Работилница: Ти си таа, малата | Трета група

Летото може да не’ потсеќа на летните распусти, веселото трчање и уживање на сонцето, контактот со себе… кога бевме мали девојчиња…

Летото е одлично време за повторно да стапиме во контакт со тие делови од нашата психа – девојчето, девојката!

Нежна, замислена, игрива, непослушна, мирна, среќна, тажна…

Таа живее во нас како енергија и емоција и управува со голем број ситуации во нашиот возрасен живот.

– Ако имаш некоја тага што ја носиш, а немаш логично објаснување за неа

– Ако ти се случува да застанеш на сред започнување некој поголем зафат (проект), да се почувствуваш малечка и да се откажеш

– Ако често се чувствуваш сама, невидлива

– Ако правиш повеќе од тоа што е доволно

– Ако се воздржуваш од некои чекори за да не бидеш терет или да ги засениш другите

– Ако често губиш самодоверба

И ред други ситуации што те спречуваат да успеваш, да си среќна и исполнета…

Оваа работилница ќе биде голем исчекор за тоа да се смени.

Ќе го запознаеме поимот од психологијата наречен „внатрешно дете“, ќе научиме за семејните динамики (социолошки и енергетски), ќе се сретнеш со твоето внатрешно девојче, ќе научиме техники и пристапи да ја вклопиш во себе… и заедно да продолжите посилни, поцелосни, посреќни.

 

Работилницата ја води Ирена Јакимова, со примена на неколку светски методи и лични техники и искуства.

Гости:
– проф. Кате Трајкова, психолог;
Верица Огњанова со групна реики (енергетска) вежба за групата.

 

Датум

Авг 27 2022
Expired!

Време

10:00 am - 5:00 pm

Локација

Куќа на Водно, Скопје
Категорија
Дознај повеќе

Категории

Сподели мислење

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.