Политика за приватност
Ви благодариме што пристапивте на пазарот за онлајн-едукација.
Ние во „Инспирит Коучинг“ ја почитуваме Вашата приватност и сакаме да разберете како собираме, користиме и споделуваме податоци за Вас.
Оваа политика за приватност ги опфаќа нашите практики за собирање податоци и ги опишува Вашите права за пристап, корекција или ограничување за користење на Вашите лични податоци.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб-страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци. Оваа политика за приватност се применува кога ја посетувате или користите веб-страницата www.inspirit.mk, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас.
Со пристапување или со користење на нашата веб-страница, Вие се согласувате со условите на оваа политика за приватност, како и со правилата и условите на нашата страница. Не треба да ги користите услугите ако не се согласувате со оваа политика за приватност и со правилата и условите на нашата веб-страница. „Инспирит Коучинг“ го задржува правото во кое било време да измени или да прекине кој било аспект од политиката за приватност. Ако „Инспирит Коучинг“ направи суштински промени во политиката за приватност, ќе ги извести корисниците за промената на соодветен начин, преку објава за промена на веб-страницата.
Секој корисник се согласува редовно да ја посетува www.inspirit.mk за да дознае за таквите промени. Секое користење на веб-страницата ќе се смета дека претставува прифаќање на последните промени на политиката за приватност од
страна на крајниот корисник.
Мора да ја имате достигнато возраста на согласност за онлајн-услуги во Вашата земја за да ја користите веб-страницата www.inspirit.mk, во спротивен случај, потребна Ви е согласност од родител или старател.
Ако сте уверени дека сме складирале лични податоци од некој што е под применливата возраст за согласност во Вашата земја, без согласност од родител или старател, Ве молиме да нè известите со помош на методите што се опишани во делот „Контактирајте нè“, па ќе ги преземеме соодветните мерки за истражување и брзо решавање на проблемот.
Какви податоци се собираат и складираат?
Ние директно собираме одредени податоци од Вас, информации што ги внесувате и податоци за Вашето учество во курсевите. Ние, исто така, некои податоци собираме автоматски, како информации за Вашите уреди кои ги користите и преку кои комуницирате.
Податоци што ни ги давате
Ние можеме да собираме различни податоци од Вас или за Вас, во зависност од тоа како ја користите веб-страницата.
Подолу се дадени неколку примери кои ќе Ви помогнат подобро да ги разберете податоците што ги собираме. Кога креирате сметка (account) и ги користите услугите, ние собираме податоци што ги давате директно, вклучувајќи:
Корисничка сметка – за да користите одредени функции (кои се запишуваат во курсот), треба да креирате корисничка сметка.
Кога ја креирате или обновувате Вашата сметка, ги собираме и чуваме податоците што ги давате, како што е Вашата е-адреса, времето на регистрација и доделен единствен идентификациски број.
Податоци за профилот – исто така, одбирате да обезбедите информации за профилот како име и презиме, интереси, пол и датум на раѓање, адреса на живеење.
Вашите податоци за профилот ќе бидат видливи само од администраторите.
Податоци за курсеви – кога ќе се запишете и ќе ги преземете курсевите, собираме одредени податоци вклучувајќи и кои курсеви сте ги одбрале, статус на курсот, време на почеток и завршување на курсот, задачи и квизови што ги започнувате и завршувате; одговори на прашања и други предмети поднесени за да ги задоволат барањата за курсот.
Податоци за плаќање од клиент
Ако правите купувања, ние собираме одредени податоци поврзани со Вашето купување (како што се Вашите име, презиме и адреса на живеење) потребно за да ја обработиме Вашата нарачка и да генерираме фактура. Мора да обезбедите одредени податоци за плаќање и фактурирање директно на нашите партнери за обработка на плаќања, вклучувајќи ги Вашите име, презиме, информации за кредитна картичка, податоци за банка.
„Инспирит Коучинг“ не собира и не складира податоци за кредитните картички.
Онаму каде што користиме платформа на трета страна за администрирање анкета или промоција, ќе се применува политиката за приватност на трети лица.
Безбедност
„Инспирит Коучинг“ посветува особено внимание кон собирање, обработка и чување на личните податоци на корисниците, со цел подобрување на услугите, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.
„Инспирит Коучинг“ презема соодветни безбедносни мерки за заштита на личните податоци на корисниците од неовластен пристап, менување, откривање или уништување.
Овие мерки варираат врз основа на видот и чувствителноста на податоците.
Меѓутоа, за жал, ниеден систем не може да биде 100 % безбеден, така што не можеме да гарантираме дека комуникациите помеѓу Вас и „Инспирит Коучинг“ ќе бидат заштитени од неовластен пристап од страна на трети лица.
Вашата лозинка (password) е важен дел од нашиот безбедносен систем и е Ваша обврска да ја заштитите.
Не треба да ја споделувате Вашата лозинка (password) со која било трета страна и, ако сметате дека Вашата лозинка или сметка е компромитирана, веднаш треба да ја промените и да нè контактирате на info@inspirit.mk.
„Инспирит Коучинг“ посветува особено внимание на заштитата на личните податоци, но, не презема одговорност во наведените случаи: виша сила, случајни настани или злонамерни дејства на трети лица, како и во случаи кога корисникот ги приложил овие информации достапни на трети лица.