Што кажаа нашите Points of You® практичари за алатките и оваа феноменална методологија?
“Досега најбрзо доаѓање до длабоки резултати со најмалку прибор, нагледни средства, технологија…“
„Оставив да ме води интуиција и атмосфера.
Имаше коментари дека ме гледале со таков скептицизам што им дошло да излезат на почетокот, на крај се што сме правеле им било премоќно. “
„Ги пробав картичките на класен час…прекрасно искуство…исто така и дома и со пријатели. Ама со тинејџериве ми беше најголем предизвик. Ме изненадија позитивно.“
„Со Ирена се запознав на една друга обука во 2016 година и ми остави впечаток, како на приземјена, смирена и пријателски расположена личност, така и на голем професионалец. Потоа некое време ја следев нејзината работа онлајн и ме привлече убавата енергија која ја испраќаше постирајќи за Points of You програмата и шарените картички. Беше навистина инспиративно да се биде дел од група и да се согледаат толку многу различни перцепции за нашите предизвици, а пред се, се почувствував пријатно и добредојдено. Навистина преобразува можноста човек да погледне во себе и да се погледне себе си низ призмата на неколку други луѓе. Научив многу и редовно ги користам картичките. Ви благодарам.“
Што кажаа нашите клиенти за другите обуки во Инспирит Коучинг?
Се викам Конески Петар, работам во продажба околу 15 години. Сум учествувал на повеќе обуки од што можам да се сетам, како во менаџирање, продажба, комуникација или други типови за личен раст и развој. Обуката во Inspirit Coaching е на самиот врв, донесе многу промени како во работата но и во приватниот живот. Веднаш почнав да ги применувам техниките во пракса, и донесоа огромен резултат.
Способноста на обучувачите да ја споделат својата мудрост и искуство е едноставно неверојатно искуство, за кое сум многу благодарен.
Благодарам
И по 10 денови од завршувањето на обуката сеуште сум под импрeсија на искуството. Имам потреба да го споделам тоа со вас. Сакам да знаете дека процесите иницирани во текот на обуката сеуште траат. Не велам дека сум повлијателен комуникатор, но сум посвесна секако и почнувам да чувствувам поголема контрола врз комуникациите – и моите со другите, но и меѓу другите (во кои јас не сум засегната). Можеби сеуште не сум умешна да ги применувам техниките, но сум свесна и свесно работам на она што го спознав за себе во текот на трите дена.
Многу сум ви благодарна за непроценливото искуство и сакам со сите што ги знам да го споделам, а и го споделувам.
Со Ирена Јакимoва се познавам подолг период,
човек од кого можете да научите и почуствувате чуство на припадност. Огледало во кое се огледува нејзината душа и професионална умешност во една целина е Инспирит Коучинг.
Тоа е големина која не секој може да ја даде и презентира. Накратко да ја објаснам мојата перцепција за припадност што во суштина значи и како јас ја доживувам :
Во Инспирит Коучинг се чуствувате сигурно , релаксирано, со доверба дека она за што сте дојдени ќе го добиете но и ќе научите да го дадете. Знаете ,тоа е оној круг на еко систем, каде секој за секого прави нешто добро, му помага и продолжува понатаму , како нешто што е нормално.
За Ирена и Инспирит Коучинг би можела да пишувам уште многу, но ова е само еден мал сегмент со кој би сакала да ја потикнам радозналоста кај сите останати кои , Ирена заедно со Инспирит Коучинг, не ја запознале од професионалната страна да ја запознаат. На секого од Вас топло му препорачувам да го стори тоа во моментот кога ќе си дозволи да направи позитивни промени за себе и одлучи да биде дел од овој тим.
Една од најголемите ограничувања со кои се соочуваме како човечки суштества е дека светот постојано го гледаме од нашата, субјективна перспектива. Особено кога нешто лично е во прашање. Работилницата за лична стратегија со алатките на points of view ме научи дека тој поглед не мора да биде толку едностран. Ако успееме да ја развиеме оваа способност, да умееме да погледнеме од друга, туѓа перспектива, ќе добиеме неверојатно моќна алатка за управување со сопствениот живот. Едноставноста на концептот и леснотијата со која Ирена ни го пренесе, направи да ги согледам нештата од аспект кој ми беше сокриен,туѓ. Новата перспектива ме мотивираше да превземам акција, да се стремам да ги постигнам целите што ми изгледаа, далечни или неостварливи. Ме научи дека сите перспективи можат да бидат мои.
Не бев свесна колку навистина ми треба.
Исходот е огромен и позитивен.
Дечки, шампиони сте!
Ви благодарам за прекрасните 3 дена со вас!
Со обуките за “Напредни комуникаторски вештини” и “Points of you” нурнав длабоко во себе, излегов од сопствените чевли и погледнав од друга перспектива….Ја растегнав сликата за се околу мене! Сега поинаку гледам на светот!
Ирена- ти си мојот “комуникаторски” гуру!
Благодарам!
Обуките се местото каде се чувстувам своја на своето, било од која страна и да се наоѓам, јас уживам! Концептот на доживотно учење е мој начин на живот. И кога ќе се најдете на обука организирана и водена од две прекрасни дами, Ирена и Зорица, кои несебично, искрено и посветено го делеа своето професионално и лично искуство, знаете дека сте побогати за уште едно искуство плус и сте направиле одличен избор. Задоволството беше уште поголемо со енергијата што ја внесоа сите останати учеснички во самата обука, секоја на свој уникатен начин.Ирена- ти си мојот “комуникаторски” гуру!
Благодарам!
Одлично поминато време! Едукативно и забавно!
Ви блaгодарам за новите дози инспирација на патот кон тоа – како да бидеме подобри и поуспешни.
“Kod Inspirit Coaching-a sam slijedila vec nekoliko treninga: “Uticajni komunikator”, “Zensko liderstvo” i “Javni nastup” i planiram da slijedim i par predstojecih a od srca i toplo preporucujem organizaciju koja zraci profesionalnoscu, srdacnoscu i izuzetnom brigom za klijente”.
„ Прекрасно искуство кое ми помогна да го откријам тоа што веќе го имав длабоко скриено во себе. Ирена и Коста, предавачи со богато искуство кое несебично го пренесуваа, нивните знаења, техники и вештини ми помогнаа да го победам стравот и со самодоверба да зачекорам на сцена. Топло ја препорачувам на сите!“