rabotilnica-vo-zenskiot-klub--1-1-cover

Целодневна работилница: Во женскиот круг

В сабота, 11 јуни, од 11:00 до 18:00 часот организираме преубава целодневна работилница за жени коишто работат на себе или сакаат да започнат со таков процес.
Каде: прекрасната Вила Родна во близина на Скопје
Работилницата ја води Ирена Јакимова, професионален тренер за личен развој на жени, заедно со гостинка Викторија Јордановска, НЛП тренер и коуч.

Работилница „Во женскиот круг“:
Резултатите во нашиот живот настануваат прво внатре во нас.
На преминот во второто полугодие од оваа година, на преминот од пролет кон лето, заслужуваме да погледнеме наназад и да си кажеме „Браво“ за се’ што поминавме, надминавме (овие 2 години), за се’ што испланиравме, започнавме или успеавме оваа година…
Сега е на ред – да одиме понатаму.
Често се прашуваме – како?
Зајакнати со реални искуства, одобрете си поддршка од светски тренери и преку методи за личен и професионален развој за жени, преку напредни НЛП вежби (од новиот код) – зачекорете во вашата наредна верзија.
Бонус – гостинка со предавање за менталното здравје и улогата на хормоните кај жената.
Бонус – мини базар. Донесете се’ што имате да претставите и да понудите на други жени.

Котизација: 1920 ден.
За уплата до 4 јуни, билет со попуст = 1500 ден.

Вклучени се закуска, освежување и материјали за пишување.

Дополнителни можности за групиран превоз. Дополнителни можности за преноќување.
Дел од средствата заедно ги донираме за лекување на извонредната Лулјета Адеми.

Пишете на contact@inspirit.mk

Сподели мислење