепти, техники и стратегии - Твоја лична стратегија и акционен план и сознанија за тоа како да го продолжиш своето лидерско патување
- Работилници во живо (30 часа) и онлајн (18 часа) со интернационални обучувачки и инспиративна група соучеснички – жени лидерки, кои се соочуваат со слични предизвици
- Сертификат за завршена обука
- Тековна поддршка, вклучувајќи сесии за вежбање, тренинг и менторство во Women Lead Community










