Време е да зачекориш во една уште поубава верзија од себе. Чекор понапред или два. Да ги оттргнеш своите сомнежи, внатрешни граници и блокади, да го растеретиш товарот на совршенството, да не бегаш од налетот на емоции, да говориш уште појасно, со љубов и почит, кон другите, но и кон себе…
Време е да се залагаш за себе уште повеќе. Да се поддржиш себеси, да си дозволиш да ги живееш своите соништа, да си дозволиш грижа за себе, фокус, план, јаснотија и поддршка. Да научиш да не одложуваш, да научиш да бараш и примаш помош, да создадеш нов систем на мисли, верувања, емоции и одлуки, постапки во мали чекори.
Во неа се содржани водечки светски пристапи и техники за личен и професионален развој на жени за да го достигнат својот потенцијал за којшто, можеби, не се ни свесни.
Со примена на методи од позитивна психологија, НЛП, познавање на енергијата, менаџерски и други пристапи – креираме заедно нова верзија од тебе.
Зашто, ТИ СИ ТАА, нема друга како тебе.
Што ќе добиеш ако бидеш дел од оваа обука?
поголемо разбирање, почитување, прифаќање и сакање на себе
смалена критичност, перфекционизам, одлагање, страв од почнување нешто ново, страв од промени
техники што ќе ти помогнат да се справиш со своите емоции (стравот, срамот, неодлучноста)
техники како да почнеш нешто ново со мали, проверени чекори
нови разбирања за разликите меѓу женската и машката енергија
методи да креираш места за водство и поддршка внатре во себе
пристапи како да креираш синергија меѓу различни сфери од твојот живот
сознание и дозвола да почнеш да го живееш твојот длабок повик, мисија
зголемена креативност, опуштеност, организираност, радост
Како:
8 онлајн средби/часови од 90 минути
Каде:
на ZOOM платформата
Кога:
Секој ЧЕТВРТОК од 19:00-20:30 часот, со времетраење од осум недели, почнувајќи од 27 април 2023
Сега е твоето време да зачекориш кон ТАА што имаш потенцијал да бидеш, ТАА што навистина си, а до сега си се спречувала, сомневала, одложувала…

Имате можност да застанете, да се погледнете себеси, своите желби, планови, досегашни чувства, своите дејствија и да го почувствувате својот потенцијал, својата женска креативна енергија.
Што е она што можете, што сакате, што ве довикува, а вие сте го замолчувале до сега?
Што е она што можете?
Ова е програма за жените да разберат зошто и како се сокриваат себеси.
Ако некогаш сте помислиле:
„Која сум јас да….?“
Одговорот е: ТИ СИ ТАА!
Ти си таа што може да си ја стави себеси најголемата забрана и да си ја даде најголемата дозвола за напредок.

За кого е корисна оваа програма?
Кои учеснички до сега успешно поминале низ оваа програма кај нас и имале резултати што ги споделиле со нас:
Агенда
„Која е твојата приказна“
„Емоциите како тесна или комотна облека“
„Внатре имаш се’ што ти треба“
„Саботажа од внатре и од надвор“
„Магичната Фемина“
„Магични чекори и магични зборови“
„Која сум јас?“
12.12
„Земи го својот сон во свои раце“

Стани дел од ТИ СИ ТАА денес.
Early Bird понуда до 7 октомври!
4,900 денари
27 септември – 7 октомври 2023
Бесплатна промо сесија
Инспиративна и информативна сесија за обуката ТИ СИ ТАА. Зошто е важен и за што ни користи личниот развој? Како го користиме за да добиеме поинакви резултати, релации и емоции во животот?
Сите содржински и технички прашања за обуката.
ТЕРМИН
Четврток, 5 октомври од 19:00 – 20:00 часот, на Zoom.
За линк за најава и дополнителни информации пишете на: contact@inspirit.mk.
Колку чини обуката
ТИ СИ ТАА?
ТИ СИ ТАА - Рати
три месечни рати2,200.00ден
- водство и поддршка од Ирена Јакимова
- 8 модули
- работни листови
- домашни задачи за работа на себе
- 8 онлајн средби/часови од 90 минути
- ФБ група само за учесничките на обуката
ТИ СИ ТАА - РАНА УПЛАТА
еднократна уплата- водство и поддршка од Ирена Јакимова
- 8 модули
- работни листови
- домашни задачи за работа на себе
- 8 онлајн средби/часови од 90 минути
- ФБ група само за учесничките на обуката
„Верувај во себе, но не верувај на сè што ќе помислиш за себе.
Твоите копнежи не се појавиле случајно кај тебе.
