Онлајн курс за ЈАВЕН НАСТАП од Ирена Јакимова

ТВОЕТО ВРЕМЕ Е СЕГА.

ИМАШ ЗНАЕЊЕ, ИМАШ ПОРАКА, ИМАШ ЛИЧНОСТ.

ТВОЕТО ПРИСУСТВО Е ВАЖНО.

Ова е прв снимен курс за јавен настап на македонски јазик, од жена искусен обучувач и говорник. Лекциите и материјалите ќе ги симнете за Вас и ќе ги усвојувате кога Ви е згодно, без да сте врзани со време или со група слушатели.

 

Причини да го имате овој курс:

  Ако избегнувате да говорите/ презентирате пред други, а таа активност би можела поволно да влијае на вашиот натамошен успех и напредок;

  Ако имате јавна фукнција;

  Ако имате производ/услуга/идеја/компанија/организација што треба да ги промовирате и направите поблиски до други луѓе;

  Ако Ве канат да одржите предавање на некоја академска институција, а Вие одбивате;

  Ако треба да мотивирате група луѓе;

  Ако треба да презентирате проект/понуда/ себеси пред клиенти/инвеститори;

  Ако сакате да одржувате работилници и едукативни настани.

За авторката

 

 

Ирена Јакимова има децениско искуство во односите со јавност, комуникација, лидерство и менаџмент.

Таа е професионален и сертифициран обучувач, тренер и ментор.

Во својата работа применува практики од позитивната психологија, лингвистика, неуро-лингвистичкото програмирање (НЛП), биологија и енергија.

Повеќе стотици учесници поминале со неа тренинг за јаевн настап, презентација, говорење и изразување.

Индивидуално работела со голем број лица за тие да ја надминат тремата, сомнежот, неподготвеноста и да заблескаат во секоја потребна прилика.

Таа е специјализирана за работа со жени, според неколку светски методологии за личен и професионален развој на жени.

Од овој курс ќе добиете:

Психофизичка и ментална подготвеност

  •  Како да препознаете од каде доаѓа стравот и да ја ставите тремата на Ваша страна
  • Како да ги смените своите уверувања за себе, за другите (публиката), за самиот настан или настап
  • Како да го подготвите својот ум за да говорите со леснотија
  • Како да го подготвите телото за настап/говорење
  • Како да се развивате во личност којашто умее да говори и да пренесе порака

 

Извонредна Структура на содржинаta

  • Основните елементи на секое излагање (настап или говор) се исти
    (цел, намера, време, место, публика, содржина, ток на излагањето)
  • Како да користите различни видови зборови за да допрете до различна публика
  • Како да користите различни визуелни, говорни, телесни елементи
  • Совети за изработка на презентација и на говор

Техники од настап за поголемо влијание

  • Гласот, говорот на телото, движењето, дишењето и начинот на кој сте присутни и градите однос со публиката – тоа се важни елементи што ќе го засилат Вашиот настап и со време ќе Ве направат уште посигурни во себе и своите вештини за говорење/презентирање
  • Ќе имате избор на различни стилови на презентирање

Инвестицијата за овој курс е…

Веќе го купивте курсот?

Најавете се ТУКА.

Во септември

Бонус онлајн средба

за сите што ќе го имаат до тогаш купено Курсот – за одговори на ваши прашања, дополнителни насоки и сугестии…

Онлајн курс: Јавен настап

5,310.00ден