Кои се предностите за вас и вашите вработени ако вашата организација се фокусира на коучинг?

  1. Зголемена ефикасност и продуктивност:

коучингот ви помага да го извлечете најдоброто од поединецот или тимот.

  1. Подобрување на развојот на компетентноста на вашите луѓе:

менаџерскиот стил фокусиран на коучинг помага вработените сами да се развиваат.

  1. Зголемен потенцијал на учење:

коучингот е учење без заобиколување, го зголемување уживањето на работа и помага работите подобро да се одвиваат.

  1. Подобри односи:

нешто наједноставно, како поставување прашања, ќе направи вработените да се чувствуваат вредни како поединци.

  1. Подобрена работна атмосфера:

работната атмосфера ќе има позитивно влијание на подобрување на односите.

  1. Повеќе време за менаџерот:

со тоа што на вработените ќе им дадете повеќе обврски, нема да морате постојано да ги надгледувате.

  1. Зголемена креативност:

вашите членови на тимот ќе внесат поголема креативност во работата, без да се плашат дека ќе бидат исмејани; една креативна идеја често води кон друга.

  1. Побрзи о поефикасни одговори:

вработените кои се чувствуваат вредни ќе придонесат повеќе ако тоа се побара од нив.

  1. Зголемена флексибилност:

целта на коучингот е промена и одговор на промената, како и превземање одговорност; барањето на флексибилност ќе се зголемува, и само флексибилните вработени ќе преживеат.

  1. Оптимална искористеност на луѓето, знаењата и алатките:

лидерите преку коучинг знаат кои скриени алатки им се на располагање; тие се способни да ги откријат скриените таленти на своите вработени.

 

 

Коучинг: превземање вистински интерес за луѓето.