За Ирена

Дозволете да ви помогнам да добиете знаења и поддршка што ќе Ве одведат до нови резултати во Вашиот живот, во бизнисот или професијата.

Ви треба поддршка, ви требаат нови знаења и вештини?


Ви треба некој што знае како и што ќе ве поддржува и верува во вас дури и кога вие не верувате во себе, зашто не го гледате пред себе и во себе ОНА ШТО ГО САКАТЕ!

Јас можам да ви помогнам да добиете знаења и поддршка што ќе Ве одведат до нови резултати во Вашиот бизнис, во Вашата професија или во некој дел од привaтниот живот.

Mожете и да научите како да започнете свој бизнис, како својата пасија или хоби да ги претворите во професија, можете да научите како да ги применувате алатките на методата Points of You и да се сертифицирате како да учите други луѓе да ги применуваат.

Инспирит Коучинг


Ја основав Инспирит Коучинг за да имам место каде што ќе ги спојувам најдобрите водечки светски знаења и техники за личен и професионален развој, а сето тоа и како место за собирање на најдобриот тим соработници, партнери и колеги.

Кратка биографија

Female Empowerment Coach and Mentor, Leadership/Executive Coach, Certified Trainer


Ирена Јакимова е основач на Инспирит Коучинг и главен тренер. Таа е сертифициран обучувач и тренер (коуч) по неколку светски методологии, искусна менаџерка и менторка на жени. Во својата работа применува методи на NLP Master, Feminine Power Master, executive coahing (John Mattone), business coaching, feminine leadership (Divine Living Academy), применета психологија, физика, како и знаења  од Мастер во бизнис менаџмент. 

Пред да ја изгради својата кариера како тренер (од 2011 наваму), таа работела во канцеларијата на ООН, а пред тоа има значајна кариера во областа на маркетинг, односи со јавноста и сл.  

Илјада лица биле учесници на обуки за менаџмент, комуникација и (специјалноста) јавен настап. Стотина сопственици на бизниси или менаџери во компании го однеле своето менаџирање и лидерство на повисоко ниво. Стотина жени добиле обука, поддршка, менторско (или коучинг) водство за својот личен развој или за растот на бизнисот/професијата. 

Од 2020 е повеќе насочена кон онлајн работење и соработка со странство, а исто така нејзината понуда и лични вештини и знаења се специјализирани во најновите сфери на областа развој на потенцијалот и само-реализацијата на жените, за што посетувала и постојано се надградува кај водечки светски школи и менторки.