Прекрасна жено, храбра, посветена, умна, достоинствена, креативна, добронамерна, одговорна, позитивна, силна. Ти, којашто сакаш, помагаш, организираш, создаваш, поддржуваш, негуваш, пружаш љубов, поддршка, помош, знаење или водство….
Време е да зачекориш во една уште поубава верзија од себе. Чекор понапред или два. Да ги оттргнеш своите сомнежи, внатрешни граници и блокади, да го растеретиш товарот на совршенството, да не бегаш од налетот на емоции, да говориш уште појасно, со љубов и почит, кон другите, но и кон себе…
Време е да се залагаш за себе уште повеќе. Да се поддржиш себеси, да си дозволиш да ги живееш своите соништа, да си дозволиш грижа за себе, фокус, план, јаснотија и поддршка. Да научиш да не одложуваш, да научиш да бараш и примаш помош, да создадеш нов систем на мисли, верувања, емоции и одлуки, постапки во мали чекори.
Оваа обука ја креирав пред некоја година и до сега поминале низ неа преку 160 жени, било да е тоа во отворени групи или во нивната организација.
Во неа се содржани водечки светски пристапи и техники за личен и професионален развој на жени за да го достигнат својот потенцијал за којшто, можеби, не се ни свесни.
Со примена на методи од позитивна психологија, НЛП, познавање на енергијата, менаџерски и други пристапи – креираме заедно нова верзија од тебе.
Зашто, ТИ СИ ТАА, нема друга како тебе.
Што ќе добиеш ако бидеш дел од оваа обука?
променет начин на размислување преку нови знаења од водечки светски методологии
поголемо разбирање, почитување, прифаќање и сакање на себе
смалена критичност, перфекционизам, одлагање, страв од почнување нешто ново, страв од промени
техники што ќе ти помогнат да се справиш со своите емоции (стравот, срамот, неодлучноста)
техники како да почнеш нешто ново со мали, проверени чекори
нови разбирања за разликите меѓу женската и машката енергија
методи да креираш места за водство и поддршка внатре во себе
пристапи како да креираш синергија меѓу различни сфери од твојот живот
сознание и дозвола да почнеш да го живееш твојот длабок повик, мисија
зголемена креативност, опуштеност, организираност, радост
Како:
8 групни онлајн средби/часови
од 90 минути
Каде:
на ZOOM платформата, Facebook група и на мејл
Кога:
Секој ЧЕТВРТОК од 19:00-20:30 часот, со времетраење од осум недели, почнувајќи од 27 април 2023
Сега е твоето време да зачекориш кон ТАА што имаш потенцијал да бидеш, ТАА што навистина си, а до сега си се спречувала, сомневала, одложувала…

Имате можност да застанете, да се погледнете себеси, своите желби, планови, досегашни чувства, своите дејствија и да го почувствувате својот потенцијал, својата женска креативна енергија.
Имате можност да си дадете дозвола да бидете несовршени, да грешите и да успевате, да живеете со креативност.
Што е она што можете, што сакате, што ве довикува, а вие сте го замолчувале до сега?
Што е она што можете?
Ова е програма за жените да разберат зошто и како се сокриваат себеси.
Ако некогаш сте помислиле:
„Која сум јас да….?“
Одговорот е: ТИ СИ ТАА!
Ти си таа што можеш да направиш повеќе, да бидеш повеќе, да оствариш барем еден нов чекор кон твоите соништа.
Ти си таа што може да си ја стави себеси најголемата забрана и да си ја даде најголемата дозвола за напредок.

За кого е корисна оваа програма?
Кои учеснички до сега успешно поминале низ оваа програма кај нас и имале резултати што ги споделиле со нас:
За жени од сите возрасти и професии, сопственички на бизнис, менаџерки, уметници, занаетчии, едукатори, вработени во компании, студентки, самовработени, невработени, учеснички во јавниот живот…
Агенда
„Која е твојата приказна“
Нашите мисли, верувања, внатрешниот говор и критичар
„Емоциите како тесна или комотна облека“
Нашиот однос со емоциите, промена на односот со стравот
„Внатре имаш се’ што ти треба“
Kреираме внатрешни ресурси и техники за поддршка на себе
„Саботажа од внатре и од надвор“
Како самите се саботираме и смалуваме, како да се ослободиме од туѓите мислења и влијанија
„Магичната Фемина“
Женската енергија и нашиот потенцијал, односот со примањето, имањето и манифестирањето во реален свет
„Магични чекори и магични зборови“
Моќта на малите акции и на моќната, достоинствена комуникација
„Која сум јас?“
Ти си таа, создадена за твојата визија, мисија и повик. Како да креираме живот и релации какви што сонуваме
08.06
„Земи го својот сон во свои раце“
Креативна работилница за личната визија за 2023
Бесплатна промо сесија
Инспиративна и информативна сесија за обуката ТИ СИ ТАА. Зошто е важен и за што ни користи личниот развој? Како го користиме за да добиеме поинакви резултати, релации и емоции во животот?
Сите содржински и технички прашања за обуката.
ТЕРМИН
Среда, 26. април од 18:00-19:00 часот, на Zoom.
Линк за приклучување: https://us02web.zoom.us/j/8431423659
За дополнителни информации пишете на: contact@inspirit.mk.
Колку чини обуката
ТИ СИ ТАА?
ТИ СИ ТАА
еднократна уплата5,900.00ден
- водство и поддршка од Ирена Јакимова
- 8 модули
- работни листови
- домашни задачи за работа на себе
- 8 онлајн средби/часови од 90 минути
- ФБ група само за учесничките на обуката
ТИ СИ ТАА - Рати
три месечни рати- водство и поддршка од Ирена Јакимова
- 8 модули
- работни листови
- домашни задачи за работа на себе
- 8 онлајн средби/часови од 90 минути
- ФБ група само за учесничките на обуката
Oвозможуваме дополнителен попуст од 10% за 3 и повеќе учеснички од иста компанија, здружение или група пријателки што ќе се пријават и уплатат одеднаш.
„Верувај во себе, но не верувај на сè што ќе помислиш за себе.
Твоите копнежи не се појавиле случајно кај тебе.
