Учени сме да брзаме, да правиме, и уште повеќе да запнеме... Учени сме да туркаме сами, да молчиме и само да преземаме на свој грб, да сме насмејани и само успесите да ги покажуваме...

Правиме списоци, дневни to-do листи, трчаме, пишуваме... често не сме задоволни од себе, не сме ниту свесни колку сме постигнале. Колку сме завршиле, колку сме дале за сите (време, енергија, внимание), а ни се случува да заборавиме КОЈА сме станале?

Само кога ќе застанеме, одмориме и посветиме време и внимание на тоа КОЈА сакаме и можеме да бидеме, тогаш ќе започнат да се „одзатнуваат“ каналите, да оди се’ полесно, да биде поинакво,
да имаме друго чувство и – да штиклираме уште повеќе посакувани, а не задолжителни цели.

Од МОРАМ кон САКАМ – тоа е целта на овој наш семинар.

Да освестиме каде сме, што не’ спречува, да направиме нови желби, цели, планови, оние што доаѓаат од нашата длабока природа, оние што доаѓаат од иднината, оние што доаѓаат од нашиот потенцијал.

 

  • Креирајте од својата женска енергија
  • Направете пат за пробив низ блокадите што ве држат на одредено место
  • Активирајте го својот внатрешен систем за навигација
  • Побарајте и привлечете ја поддршката што ви треба
  • Раширете го своето светло
  • Засилете ја моќта да ги инспирирате и другите околу вас

Што ќе добиеш ако станеш дел од оваа обука?

променет начин на размислување преку нови знаења од водечки светски методологии

поголемо разбирање, почитување, прифаќање и сакање на себе

смалена критичност, перфекционизам, одлагање, страв од почнување нешто ново, страв од промени

техники што ќе ти помогнат да се справиш со своите емоции (стравот, срамот, неодлучноста)

нови гледишта и техники како да се откачиш од влијанијата на туѓото мислење

техники како да почнеш нешто ново со мали, проверени чекори

нови разбирања за разликите меѓу женската и машката енергија

методи да креираш места за водство и поддршка внатре во себе

пристапи како да креираш синергија меѓу различни сфери од твојот живот

сознание и дозвола да почнеш да го живееш твојот длабок повик, мисија

зголемена креативност, опуштеност, организираност, радост

Како:

8 онлајн средби од 2 часа

Каде:

на ZOOM платформата

Кога:

18:30-20:30 часот, секоја СРЕДА од 14.07.2021-01.09.2021.

 

Доколку сте заинтересирани, за подетална агенда и за сите прашања, пишете ни на contact@inspirit.mk.

Светот се ресетира. Дали сакате да се вратите на старите навики и ментални шеми или сакате да кажете ДА за новата јас, каква што сте си ја замислувале?

Имате можност да застанете, да се погледнете себеси, своите желби, планови, досегашни чувства, своите дејствија и… да го почувствувате својот потенцијал, својата женска креативна енергија.

Имате можност да си дадете дозвола да бидете несовршени, да грешите и да успевате, да живеете со креативност. . Што е она што можете, што сакате, што ве довикува, а вие сте го замолчувале до сега? Што е она што можете?

 

Ова е програма за жените да разберат зошто и како се сокриваат себеси. Ако некогаш сте помислиле: „Која сум јас да….?

Одговорот е: ТИ СИ ТАА!

Ти си таа што можеш да направиш повеќе, да бидеш повеќе, да оствариш барем 1 нов чекор кон твоите соништа. Ти си таа што може да си ја стави себеси најголемата забрана и да си ја даде најголемата дозвола за напредок.

 

За кого е корисна оваа програма?

 

Кои учеснички до сега успешно поминале низ оваа програма кај нас и имале резултати што ги споделиле со нас:

Обуката ТИ СИ ТАА создава поголема мотивација и здрава самодоверба кај жените за надминување на потсвесните сомневања и придвижување кон постигнување на поголем успех. Програмата ги надмина моите очекувања. Од неа најмногу корист би имале жени полни со идеи, но им е потребен стимул за да ја победат срамежливоста и колебливоста.

Теодора Николова

Преку обуката добив корисно поминато време и убава енергија со прекрасни жени, подготвени за промени, креативност и дополнителна работа на себе.

Од ТИ СИ ТАА корист ќе има секоја жена која сака да помине малку повеќе време со себе и за себе.

Маја Андонова

Обуката ТИ СИ ТАА е прекрасно искуство, со инспиративна поддршка и споделување.

Ова е исклучителна обука преку која жените ја откриваат својата единственост и автентичност и дозволуваат нивната интуиција да ги води кон остварување на нивните цели.

Славица

За жени од сите возрасти и професии, сопственички на бизнис, менаџерки, уметници, занаетчии, едукатори, вработени во компании, студентки, самовработени, невработени, учеснички во јавниот живот…

Бесплатни работилници

За оваа намена, организиравме за вас бесплатни инфо-сесии каде што ќе можете да се запознаете со содржината, придобивките, сите други технички прашања, како и да чуете искуства од претходни учеснички.

 

ТЕРМИНИ

      30 јуни од 18:30-19:30 часот

      7 јули од 18:30-19:30 часот

Се гледаме на ZOOM:

https://us02web.zoom.us/j/81651432136

Meeting ID: 816 5143 2136

Колку чини обуката

ТИ СИ ТАА?

ТИ СИ ТАА

еднократна уплата
МКД5900
  • водство и поддршка од Ирена Јакимова
  • 10 модули
  • работни листови
  • домашни задачи за работа на себе
  • 8 онлајн средби од 2 часа
  • ФБ група само за учесничките на обуката

ТИ СИ ТАА

три месечни рати
мкд2000/месечно
  • водство и поддршка од Ирена Јакимова
  • 10 модули
  • работни листови
  • домашни задачи за работа на себе
  • 8 онлајн средби од 2 часа
  • ФБ група само за учесничките на обуката

Oвозможуваме дополнителен попуст од 10% за 3 и повеќе учеснички од иста компанија, здружение или група пријателки што ќе се пријават и уплатат одеднаш.

„Верувај во себе, но не верувај на сè што ќе помислиш за себе.

Твоите копнежи не се појавиле случајно кај тебе.

што може да ги реализира.“

Ти си таа (рана уплата)

4,900.00ден