ТИ СИ ТАА

За настанот

Кога

17 и 18 декември 2022

(сабота од 10:00 – недела до 13:00)

 

Цена

Билетот за овој настан изнесува 8,900МКД.

За рана уплата до 05.12. посебна цена од 7,900МКД.

Пишете ни ако имате потреба за плаќање на 2 рати.

 

Пријави се

Учени сме да брзаме, да правиме, и уште повеќе да запнеме... Учени сме да туркаме сами, да молчиме и само да преземаме на свој грб, да сме насмејани и само успесите да ги покажуваме...

Правиме списоци, дневни to-do листи, трчаме, пишуваме... често не сме задоволни од себе, не сме ниту свесни колку сме постигнале. Колку сме завршиле, колку сме дале за сите (време, енергија, внимание), а ни се случува да заборавиме КОЈА сме станале?

Само кога ќе застанеме, одмориме и посветиме време и внимание на тоа КОЈА сакаме и можеме да бидеме, тогаш ќе започнат да се „одзатнуваат“ каналите, да оди се’ полесно, да биде поинакво,
да имаме друго чувство и – да штиклираме уште повеќе посакувани, а не задолжителни цели.

Од МОРАМ кон САКАМ – тоа е целта на овој наш семинар.

Да освестиме каде сме, што не’ спречува, да направиме нови желби, цели, планови, оние што доаѓаат од нашата длабока природа, оние што доаѓаат од иднината, оние што доаѓаат од нашиот потенцијал.

 

  • Креирајте од својата женска енергија
  • Направете пат за пробив низ блокадите што ве држат на одредено место
  • Активирајте го својот внатрешен систем за навигација
  • Побарајте и привлечете ја поддршката што ви треба
  • Раширете го своето светло
  • Засилете ја моќта да ги инспирирате и другите околу вас

За крај на годината, организирав настан на којшто ќе го добиете следново:

Запознавање и зближување со себеси преку вежби

Креирање на нова визија и верзија од себе преку вежби и личен дневник

Индивидуални совети, насоки, коучинг

 Водечки техники за личен развој на жени и за остварување на своите цели

Запознавање или дружење со други феноменални жени кои се на својот развоен пат

Одмор, нега, релаксација, време и грижа за себе

Единствено ако си посветиме посебно време, се повлечеме (retreat) од секојдневните обврски, мисли, задачи, информации и секојдневни програми и обрасци – ние ќе можеме да осетиме каде сме заглавени, што можеме и сакаме и како да одиме напред.

 
Бидете на овој настан за да се видите, наградите и поведете себеси напред.
 
На женски начин.

Агенда

Сабота, 17 декември 2022

10:00 – 14:00 ч.

Пречек со кафе и освежување, запознавање и 2 сесии со пауза

Вовед, преглед на годината, тема: каде сакам да одам и со кои ресурси одам напред

14:00 – 15:00 ч.

Ручек

15:00 – 17:30 ч.

Одмор, базен, спа

17:30-20:00 ч.

Втор дел работилница

Јас на преминот од оваа во наредната година, техники за поставување желби и цели преку личен развој со женската енергија

20:00-21:00 ч.

Вечера

21:00-22:30 ч.

Креативна работилница

Визуелен колаж на нашата визија и прослава

Недела, 18 декември 2022

до 9:30 ч.

Појадок

09:30 – 11:00 ч.

Завршна сесија, индивидуални планови

11:00 – 13:00 ч.

Базен и спа

(можност за договарање според потребите и динамиката на групата)

Дозволи ѝ на твојата идна верзија да те сретне на убаво место во вистинскиот момент!

Цена:

7,900.00ден

Што е вклучено

2-дневен настан воден од Ирена Јакимова.

E

Полн пансион во двокреветни соби*

*Можност за еднокреветна соба со доплата.

E

Кафе паузи

E

Работни материјали

E

Користење базен и спа

E

Превоз:

дополнителна понуда за организиран превоз.

E

Рок за пријавување:

Рок за пријавување: 12.12.2022 

За рана уплата до 05.12. посебна цена од 7.900 денари.

Имате прашања?

Доколку сте заинтересирани, за подетална агенда и за сите прашања, пишете ни на contact@inspirit.mk .

За Ирена Јакимова

Дозволете да ви помогнам да добиете знаења и поддршка што ќе Ве одведат до нови резултати во Вашиот живот, во бизнисот или професијата.

Дознај повеќе

Retreat ТИ СИ ТАА 2022

7,900.00ден

Категорија: Тагови: , ,
Попуст!