Летото може да не’ потсеќа на летните распусти, веселото трчање и уживање на сонцето, контактот со себе... кога бевме мали девојчиња...

Летото е одлично време за повторно да стапиме во контакт со тие делови од нашата психа - девојчето, девојката!

Нежна, замислена, игрива, непослушна, мирна, среќна, тажна...

Таа живее во нас како енергија и емоција и управува со голем број ситуации во нашиот возрасен живот.

- Ако имаш некоја тага што ја носиш, а немаш логично објаснување за неа

- Ако ти се случува да застанеш на сред започнување некој поголем зафат (проект), да се почувствуваш малечка и да се откажеш

- Ако често се чувствуваш сама, невидлива

- Ако правиш повеќе од тоа што е доволно

- Ако се воздржуваш од некои чекори за да не бидеш терет или да ги засениш другите

- Ако често губиш самодоверба

И ред други ситуации што те спречуваат да успеваш, да си среќна и исполнета...

Оваа работилница ќе биде голем исчекор за тоа да се смени.

Ќе го запознаеме поимот од психологијата наречен „внатрешно дете“, ќе научиме за семејните динамики (социолошки и енергетски), ќе се сретнеш со твоето внатрешно девојче, ќе научиме техники и пристапи да ја вклопиш во себе... и заедно да продолжите посилни, поцелосни, посреќни.

Кои се придобивките од обуката ТИ СИ ТАА?

      • осознавање на личниот потенцијал, што се’ уште можам и на кој начин
        • поголема самодоверба во сè што правам;
          • намалување на чувството дека сум премногу млада, премногу стара или не сум доволно експерт за да го направам она што го сакам;
            • препознавање на внатрешни мисловни и емоционални процеси и трансформација во внатрешни извори на поддршка и лично водство  (self-coaching);
              • препознавање, прифаќање и одговор на стравот што го ограничува мојот напредокот, моите успеси (што и да значи тоа за мене);
                • намалување на само-саботажата, препознавање на обрасците на однесување со кои се ограничуваме и спречуваме себеси;
                  • намалување на чувството на зависност од мислењето на другите луѓе и полесно соочување со критиките што доаѓаат кога правиме нешто важно или иновативно;
                    • полесна комуникација и изразување на себеси и сопственото мислење 

                      со почит кон другите, а пред се’, кон себе;

                      • преземање мали, ама похрабри акции;
                        • одржување долгорочни акции за да се стигне до сопствените цели, до она што се сака;
                          • усогласување на моите улоги (грижата за други и остварување на моите соништа);
                            • време за дружење со себе, полнење батерии 🙂
                              • дружење со група жени со огромна поддршка;

                              ОДЕЊЕ НАПРЕД И ПОКРАЈ СОМНЕЖИТЕ, СТРАВОТ и ЧУВСТВОТО НА ВИНА!

                              Обуката ТИ СИ ТАА создава поголема мотивација и здрава самодоверба кај жените за надминување на потсвесните сомневања и придвижување кон постигнување на поголем успех. Програмата ги надмина моите очекувања. Од неа најмногу корист би имале жени полни со идеи, но им е потребен стимул за да ја победат срамежливоста и колебливоста.

                              Теодора Николова

                              Преку обуката добив корисно поминато време и убава енергија со прекрасни жени, подготвени за промени, креативност и дополнителна работа на себе.

                              Од ТИ СИ ТАА корист ќе има секоја жена која сака дап омине малку повеќе време со себе и за себе.

                              Маја Андонова

                              Обуката ТИ СИ ТАА е прекрасно искуство, со инспиративна поддршка и споделување.

                              Ова е исклучителна обука преку која жените ја откриваат својата единственост и автентичност и дозволуваат нивната интуиција да ги води кон остварување на нивните цели.

                              Славица

                              Водство и поддршка од Ирена Јакимова

                              8 модули

                              – онлајн средби на ZOOM

                              Ексклузивна Facebook група

                              Бесплатни инфо-сесии

                              За оваа намена, организиравме за вас бесплатни инфо-сесии каде што ќе можете да се запознаете со содржината, придобивките, сите други технички прашања, како и да чуете искуства од претходни учеснички.

                               

                              Термини за бесплатна инфо-сесија:

                              четврток
                              11 февруари од 10:00-10:30 часот


                              понеделник
                              15 февруари од 10:00-10:30 часот и 19:00-19:30 часот

                              вторник
                              16 февруари од 19:00-19:30 часот

                              среда
                              3 март од 18:30-19:30 часот

                               

                              Се гледаме на ZOOM:

                              https://us02web.zoom.us/j/81651432136

                              Meeting ID: 816 5143 2136

                              Обуката можете да ја купите со еднократна уплата или на три месечни рати по цена од:

                                5.900 денари

                              Oвозможуваме и дополнителен попуст од 10% за 3 и повеќе учеснички од иста компанија, здружение или група пријателки што ќе се пријават и уплатат одеднаш.

                              Секоја дама која ќе се пријави и учествува на оваа обука добива и подарок (сет за патување од врвна француска козметика) како на сликата :

                              „Верувај во себе, но не верувај на сè што ќе помислиш за себе. Твоите копнежи не се појавиле случајно кај тебе. ТИ СИ ТАА што може да ги реализира.“

                              Имате дополнителни прашања?

                              За какви било прашања, слободно пишете на contact@inspirit.mk, јавете се на
                              078/289-466 или пополнете ја контакт формата во продолжение.
                              Побарајте понуда за ваква обука скроена наменски за вашата компанија!