
Работилница: Ти си таа, малата
Летото може да не’ потсеќа на летните распусти, веселото трчање и уживање на сонцето, контактот со себе… кога бевме мали девојчиња…
Летото е одлично време за повторно да стапиме во контакт со тие делови од нашата психа – девојчето, девојката!
Нежна, замислена, игрива, непослушна, мирна, среќна, тажна…
Таа живее во нас како енергија и емоција и управува со голем број ситуации во нашиот возрасен живот.
– Ако имаш некоја тага што ја носиш, а немаш логично објаснување за неа
– Ако ти се случува да застанеш на сред започнување некој поголем зафат (проект), да се почувствуваш малечка и да се откажеш
– Ако често се чувствуваш сама, невидлива
– Ако правиш повеќе од тоа што е доволно
– Ако се воздржуваш од некои чекори за да не бидеш терет или да ги засениш другите
– Ако често губиш самодоверба
И ред други ситуации што те спречуваат да успеваш, да си среќна и исполнета…
Оваа работилница ќе биде голем исчекор за тоа да се смени.
Ќе го запознаеме поимот од психологијата наречен „внатрешно дете“, ќе научиме за семејните динамики (социолошки и енергетски), ќе се сретнеш со твоето внатрешно девојче, ќе научиме техники и пристапи да ја вклопиш во себе… и заедно да продолжите посилни, поцелосни, посреќни.
Работилницата ја води Ирена Јакимова, со примена на неколку светски методи и лични техники и искуства.
Гости:
– проф. Кате Трајкова, психолог;
– Верица Огњанова со групна реики (енергетска) вежба за групата.