Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP)
54,800.38ден (со вклучен ДДВ)
Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP) е напредна програма за зајакнување на лидерските капацитети. Програмата е наменета за жени коишто имаат мисија да креираат промени во општеството и кои доаѓаат од непрофитните и јавните услужни сектори, како и од академската и бизнис заедницата во Северна Македонија.
Програмата за лидерство за жени со влијание (WILP) е во вредност од 890 EUR (вклучен ДДВ) со можност за плаќање на 6 рати.
Износот вклучува:
- Секој месец по 1 работилница во живо во Скопје + 1 онлајн работилница, ноември 2025/април 2026.
- Група од 12-15 одлични жени лидерки како тебе
- Бесплатен премиум пристап до интернационалната заедницата Women Lead Community
- Работни материјали, подароци итн…
- Храна и освежување на обуката.
- Бонус: Една менторска индивидуална сесија за секоја учесничка.
- Бонус сесии: AI писменост, финансиска интелигенција, протокол, кариера, друго
- Групен настан за прослава на завршување во април 2026 (датум по договор)
Погледни ја целата агенда ТУКА.
Веруваме дека секоја жена има потенцијал да биде добронамерна, моќна, ефективна лидерка и подготвени сме да те поддржиме да го отклучиш тој потенцијал. Стани моќен агент на промени со оваа програма за развој на лидерство. Научи врвни современи алатки и стратегии што ти се потребни за влијание и добросостојба.
Што ќе добијам со учество во програмата?
- Алатки со лидерски техники и стратегии за фокус, јаснотија, влијание и добросостојба
- Персонализиран фидбек и коучинг за твоите лидерски предизвици
WILP работна тетратка полна со лидерски концепти, техники и стратегии - Твоја лична стратегија и акционен план и сознанија за тоа како да го продолжиш своето лидерско патување
- Работилници во живо (30 часа) и онлајн (18 часа) со интернационални обучувачки и инспиративна група соучеснички – жени лидерки, кои се соочуваат со слични предизвици
- Сертификат за завршена обука
- Тековна поддршка, вклучувајќи сесии за вежбање, тренинг и менторство во Women Lead Community










