Благодарност до Борис Ефтимовски (Boris Eftimovski) и Marketing365 што ја забележаа нашата работа (па, затоа и се разбираме од маркетинг, да ja направиме забележлива добрата работа ) и што разговараа со мене и со Викторија Јордановска (Viktoria Jordanovska) за нашиот многу успешен проект Women of Impact Leadership Program, ко-финансиран од ЕУ и препознаен од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност .

Покрај тоа, со нивните прашања, тие не’ присетија и на нашето богато искуство во маркетинг, комуникации и односи со јавноста, од кога ние двете и се познаваме…а, тоа е одамна
– Како сме поминале од маркетинг во личен и професионален развој на луѓето,
– како градиме и поддржуваме лидер(к)и,
– како ни помагаат знаењата и искуствата од маркетинг,
– што мислиме за денешната состојба на жената и за влијанието на маркетингот врз жената….

Ова и други прашања за проектот, ќе најдете на во целосното интервју